1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. Chuck-Bass

    Chuck-Bass Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    21
    http://kinox.to/ ..... тука ги има сите сезони.. јас вечерва ја гледав првата.... дали вреди да ја гледам понатаму ???? :)
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Да, да... Третава сезона е врвот. Не е лоша и втората. ;)
     
    На Chuck-Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да ја гледам серијава интересна е, малку морничава али според мене вреди да се гледа. Инаку ми е криво само што иако сега ја гледам првата сезона, имам видено сцени од другите сезони и ми е глупо што си имам правено спојлери |(
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Ме изнанади последнава епизода :)

    Без Лори а со мало дете плус во групава би требало да има некои промени во развојот на настаните.
    Треба да прогуглам дали типкава е стварно умрена и нема веќе да се појавува во серијава, или можеби ќе се појави од некаде во другите епизоди како зомби. Можеби и некои некои надежи за лек ќе се јават, ќе видиме детето што ќе донесе.
    Ми се допаѓа што внесуваат по некој нов лик, но не и по цена добри ликови да умираат.
    Ми се допаѓа кога има многу екшн и брз развој на настаните, во исчекување сум на наредната епизода.
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mногу рано бе ја тргнаа Лори,за црнецот веке време беше,онака не праеше нешто,само место им држеше :^)
    Mногу антипатичен лик ми е Kарл,ме иритира веке и без жал како ја упука мајка му...
    Oвај гувернеров нема лесно да ги пушти да заминат Aндреа и црнката,дури не дознае како ги контролираат зомбите и не разбрав зашто овај ги уби тие од војската (за гувернерот мислам).
     
  6. srcka2002

    srcka2002 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    16
    е баш ја почнав серијава, првата сезона викендов ја гледав, на ред е втората деновиве, ок е, ме бендисува, па ќе видам како ќе се одвива понатаму...малку ме потсеќа на resident evil, ма да ептен отупеа со филмот
     
  7. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Потсетува на било кој филм со зомбиња :D , но тука е малку подруга сторијата. Се прикажуваат и односите меѓу луѓето, опстанокот за живот, борба за храна, љубов, љубомора, гнев, борба и тн. Значи целосно се опишува животот на луѓето со зомбињата :D А овие па крај им нема, колку ги има. Се чудам само како имаат сила такви слаби да трчаат ваму-таму :lol:
     
    На srcka2002 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    03X05

    Детали во спојлер.
    Двете се мртви. Лори не стана зомби, во право бев. Тој зомбито ја изел. Керол исто, и таа е мртва. Само не дадоа за неа ништо. Да не испадне дека е некаде жива? :?: Овие па ваму групава со Андреа си играат луѓето, до забава им дошло. :D Добар сплет на настаните. Кога отидоа Меги и Дерил таму да земаат за бебето, мислев некое бебе-зомби ќе се појави како лази :D ама сум морничаво настроена :D
    Следна на 18-ти. Јееееејј :D :D
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hе знам за вас,ама мене оваа ми беше една од поморничавите епизоди,дури сега како стресена сум некако :D
    Oвај Pик кутриот се полуде човекот,кутрото бебенце не ни го виде,јас не знам што одеше внатре да ја бара Лори да не ја изеде зомби или да најде некои остатоци :^)И многу ми беше гадна сцената кога му го распара стомакот на зомбито |(
    Oваа Aндреа како ме нервира човече,оди си бре од тука,како што гледав од промото за наредна епизода,изгледа ке се сплетка со гувернерот :headbang: .
    Hајомилени ликови ми се Kинезот и овај со стрелата(дури и секси ми е ) :rofl: :$
     
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Шестава епизода возбудлива.

    Андреа се сплетка со овој Гувернерот, јас мислев ќе замине од кампот. :^) Оваа црнкињава зомбињава нормално ја одминуваат, кој знае што е работата, може се претвора и она? Ама крајот кажува нешто друго, чудно. :^) Рик почна да разговара со духови по телефон :D а моментот кога ја зеде ќеркичката во раце :inlove: душички. И Керол знаев, пишав погоре дека е жива. Никаде не дадоа дека ја нападнаа, туку само како бега од зомбињава.
    Добар сплет направија, секоја епизода од сезонава е одлична. :!:
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Серијава станува се поинтересна и поинтересна

    ^
    Инаку црнкињата беше целата обвиена со крв нели претходно таа го прободе зомбито во стомакот па целата негова крв се истури врз нејзе и зомбите неможеа да ја намирисаат нејзе.

