1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ајде вечер светска премиера на 4та сезона... ја чекав, ја чекав ја пречекав... сега не можам да издржам овие петнаесетина минути пред да почне.... :inlove: :inlove: :inlove:

    Инаку претпоставувам дека серијава ќе заврши така што Рик ќе се разбуди од кома и сето тоа ќе испадне негов сон за време на комата, додека светот си бил нормален.... Би се изнервирала ако така заврши! :|
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна епизодава ептен, добар почеток на сезона.
    Уште од старт жртви, нови ликови, акција, крв и мистерија за тоа како стана зомби детето на крајот.
    И само мене ми се чини или ко да ќе биде нешто меѓу Дерил и Бет?
    Интересно у секој случај, едвај чекам следна епизода!
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Одличен старт на сезонава, нови ликови и детево Карл ама пораснало :o Како и да е едвај чекам нова епизода ^_^
    И јас на момент помислив дека би можело да има нешто меѓу Дерил и Бет, па и зошто да не и онака на Бет и двата дечковци што ги имаше и двата и умреа, вака барем Дерил нема да и умре :D
     
  4. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Само што ја изгледав втората епизода од новава сезона :) Мераци, таманка за добар сон :P
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Многу ми беше интересна новава епизода. Посебно еден момент ми беше доста впечатлив -
    кога Дерил застана со колата и пред нив ги покажаа сите зомби, со подотворена уста останав, премногу беа!
    Инаку очекувам сезонава некој битен карактер да умре. Она болеста на
    Глен ми се чини само диверзија, да очекуваме дека тој ќе биде жртва, за на крај да излезе некој сосема друг.
    Солидна сезона, а мислам дека понатаму ќе биде уште подобра.
     
    На BlackMarket му/ѝ се допаѓа ова.
  6. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Ми мириса на
    Хершел
    . Барем јас навивам за него :). Претерани и досадни се неговите дијалози за хуманост, верба, почит, човечност, морал... Па уште ако таквиот разговор го води со Рик, може да биде прилично досадно. Ја умртвуваат динамиката на серијава.

    4-тава епизода би требало да биде екстра интересна.
    Како и дали групава на Дерил ќе се врати во затворот без кола, а лековите (ако ги најдат) мора да бидат донесени што е можно побрзо. Плус на радио слушнаа битна информација за останати преживеани, која треба да им ја пренесат и на другите од групата.
    Бидејќи црнците во серијава изгледа се потрошен материјал (од почеток до сега изгина поштена бројка на црнци), не е чудо ако некој од црнциве од групата на Дерил го видиме за последен пат (Мишон е сеуште недопирлива).
     
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Малце ми станува досадна серијата , све во едно место се , треба да се истражи , можеби има некој остров таму што нема зомбиња или слично , не само во еден затвор веќе 2 сезони .... првата беше најдобра , насекаде шетаа , вторана го отупеа на фармата.

    Тој кинезот не би требало да умре , ко едиствен добар пар се со згодната девојка.

    Патем видете го ова


    http://www.youtube.com/watch?v=rNxvo8AcpQQ
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Слабо акција епизодава, беше некако пасивна, ама самиот факт што дејствието се одвиваше надвор од затворот, како за промена, беше интересно.
    Рик ме зачуде на крајот, во врска со Керол. Баш ме интересира што ќе биде понатаму со неа...

