^ Не си сама не се секирај Мене посебно ми беше жал за Спојлер Дерил колку само плачеше Мерл дури во оваа епизода почна да ми се свиѓа како лик, али ете толку од него Едвај чекам наредна недела последната епизода да ја гледам би требало да е јака
Девојки ..последниве 3 епизоди од последнава сезона ги нема на филмовизија ги гледате негде онлајн или ги симињате?? Со душа ги чекав на филмовизија да ги стаат и редовно ги глеав..сеа каснам
Почнаа да претеруваат со серијава, досадна станува, ја нема таа возбуда како кога ги гледавме почетните епизоди. Со тој Гувернер веќе не се интересни, се тоа па тоа цела сезона, ништо ново. Тој Мерл никогаш не ми беше добар лик, секогаш го гледав како негативец кој работи само за себе ама мислев дека ќе остане до крај како јак борец со зомбите. Ама изглеа почнал многу пари да им бара, се преценувал се зезам. Нареднава епизода ќе биде последна од оваа сезона. Не сум читала за серијалов и не знам кога и како ќе снимаат наредна сезона. Имаат доста материјал и идеи за нови сезони, ова може и долго да трае, се наполнија пари. Само да не чекаме уште пола година или година за наредна сезона.
Добро е конечно некоја акција , до сеа све епизодиве се влечат , чекам тој црнецот од нај нај првата епизода да помогне или да ги исплеска сите Штета за брат му али на крај барем се искупи за сите работи кој ги направи ... и после 100 епизоди конечно гувернерот ќе се тепа против Rick , освен ако овој не полуде .... Имаше еден пост 10 работи кој покажуваат дека жена му можеби е сеуште жива , замисли тоа се појавува жена му у сред борба .... Едиствените кој сакам да ги гледам во следната сезона се Кинезот со девојка му , Дерил , Рик и тој научникот или доктор што и да е ... другите ич не ги сакам да ги гледам ... Па таа Андреа , недајбоже да има стварно апокалипса и со таква у група да бидам
Ајде не зезај, добра цицка има таа , плус ако ти текнува ја имаше у една секс сцена во кола со тој другар му на Рик што го упука. Стварно не ми е јасно зашто немаше до сега некоја жешка сцена покрај сите сваштарии што ги дадоа. А и жена му на Рик со истиот тој другар ја имаше во доги стајл мислам у тоа шумата Тој го убија рано, ама сите женски му ги легна. Па и женска му на кинезот не е за фрлање само досадна е некако. А Лори, шта речи, ни цицка ни гз, слаба како костур, ме разочара во оваа серија, во Призон брејк беше по природна и со облини(колку толку). Се препрочитувам и си делувам дека сум станала како лезбејка, само за жени пишувам. Лори е жива и мене така ми изгледа, ама оние халуцинации на Рик мислам дека немаат врска со тоа дека е жива. Детево може се понаша како каубоец ама мислам дека немало муда да си ја убие мајка му а и не верувам дека умрела на пораѓањето. Или може ја заклучил некаде со храна, па на крај да испадне како таа ја победила заразата. Јас мислам дека нема да има борба помеѓу Рик и неговите луѓе и Гувернерот и Вудбери, бидејќи Рик и останатите ќе побегнат од затворот, зашто нема реални шанси да се изборат со толку луѓе плус со толкава муниција, туку Гувернерот ќе нападне празен затвор или полн со шетачи. Може само да го зезнат некако, да го фатат на финта. Црнецот може да се појави, зашто остана жив. И што убаво беше порано, си шетаа си колеа, си бараа храна, преживуваа. Во затворов го отупеа. До октомври ќе заборавам што се случило, ќе треба пак да ги гледам последните епизоди. Досадни се со тие прекини. Нема да можам ни на летување да одам, цело време мислата ќе ми биде во серијава. Така го гледав-"Реката" и без врска заврши, после дознав дека немале да го продолжат серијалот и остана така недовршен. Сега Тера нова ги гледам, иако ми изгледаат како тешко срање и не навлекуваат на гледање како овој или бегство од затвор.