    Како и да е ми беше жал за Рик епизодава тотално побудале, али за среќа на крајот се смири кога ја зема ќеркичката во раце. Инаку за Карол знаев дека е жива само го чекав моментот кога ќе ја најдат
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Уффф, каква епизода. Убедливо, сезонава е врвот.

    Следната осма ќе биде mid-season finale, crap!
    После ќе чекаме до февруари.

    Сега ептен ги сплеткаа работите, во промото ќе има јака борба. Баш да видиме како ќе заврши првата половина од сезонава.
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав серијава и сум воодушевена! Не коментирам овде затоа што сите сте напред,ја гледате новата сезона,јас сум на почеток,па да не бидам ко падната од марс, ќе си кажам една кратка рецензија откако ќе ги изгледам сите епизоди. :)

    Сега се што можам да кажам е дека серијава заслужено ми се искачува на прво место,како што сум фан на хорори,посебно со зомби,ми ги исполнува сите критериуми, предобра е!

    И да, омилени ликови ми се Глен и Дерил.
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јака последнава епизода стварно. Ама следната ќе биде уште појака. Леле премногу се заразив со серијава, ми иде пак од почеток да ја гледам :D
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Штета гледајќи ја серијава сваќаш дека и во најголемата криза лугето пак ќе се мразат меѓусебно и пак ќе се тепаат и убиваат наместо да се дружат и борат против злото ....
     
    На Mrs.Cuper, figgiMK и MandyLane им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Луѓе, се сеќавате ли на првата сцена од прва сезона/прва епизода, Рик беше сам на едно место како паркинг или пат,коли имаше доста и таму имаше едно зомби девојче... всушност воведот за серијава.
    Но дали ја објаснија таа сцена? Кога,како се случило тоа? Секогаш се објаснуваат, освен тоа.
    Се си мислам дека така ќе заврши серијава, Рик сам, истата таа сцена.

    Можда го објасниле убаво настанов во 3та сезона,дека јас сега ја завршив втора,па може и сум грешка,допрва ќе дознаам:)
    Онака само си размислувам цело време за почетокот, никогаш не го објаснија...

    Инаку што да ви кажам, ме утепа психава, секоја вечер сонувам зомби... прејака серија.
     
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Последнава епизода доста интересна :talk:

    Се појавија нови ликови се надевам дека ќе се здружат со Рик и останатите бидејќи ќе им требаат сега повеќе луѓе за борба против заедницата на Гувернерот. Како и да е ми е мило што ги спасија Глен и Меги, само се разочарав на крајот кога го фатија Дерил, али сега откако го сметаат и Мерл како предавник ќе се спасат и двајцата за да не ги убијат. Андреа ако има малку памет во таа нејзинаа глава ќе му помогне барем на Дерил али се ќе се дознае во новата епизода. Инаку во епизодава се појавува и ликот на Шеин, барем Рик мисли дека е тој

    Следна епизода дури на 10ти февруари кој ќе чека до тогаш :sweat:
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Вау, вау каква епизода :x
    Во секоја една епизода има сплет на работите и станува се поинтересна.
    Многу акција во последнава епизода, вистинска војна водеа :clap: Од промото најверојатно Дерил ќе се спаси, се надевам дека е така зошто ми е човекот екстра. Сега Андреа ќе видиме што ќе направи на чија страна ќе застане затоа што веќе го виде Дерил и виде за кого станува збор. А брат му ненормално ме иритра. Ама сега веќе го сметаат за предавник, не му останува друго туку само да застане на страната на брат му.
    Февруари е далеку, баш штета, кој ќе чека до тогаш.

    Баш сега пуштив да видам за првата сцена од првата сезона и епизода, не верувам дека така ќе заврши, Рик уште изгледа изненаден кога го гледа девојчето, со униформата е се во ред, изгледа чисто, а и тој нема ни рани по себе ни ништо. Не се објасни до сега ништо околу тоа, ќе видиш понатака многу работи ќе се случат што не би било логично така да заврши.

    Едит: Сега убрзав малце, мислам е тоа уште во првата сезона, откако ќе замине во потрага по Лори и Карл, а ќе го испратат црнецот и син му.
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Знаеш што мислам јас

    Гувернерот намерно го прогласи Мерл за предавник, за да може Дерил да го однесе кај овие во затворот и подоцна Мерл да ги предаде сите од затворот т.е да биде шпиун. Не е можно наеднаш Гувернерот да рече дека тој е виновен за се и да мисли дека е предавник.
     
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Да, можно е да го пушти како шпион, а за во затворот мислам дека знае Гувернерот каде се наоѓа. Сега ако сакаат да им го заземат затворот, ама кажа Гувернерот дека не би одел таму. :?: