1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Еве ја причината зошто го прогласи за предавник, ако си ги гледала претходните епизоди, не беше наеднаш.

    Нели Мерл требаше со тие тинејџерите да појдат по Мишон, кога таа ја остави Андреа и си замина од Вудбери, и нели во шумата она ги обезглави двајцата па успеа да побегне. Третиот од помладите сакаше да продолжи да ја бара ама Мерл му рече да се вратат и да излажат дека ја убиле, но детево не сакаше па овој го упука во глава и си отиде, го излажа Гувернерот демек децава ептен ја распарчиле па не можел да му ја донесе главата од црнкињата на гувернерот. Во последнава издадена епизода, Мишон го чекаше гувернерот во соба, му ја најде ќерката, тој дојде, оваа ја уби ќерка му а него го забоде со стакло во око.
    Поради тоа што Мерл го излажа за Мишон, гувернерот рече дека овој го предал.
    Мислам дека во наредната епизода ќе го натера Мерл да се тепа со брат му во арената, за да докаже дека е од кај градот. Тој Мерл ми е нестабилен и од него може се да се очекува, дури и да се преобрати од кај добриве. А луѓево од Вудбери се со испран мозок од страна на гувернерот, тој им всадил во мозокот дека е тоа крај на светот и дека тие се нов поредок а тој им е водич и се што тој ќе каже дека е лошо и тие така мислат.
    Сите епизоди ги изгледавме за два-три дена и сега со маж ми со нетрпение ја чекаме наредната епизода.
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Можно е, можно е, бидејќи ти си ги гледала сериите набрзо, а јас чекав недела за недела кога испаѓа нова епизода и може затоа и сум го заборавила тоа.

    Инаку нова епизода ќе испадне за еден месец дури кој ќе чека уште толку :(
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Ја гледавте ли новата епизода?
    Значи конечно еј, толку време чекање, ми се плачеше од среќа.

    Интересна беше, ма да не се случи нешто посебно..
    Се надевам Дерил ќе се врати со групава, лош избор му беше ова.
    Ќе биде жестоко наредниве епизоди со Гувернерот... едвај чекам!!
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Сега ја даваат на FOX премиера... моментално има реклами. :)

    Edit:
    Штотуку заврши. Ја гледав и јас.
    Рик полудува. Сега ќе се изоштри ситуацијата со Гувернерот, мислам дека е налутен и ќе се одмаздува. Само ова со Рик не ми се допаѓа, ќе му е потребен психијатар. Исто и со Дерил, зошто мораше да појде кај Гувернерот. Ама добро, нели мора да има акција. Во врска со новава група што сака да им се приклучи, мислам дека ќе ги прифатат. Сепак постојано воведуваат нови ликови, поинтересно е така да има други во групата.
     
  5. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ја гледав и јас новава епизода се израдував кога видов дека денеска испаднала.
    И да навистина не се случи ништо посебно али сигурно следните епизоди ќе бидат уште поинтересни ;)

    :D
    [​IMG]
     
    На MandyLane, Miss-Angie92 и Emma89 им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас ќе чекам да се соберат неколку епизоди, па ќе ги симнам одеднаш ќе ги изгледам, не ми се чека вака една по една секоја недела. Еден месец помина откако ги изгледав, сега ќе треба пак последните две-три да ги гледам, да го освежам сеќавањето.
     
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Чекај бе , во Јануари кога гледав на Википедија имаше само 10 или 11 епизоди со последната во фебруари

    сега се ставам и гледам додале уште 5-6 епизоди ..... ццц

    Иначе на 9GAG гледав за овие , кој има најмногу убиени зомбиња , прв е Rick со 86 kills 8)
    Некако промукло ми е иде се плашам да не го гризнат или убијат него , све мислам дека едниот брат ќе го убие другио ама ај ....

    и дај кога ќе им текне да идат накај некое пристаниште да земат брод и да бегаат од америка , било на остров или Европа (не ни знаат дали е тамо проширено ...)
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Луѓенца, вртете во 21:55 на FOX, ќе ја даваат премиерно вчерашната епизода, ја има и на нет, сега седнав реков ќе ја гледам, ама ми текна, ќе си почекам на ТВ да ја гледам. Инаку е 10-та епизода.

    ^Да, ќе има уште епизоди, до сега има објавено за до 31-ви Март, 16-та епизода.

    Рик да го убијат или да биде гризнат НЕМА ШАНСИ, он е the BOSS ;)

    А за кој брат, мислиш на Дерил и Мерл? Дерил ми е омилен, се надевам нема да ми го тргнат. Заради него интересна ми е серијата. :)
     
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ја гледав. Епизодава беше неверојатна. Најдобра оваа сезона, акција колку сакаш :D

    Затвореникот не знам како му беше името, очекував дека ќе го скинат, не беше меѓу важните. Ама вака дека ќе го скинат :o Врвот ми беше кога Дерил се појави во вистински момент, поточно Мерл кој што го спаси Рик. Очекував дека Гувернеров ќе возврати, ама не толку брзо. Неочекувано беше, се шокирав дури и јас. Многу добра епизодава, крева адреналин. Мислев и дека Дерил барем 2-3 епизоди ќе се шеташе низ шумата, ама арно на време се вразуми. А во врска со Андреа, мислам дека Гувернерот намерно сака да ја поттикне да остане со нив, затоа што била добар лидер, но во промото уште следната епизода ќе се појави во затворот.
    Одлично, одлично... :up: :up: :up:
     
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Одлична епизода. Од почетокот малку ми беше досадна али затоа крајот ми беше врв.