Само ти збори за други жени и нивните облини , јас немам ништо против Абеја. Него и мене ми текнува на таа сцената кога се плескаа во шумата , мора да било возбудливо во секој момент може од грмушка да искочи зомби и да ги види голи. Баш кога ја видов таа сцена си реков а ова ќе биде исто како Spartacus (серија во римско време исполнета со секс и крв) и толку. Следна секс сцена беше помеѓу Меги и дечкото. Друго , наместо да побараат низ државата , да прошетаат до некоја планина , до некоја база нешто , они ми решиле у затвор да останат до крајот на животот .... па уште наместо да војувааат со зомбињата , они со други луѓе ...бог да чува типично човечки и после апокалиспа уште да се тепаме меѓусебно..... Све мислам дека ќе се истепаат со гувернерот и после ќе се здружат групите , е сега дали ќе останат сите на исто место (највероватно ќе биде оштетен затворот и не ќе може да се живее , или ќе решат да идат на друго место , па највероватно ќе сретнат некој друг гувернер .... и ете ти 3та сезона
Што ти се вика глупоќа, од толку замоци, вили, огромни куќи, тие најдоа во затвор да седат опкружени со зомби, гомна, глувци, смрдеа. Некако ги извртуваат моралните вредности. Веќе наивно изгледаат шетачите, одат бавно, овие ги колат како од шала, еден замав и отиде главата, а не можат да најдат некоја убава куќа каде што додека едни чуваат стража другите ќе спијат во нормален кревет. Не знам што ги спречува толку да живеат попристојно и да се утврдат на пример во некоја вила на плажа, па ќе си се бањаат, перат ловат риби итн.. Малце без врска е серијава ама ај, да се гледа нешто. Ако нема тепање нема да биде тоа американски филм. И не знам дали приметувате, во такви мизерни услови, они се секогаш чисти, чиста облека, депилирани, бричени, средени, е јбг ама да му се плукнам на сценариото. Дај нека ги преселат во куќа, барем да не ти се згади од ретките секс сцени во затвор, одма те потсетуваат на геј секс во затворска келија. Епа да, на крај мора се убаво да заврши, некој ќе умре, некој ќе преживее, а тие од Вудбери што ќе останат ќе видат каков им бил гувернерот и ќе се префрлат кај Рик, ама тоа потоа, од октомври натаму, којзнае.
Каснам со коментар... Вечер нова епизода Последната епизода беше одлична. Спојлер Многу ми беше жал за Дерил на крајот, му го смени личниот опис на Мерл, и сега во последнава епизода посакувам тој да го убие Гувернерот! И нека го умрат, зошто не би сакала да го гледам во четвртата сезона, идиот! Ја прочитав и теоријата што ја имате пишано за Лори, и баш има смисла. На имдб пишува дека ја има во 35 од 35 епизоди, независно од тоа што ја даваат како привидение на Рик. Ако е жива ќе дознаеме во последнава епизода, кога конечно ќе одат од затворот. А октомври е мнооогу далеку Очекувам исто толку возбудлива сезона како оваа!
Добра беше последнава епизода иако на претходните две сезони, поинтересни беа последните епизоди. Следна епизода во октомври... Спојлер Не очекував дека ќе умре Андреа, иако не ја сакав многу како лик сепак ми стана жал за нејзе. Гувернерот ептен ми стана одвратен како лик, таман помислив дека ќе умре на крајот од сезонава, тој ајде што ги уби луѓето што беа со него, уште па и ќе се појави во следната сезона Ми се допадна идеата на Рик и компанијата како да се спасат од нападот на Гувернерот, само Карл ептен ме изненади, детево ако уште од сега станува вакво, бетер од татко му ќе биде кога ќе порасне Ми е мило што на крајот ги собраа сите луѓе кај нив во затворот, барем во наредната сезона ќе знаеме дека ќе има нови ликови
Епизодава не можеше да биде подобра. Акција на ниво, ама и емотивни моменти, си пуштив некоја солза. Спојлер Жал ми беше за Андреа, ама и за Милтон, го засакав како лик последниве епизоди. Омилен момент ми беше кога на Гувернерот му пукна филмот и го покажа своето право лице, и што сите од градов дознаа всушност каков психопат е, и воедно сите преминаа на страна на Рик. Добро и што остана жив, мора да има материјал за наредна сезона, ма да јас сакам повеќе да се фокусираат на борба со зомби, отколку со Гувернерот, ама океј е и вака...
Спојлер Јас пак очекував да си заминат од затворот, како и до сега што беше, во секоја сезона на нова локација, или пак онака малку да ги видиме повторно "на пат" и во акција. Ако продолжат да ги одвиваат работите тука во затврот, мислам дека малку ќе стане тапа. Ај ќе видиме, има уште многу време до следната епизода. Многу ми е криво што толку ќе чекаме.
Дури сега ја открив серијава.Прекрасна! Толку добра глума и шминка и се Сеуште сум на прва сезона на пола.Многу ми е интересна.За некои можеби е гадна,ама мене ми е ептен погодена.Плус е хорор,адвентура,драма Само не ми е јасно дали ќе има четврта сезона? Бидејки јас гледам има само три сезони Чисто да знам кога ќе ја изгледам пошто не се многу епизодите,да знам дали да чекам
добра серија , летово ги изгледав 3-те сезони, и ич не ми е жал за Андреа цела серија се плеткаше, се пречкаше со сите, уште пак ја остави црнкињава што ја спаси од сирурна смрт за да спие со гувернерот, интересна ќе биде следната сезона
Се надевам во следната сезона ќе има барем некој дел како ова све почнало , дали некој научник отишол во лудост и пуштил вирус , или некое оружје или слично. Само не ми е јасно цел свет е или само Америка со зомбиња ?