1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Феноменална серија според мене, со одлични критики. Се емитува моментално втората сезона.
    Полицаецот Рик се буди од кома и сфаќа дека повеќе ништо не е исто. Светот нападнат од зомби. Секој што ќе биде гризнат од зомби, се претвара во зомби. Околу него нема преживеани, а тој со надеж тргнува во потрага по неговата жена и син. Наоѓа мала група преживеани и сите заедно се обидуваат да преживеат.
    Вака раскажана приказната е многу некреативна и досадна ама вреди да се погледне.
    На IMBD има оцена од 8.7, а и секаде има високи рејтинзи.

    Според некои серијава е "спора". Нема многу динамични пресврти, на некои им е гадна (а и реално ако немаш асален желудник, не гледај :) ) јас мислам дека има одлична глума, многу емоции.
    Високо буџетна и квалитетна серија. Не е од оние лимонатки за тепање време

    [​IMG]
    [​IMG]

    Инаку е од режисерот на "The Shawshank Redemption" и "The Green Mile". Една од главните улоги ја има Сара од Призн Брејк :)
    Првата сезона имаше 6 епизоди, 2рава сеозна е во тек, моментално е на пауза, има 7 епизоди, а 8ма продолжува во фебруари.

    Не ми се веуваше во последнава епизода дека
    девојчето ќе биде зомби :(

    Има некој што ја гледа?
     
    На Legadema, unknowngirl1010 и Freckles им се допаѓа ова.
  2. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Јас ја гледам серијава, нешто како зависник од серии сум (американски најчесто) :), еден куп серии пратам истовремено, оваа е една од нив, првата сезона беше ОК, точно е дека не е за некој со слаб желудник :), инаку јас сум до 4та епизода од новата сезона вечерва најверојатно ке ги догледам останатите
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    На кој канал ја гледате?,и има ли од каде да се сметне сакам да ја гледам првата сезона.
     
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас ја симнувам, ја има на сите торент сајтови.
    Утре после долгата пауза продолжува втората сезона. Едвај чекам
     
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам серијава и баш ми остави добар впечаток. Прво бев скептична дека залудно ќе го потрошам времето, ама со дечко ми склучивме пакт :D ако првите 2-3 епизоди се добри ќе продолжиме да ја гледаме ако не ништо.. Денес после толку чекање излезена е новата епизода од втората сезона, па сега ќе чекаме торент :)
     
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Значи имам едно прашање ... Дали се излезени до сега
    2те сезони или 2рава уште ја средуваат-снимаат??
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.332
    јас ја изгледав 13, финалната епизода од вторава полу сезона.
    Не стои кога е наредната епизода :(
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300

    Многуу благодарам здравје од следната недела да почнам да го гледам ;)
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Јас почнав да ја гледам серијава, сега сум на трета епизода прва сезона :) Има некои " гадни" моменти но не е дотолку гадни, дефенитивно ке продолжам да ја гледам :hug: :up: :up:
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Изгледав до кога ја напуштија таа посебната установа каде мислеа дека ке најдат лек .... но тоа остана без бензин ,.... ,
    незнам некако не ме прими ама ич не ме заинтрегира серијалов и го гледав за да тепам време на посао посхто еден колега го имаше тука... но тоа е !!
    ***Страње у боја ми се ова Зомбињава ... мнн ми се забавни како ги нашминкале и плус тоа УСА приказна како тие се најборбени и нај спремни ме убива у поим ...
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Kога излегува трета сезона? :?:
     
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    октомври 14 2012
    мажот ми е луд по серијава,а и јас имам гледано неколку епизоди и не е лоша
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    He ми беше лоша првава епизода од трета сезона,абе јас мислев црнецот умре :^)
    Jас не знам што го чуваат уште,кога ниту прави нешто ниту кажува нешто :D
    A сега овај стариов што го касна зомбито,му ја пресекоа нели ногата,значи ке стане зомби или не? :wasntme:
    Oти имам чуство дека оваа Kерол му се пушта на Дерил? :D

    Kој друг ја гледа серијава,да ми прави друштво? :rofl:
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    ^ Да ми завршат колоквиумиве неделава, и јас ќе ја почнам да ја гледам, одамна и се спремам, па ќе ти правам друштво. :)

    Само едно прашање, колку епизоди има до сега? И колку време трае една епизода?
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.332
    јас кревам два прста :$

    и мене со сечењето на ногата ми беше чудно. Цело време мислев дека со апнување заразата автоматски се шири низ цело тело, преку крвта. Али да беше така претпоставувам дека немаше да мине стариот низ целиот тој стрес и болка со сечењето, вака добивам впечаток дека имаа надеж дека заразата ќе престане да се шири.
    Инаку супер почеток, сега со некој нов лик плус и нови збиднувања во затворот ќе се придвижат работите.
    Никако не ми испаѓа од глава он што рече дека сите се носители на вирусот, детево кога ќе се роди може ќе биде ,, посебно,, па ќе извадат некоја вакцина хахах. си снимам филмови и јас

    инаку досега има 6 плус 13 плус 1 епизода.
    ОД третата сезона излезена е само првата. Инаку траат стандард...мислам околу 40 минути
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Затвор полн со зомбиња е одлично место да отидеш со фамилијата да родиш дете и да живееш :lol:

    Како гледам понатаму , само ми потврдува како живите се пострашни него зомбињата ....

