1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    И оваа епизода ми беше досадна, никаква акција ништо. Покажааа колку стварно е психопат Ниган..
    Кутриот Дерил, кој знае како ќе се извади од ова...
     
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.830
    Кога сите лево, јас десно :D

    Што знам, мене ми и оваа епизода беше интересна.
    Се гледа на каде нештата ќе се развиваат. На оној на Ниган советникот (не ми текнува на името во моментов) што Ниган му ја зеде жената, се гледа како самиот се соочува со незадоволство и хаос, омекнува полека и уверена сум дека ќе ја одигра клучната улога за Дерил да се спаси, ќе му помогне, а и самиот ќе се сврти кон Ниган на крај.

    И се надевам наскоро ќе почнат да се разбрануваат страстите, оти овој Ниган ептен ми е антипатичен.
    Арно кажаа бившиот пријател на Ниганов "советник", оној кога тој го застрела одзади (и за тоа мислам дека беше со најдобри намери, ако може така да се нарече, бидејќи знаеше самиот колку кутриот ќе настрада и претрпи кога ќе се врати како одбегнатиот, па подобро овака да му ги скрати маките), дека Ниган се појави со арогантен став и жичана палка и сите се уплашија и му се поклонуваа, верувајќи дека нема подобро.
     
    На Elen4e89, LollySky, JollyGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Само мене ми остана во глава песнава? :dance: :dance: :dance:
    Најлошо што може да те казни некој е вака...постојано и постојано и постојано една иста песна да ти пушта, в крај и не можеш да се спасиш....
     
    На rhcpfan, Elen4e89, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.949
    Допаѓања:
    14.006
    Пол:
    Женски
    Лелееее, песнава, нееееее, таман ја заборавив :rofl:
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ќути од глава цела недела не ми излезе и таман заборавив ете го брат ми ми ја спомна :rofl: па да не патам само јас, на сите нека ви се врти низ глава :lol:
     
    На 1209 и LollySky им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.074
    Допаѓања:
    40.066
    Пол:
    Женски
    Значи малку е безвеза тоа дека не можат да се ораганизираат и да го срамнат Ниган со земја. Мислам не е бесмртен побогу, еден куршум у глава ќе заврши работа. Ама не нема да е толку драматично. Епизодите ми се малку досадни морам да признаам, само Ниган, Ниган, тоа па тоа, се мава натаму наваму, не прави ништо само наредува, физички мислам дека нема сила туку е психопат кој со манипулирање успеава да го прави тоа што го прави. Нарцисоиден и безличен. Не ми е ни некој јак лик, очекував дека ќе биде поинтересен искрено. Мех.
     
    На Sky-butterfly и LollySky им се допаѓа ова.
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    За разлика предходните две епизоди, оваа ми беше колку толку подобра. Заборавам дека Глен е мртов и само си чекам да се појави од некаде ;(;(;(
    Џефри и неговата харизма не ми дозволува да го мразам Ниган како што би требало. Знам дека Рик во моментот е скршен и преплашен дека ќе изгуби уште некој, ама Карл, Росита, Мишон испаднааа похрабри и посилни од него. Сепак не сакаат да се откажат во потполност.Како и да е малку ми е глупаво што скоро се им земаа, што ќе прават после, што ќе се случува?
    Едвај чекам наредна,конечно Jesus ! Ми делува како ептен интересен лик :inlove:
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Малце го тупат со ова постојана да не кажам кастрација на ликовите. Да знаеме дека Ниган е подобар и дека е главниот , немора да ги понижува на секој чекор и секоја минута од епизодата ....

    Отприлика исто се случува и во стриповите, само што во стриповите наместо Дерил синот на Рик е тој што го држат во тој затворот.

    Али ако мислите дека Ниган е лош , чекајте да ја видите групата што ќе дојде после него. Шепкачите мислам дека им е преводот на Македонски. Тие се мрднати.