    Ептен го замразев гувернерот во епизодава ми идеше да му влезам во монитор и да го убијам. Посакував и некое зомби да му дојде од позади ама ништо. Се израдував кога го видов Дерил кога му помогна на Рик, знаев дека ќе се врати во затворот уште од почетоков на епизодава. Доста акција имаше, Андреа ете во следна епизода ќе се врати и се надевам дека ќе остане со нив, сепак им фалат луѓе во групата.
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Колку јака епизода, неверојатно нешто!
    Цело време ме држеше возбудена, ама мислам врвна сцена т.е. кадар ми беше кога го покажаа Дерил,во моментот кога го спаси Рик, така целиот згоден во акција. :lol: Јако, јако.
    Ја обожавам Мишон и нејзината катана, каков став има - омилен женски лик ми е.
    На крајов - Рик се налути. Време е да преземат акција и да му стават крај на оној налудничав Гувернер, одвратен е.
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Добро му беше на Гувернерот тоа со комбито полно со зомбиња, уште кога се стивна пукањето знаев дека комбито што иде беше со зомбиња, само не знам кој го возеше, нели потоа и кола им украде. А за тоа дека на почетокот споро, после акција мислам треба така да биде, па луѓево прикажани се како воопшто да не спијат, ние гледаме една сезона кај нив се одвиваат неколку дена. Арно и имаат толку сила за борба со овие шетачиве :D
    Следната епизода осеќам ќе биде исто толку добра!

    Вториов дел од сезонава е прикажана како Гувернеров Vs. Рик, значи сигурно ќе го гледаме барем до крајот :devil:

    И уште еднаш едит: Мишон е опасна, ќе ја има и неа долго, а и гарант ќе им се приклучи т.е. ќе стане дел од "нашава" група. :D
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Леле, јас го сонував Дерил ноќеска. :lol:
    Стварно е најјак лик, и не би сакала ништо да му се случи, зашто во спротивно серијава нема да биде тоа-тоа.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :inlove:
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.924
    Допаѓања:
    166.007
    Пол:
    Женски
    Ааааа ја обожавам серијава, додуша се со зомби обожавам.
    Баш сеа ја изглеав последнава епизода, лепота бре! :D
    И ми е мило шо ги тргаат малце по малце некои од ликовите, здосадија, требаше да се видат нови фаци.
    Само Дерил нека не го пипаат :D
    Едвај чекам наредната да излезе аххх :)
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Новава епизода малку досадна. Андреа почнува полека но сигурно да ме нервира. Се надевам ќе и ја сменат улогата, а не на крај да испадне кучка.
    Се спремаат за поход, каков поход ќе биде ќе видиме. Рик, Карл и Мишон vs.градов цел. А овие четворицата, не видов дека всушност ги избркаа од затворот, последно што дадоа е кога Рик почне да се дере, само не знаев дека ги избркаа од затворот. На гувернеров му дојдоа како кец на десетка.

    Промото за следната епизода, што гледам дека ќе биде доста интересно:
    http://www.youtube.com/watch?v=MxhoPMFdoZ0

    Ова е потребно, акција и нови ликови!
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    ^
    Виде во коментарите на промото, мислат дека тој снајперистот е Морган, црнецот од прва сезона.. Баш би сакала да се сретнат со Рик! Добар лик беше...

    Инаку вечер ќе ја изгледам новава епизода, импресии тогаш.
     
  17. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Проверив на imdb, се јавува Морган во 3 сезона, 12 епизода! Ама само во таа епизода. И син му го нема.
     
  18. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Денешнава епизода досадна беше, епизода во која буквално ништо не се случи. Инаку Андреа мене уште од самиот почеток ме нервираше, се надевам ќе ја снема набрзо :D
    Следната епизода ќе биде доста интересна :)
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Доста интересна новава епизода, брканицата меѓу Гувернерот и Андреа беше доста напната. И каков пресврт после, ау, знаев дека нема толку лесно да се ослободи од него.

    Oд сезонава има уште само две епизоди, а после 4та сезона ќе почне дури во Октомври. :(
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Кај сте сите, сама ќе си коментирам на темава? :)
    Добра епизода, ми беше жал за
    Дерил и Мерл
    , крајот беше прилично емотивен.
    И ме иритира наивноста на Рик последниве неколку епизоди, како може да му верува на Гувернерот во врска со договорот што го направија? Али се свесна еве го, добро е.
    Следна епизода финале на сезонава, би требало да биде јако.