    Би било убаво да покажат како всушност дошло до тоа да сите се носители на вирусот , дали некој експерментирал па отишло па избегал вирусот надвор или како ? ....

    Имаше бонус епизоди , ако се сеќавате на најпрвото зомби што беше убиено од страна на полицаецот , тоа на пола што се влечеше .... епа има се вика The Walking Dead: Torn Apart и има 6 епизоди ....
    (sekoja od bonus epizodite trae po 3 min)
    Исто има и бонус епизоди за двајца луге кој се на Кровот на Аталанта и се вика
    The Walking Dead: Cold Storage и има 4 епизоди ....

    Не сум ги гледал и незнам дали се нешто посебно

    А од овие карактерите

    Моите омилени се Полицаецот и Дерил (тој со стрелите што ги коси сите) ....и се надевам нема да починат до крајот на серијата .... и заборавив Pizza-delivery guy кој со иљадници зомбиња на километар квадратен а он води љубов со женска му :devil:

    А пак жената заедно со детето дебил на полицаецот (какви глупости правеа двајцата у втора сезона ич не ги сакам) да станат зомбиња и да добијат секира у главата

    Штета што умреа ликови кој не требаше , а преживеаа ликови кој требаше да станат зомбиња ама тоа е ....

    И тој градоначалникот сигурно некој психопат избеган од затвор или некој научник кој го создал вирусот , чим толку се крие и чува мртвачки глави во аквариум дома

    Само едно не ми е јасно
    На пример зашто не тргнат во Washington или Pentagon или било некоја од тие големи воени администрации ... мислам не е можно да преживеале иљадници луге кој по цел ден се шлаеле на работа и високо тренирани маринци кој цел живот само убиваат

    И дали е цел свет или само Америка? ,бидејќи не видов некој некаде да кажува дека насекаде е
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Грешка мислев иљадници обични граѓани преживеале а високо тренирани маринци станале зомбиња ...


    Иначе ги гледав и мини сериите , интересни се и вреди да се погледне
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    ^Кај ги гледаше мини сериите? :) Најдов на YT дали се овие?
    http://www.youtube.com/channel/SW_--YtM8FWRk

    Јас ги имам изгледано сите епизоди и од третава сезона.
    Четвртата епизода :(
    Тажно заврши. Бебенцето се роди но Лори не преживеа. Карл ја утепа.
    И не ми е јасно зошто не можеше да се спаси Лори? Ти Дог и тој умре. Уште Керол да видиме, таа сигурно е жива.
    Во секој случај голем пресврт во оваа сезона, многу работи се случуваат за краток период. Малку на почетокот ги влечеа работите, сега се' е само во акција. На 11-ти нова епизода ќе има. Се надевам дека ќе има и четврта сезона. И се согласувам дека многу добри ликови умреа, но тоа е. :(
    На најавната шпица ги имаше Рик, Шејн и Лори, а сега само Рик е жив. Значи би требало само тој да е во главната улога, останативе рандом.
    Многу ми се интересни Меги и Глен, а Дерил ми е омилен лик. Се надевам и него ќе го остават жив до крајот на серијата. А ќе видиме и со Андреа што ќе биде.
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Да тие се ама тоа е само првата епизода од 6те од првиот циклус , во вториот има уште 4 епизоди по 3 мин...



    А за Четвртата епизода
    Лори мислам дека не е мртва , синот мислам дека беше премногу уплашен и му беше жал сопствената мајка да си ја утепа ... вајда ќе ја гледаме како зомби од следната епизода :^)
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    ^ Ги изгледав од првиот циклус, од вториот никако не можам на YT да ги најдам. Просветли ме :) :)

    И за Лори:
    Зошто не го преживеа пораѓајот, тоа не ми е јасно? Меги фати со нож ја исече, зарем не можеше природно да се породи? Или нешто сум пропуштила. Ако биде зомби што фајде :?:
    Нели навратија Рик кога му кажуваше на Карл дека еден ден сите ќе умрат, и тој и мајка му... веројатно беше заради тоа дека Карл ја уби својата мајка... но ќе видиме.