    Инаку ако ве интересира , ќе ви опишам во стриповите што се случува следно. Иако не верувам дека ќе се случува све според стриповите, бидејќи таму на пример Морган и Карол умираат уште во 2-3 сезона а Андреја живее до 10 сезона и се заљубува во Рик.

    Во кратки црти, Маги во Хилтоп ќе организира група , Езикио ќе организира група, Рик ќе организира група и заедно сите ќе се борат против Неган. Прво ќе се обидат да го убијат кога ќе дојде пак во Александрија да собира данокот, али ќе го потценат и ќе преживее. После ќе идат да се тепаат во затворот па низ еден куп други места. Тешка ќе биде војната бидејќи Ниган има стварно повеќе ресурси, и на крај све ќе се сведе на тоа Двајт или како и да се вика тој десната рака на Неган што му ја има изгорено фацата ќе го предаде. Ниган нема да го убијат туку Рик ќе го стави во келијата што ја има направено Морган. И така следната сезона почнува 2 год подоцна кога сите 4 големи групи се сакаат меѓусебно и владее мир и спокој. Се додека не дојдат шепкачите.
    А да и во стриповите JESUS е педер. Хахахахахахахах
     
    На LollySky и 1209 им се допаѓа ова.
  9. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Голема можност е Jesus и во серијата да е геј,а исто и Дерил (бидејќи никогаш немаат спомнато за неговата сексуалност :D)и гледам дека голем дел од фановите очекуваат Дерил и Jesus да бидат пар :rofl::rofl::rofl:..Сега дали такво нешто навистина може да се случи или е претпоставка не знам,дури и самиот Норман го има зборувано ова и дека ако му направат ваква приказна на Дерил,тој е сосема за :D
     
    На Yipman2 и 1209 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.074
    Допаѓања:
    40.066
    Пол:
    Женски
    @Yipman2 ај уште еден спојлер и во него кажи ми кои се тие шепкачи и зошто се толку опасни плс :)
     
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.084
    Допаѓања:
    38.769
    Ај ако можеш, прати ми торент или зипувана верзија од сите стрипови.
    Фала.
     
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.949
    Допаѓања:
    14.006
    Пол:
    Женски
    Повторно добра епизода, стандардно добра, би рекла. Неган си ја обележува територијата, останативе полека си легнуваат на брашното.... Односно тој така мисли. Верувам дека Рик нема да се предаде туку така, едноставно чека подобар момент и сака да избегне непотребни жртви во меѓувреме.
    Карл ми е право дете на апокалипсата. Очекувам Неган да го собере и него на превоспитување, иако не е тоа исклучено за понатаму.
    Веќе се расчистија и последните сомнежи чие е бебето :)

    Meне и не ми фали Глен многу. Ептен ќе беше cheesy и неавтентично да ги гледаме како хепи фемили во сред зомби апокалипса. Вака и даваат на Меги шанса да порасне, зацврсти, и стане прав лидер.
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.830
    Мене ми Рик делува ептен скршен, без икаква надеж ниту желба за промени во моментов.
    Мислам дека желба за борба против тиранијата на Ниган ќе дојде поттикната од некој друг.

    Еве на крајот кога Мишел отиде да види откаде доаѓа чадот и кога виде дека всушност Ниган и неговите сите работи што им беа собрале, всушност не им требале туку ги запалиле. Колку злоба. И таа беше ептен повредена.
    Иако претходно му кажа на Рик дека ќе се обиде да ја прифати ситуацијата таква каква што е, таа не е таква, таа не ја трпи неправдата, па после оваа сцена сигурно ќе врши притисок и на Рик и на останатите да се борат.

    Доста ми е од изживувањето на Ниган. Какви се тие што ги спомнувате, па уште полоши од овие, можно ли е да бидат поодвратни? :^) :worried:
     
    На rhcpfan и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас од тука ги читам сите.

    http://www.readcomics.tv/comic/the-walking-dead

    Еве ја страната, моментално серијата е на 103 издание односно кога Неган влага во градот.

    Само ти претпорачувам ако си заинтересирана да читаш да почнеш од почеток бидејќи има доста изменети карактери , приказната е таа истата, само некој што умрел , уште е жив а некој што е жив, треба да умре.... и така .


    Тие шепкачите се група која ги води една жена наречена Алфа (немаат имиња) , која верува дека сите луѓе се животни и така треба да се однесуваат. Тие ќе најдат некој мртов што е, ќе му ја исечат кожата и ќе ја носат, и ќе изгледаат исто како да се мртви. Ќе се движат на ист начин како зомбињата и ќе носат ножеви со себе, убивајќи го секој човек што ќе им влезе во територија (го гледаш како иде споро и наеднаш ти вади нож и те брца...) А шепкачи ги викаат така оти цело време шепкаат додека шетаат заедно со зомбињата наоколу.
    Јадат животни заедно со мртвите, шетаат наоколу и чуваат една голема хорда за во случај некој да ги закача ... истотака ако сакаат машките во групата можат да силуваат некоја девојка бидејќи така животните се однесувале.

    Е сега Рик погрешка ќе прати луѓе на нивна територија каде што ќе има конфликт голем и ќе се убиваат, Тука умира Езикио и Розита (бремена) , Ќе фатат едни од нивните , а тоа некое 16 год девојче, каде Карл ќе се упознае со нејзе и ќе се заљуби, и драми остало .....
    Истотака и Ниган ќе им помогне убивајќи ја алфата.
     
    Последна измена: 17 ноември 2016
    На Gosh, LollySky, rhcpfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Дерил не смееше да зборува, ама со трепкање на очите, со знаци, му кажа на Рик каде се наоѓа Ниган.
    Ако приметите поубаво ќе забележите една сцена кај што Дерил трепка со очите ко ненормален, а Рик го гледа.
    Сепак не знам од каква корист им е ако знаат каде е Ниган, случајно да не планираат да го нападнат? :^)
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.830
    Хаха, ќе ме натераш повторно да ја гледам епизодава за да видам каде Дерил трепкаше :D
    Мада, се нешто мислам, трепкаше од толкава коса што му оди во очите. :D
    Кога и да го видам, јас почнувам да трепкам, се прашувам оти барем не ја склони таа коса од очите, нели му смета :D
     
    На JollyGirl, 1209 и LollySky им се допаѓа ова.
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.949
    Допаѓања:
    14.006
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека Дерил со морзеов или не знам каков код му кажал на Рик во коj правец е кампот на Saviors. И jac мислев дека трепка од што му смета косата во очи. :D
     
    На JollyGirl, 1209, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не, не е од косата :) знаци им се тоа...И кога почна епизодата, кога ја прикажаа Александрија, на влезот на вратата (или на порта или кај Рик во соба, не ми текнува кај беше) имаше нешто пишано за морзеов код.
    Никогаш тоа не го прикажаа и баш сега го спомнаа, значи не е случајност :!:
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Па можам слободно да кажам дека оваа епизода беше најдобра до сега.
    Jesus,Меги и Саша - dream team.
    Мило ми е како сите го средија глупакот Грегори кој страшно ме иритираше.
    Добро ми дојде оваа епизода без жалењето на Рик кој сосема се откажа, додека овие се сеуште на нозе после се, посебно Меги. Плус немаат намера да седат си скрстени раце.
    Jesus - дефинитивно ми стана омилен значи толку е предобар, ептен срцкаст, несебичен, грижлив и ептен заштитнички настроен кон Меги и Саша +sexy badass :inlove:
    Добар тим ми се сите 3ца и дефинитивно треба да управуваат со Хилтоп.
    Искрено си плачев кога ги видпв балоните на гробот на Глен.;(:u:
    Сега секаде читам дека можеби Jesus ќе го спаси Дерил, и дека се од тука ќе почне ^_^:rofl:
     
    На Sky-butterfly и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Ishimaru

    Ishimaru Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Доста интересна епизода, факинг Грегори!