    А следнава епизода пак ми делува ептен напнато...

    http://www.youtube.com/watch?v=sJwfg5UEteM
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    А што убави куќичиња има од кај што се снабдуваат со се и сешто, наместо да си се вселат во две три и да си заковаат врати да се обезбедат, тие во затвор седат, во мизерија.
    Ама тоа ти е, да се немало имагинација, креативност, стварно го отупеа досадно е за гледање, ништо не се случува, па и ова со болеста бул шит.
    Ама мислам дека излегоа неколку играни филмови кои им ја уништија идејата :D , сега само се вртат во круг и чекаат погодно време кога гледачите ќе се презаситат од глупости па ќе се избацат со генералот кој што од друга страна страшно иритира.
    Па и јакиот фактор Рик, се понаша како Генералот, он е главен и он одлучува кој, како, со кого, што |( а и сите му се клањаат па и Керол дури си отиде така како од шала, запали аутото и отиде у бољи живот. :rofl:
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Па Абеја најбезбеден им е Затворот , поголема територија за шетање и ги држат сите зомбиња надвор... овдека ти дојдат пред куќа ќе го јадеш стапот ,ќе им се придружиш пред да кажеш птичка :D

    Него фората ми е , што седат цело време таму , ај ете безбедно било ... само што умреа повеќе таму него надвор од затворот ,нели е пологично да побараат некој остров , очигледно е дека неможат да пливаат зомбињата , земи некој брод од некое пристаниште , ако може секоја куќа да биде снабдена со све може и секое пристаниште да има некој глисер или слично ... ама не , ај ќе седиме и ќе чекаме да дојдат милиони зомбиња и да ни влезат со полиција во затворот и после ќе плачиме..... Ако ништо друго барем гејмерот си фати јака женска . Барем тоа е позитива во апокалипсава...
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Абе смешно е, кога ќе излезат од затворот (на рехабилитација :rofl: ) надвор е се нормално, зелено, природа а зомбињата не се некоја голема опасност и онака се извежбаа да ги кољаат. А која глупост, некогаш им доаѓаат зад грб одејќи 5 см на саат па лесно им ја дупчат главата а некогаш како толку брзо да одат накај нив па немаат време да ги совладаат. Во некои моменти зомбињата се лесен плен друг пат се многу опасни.
    Ако отидат на ненаселен остров ќе заврши серијата (или ти сакаш да гледаш женски во купаќи :rofl: )
    И ајде веќе година и повеќе може убиваат и уште не ги испоубија сите па да започнат живот одново, голема е оваа USA (плус они скоро цело време се на едно подрачје), многу жители, најбоља е нема што, никогаш не може човек да ги истреби (можеби тоа е скриената порака на филмов-за терористите :devil: )
    А кај е останатиот дел од светот, толку време никаков контакт од никаде или не се битни тие, ова е амерички филм. Ама во Ирак, Иран итн не им требаат зомбиња, они и без зомбиња се кољаат.
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Па добро сеа друго е кога ти идат 2 зомбиња а друго е кога ти идат 200 зомбиња , сепак ќе се измориш , среќа не се од они брзине , тогаш сме го обрале бостанот.

    Ама важно јака кола возат , не дека можат некое ферари или мустанг да возат ама не , фамилијарна кола најбоље.
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Добро е , за момент мислев да се откажам од серијата ако ми умреше најсреќниот пар . Нека пазат што прават тие од продукција
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Најдобрата епизода сезонава, до сега.
    И таман реков имаше се, акција, возбуда, зомби, драма, ете ти го и Гувернерот на крај.
    Уште он им фалеше...
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Станува се поинтересно. Овој црнецов збесна... :rofl:
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Епизодава старциве зомбиња го бркаат гувернерот а тој не се ни мачи само им затвара врата :lol: :lol: :lol: :lol:

    Лежерна епизода ,а претпоставувам наредните се сите за гувернерот. Т.е што се случувало со него додека овие во затворот се тепале
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Е добро бе ставајте во спојлер :@ не дека не претпоставував што ќе се случи, видов малку и во најавата ама сеа двете главни работи ги кажавте веќе а тука има луѓе што уште не ја гледале новата серија а и такви кои уште не почнале со серијалот.

    Туку, приметувате ли дека колите што ги возат покрај тоа што се све јаки коли па и какви се светнати, како вчера испрани а се друго е рушевини, обраснато со треви, дрвја ама колите мора да бидат средени. :D
     
  18. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    Која сезона и епизода играат моментално на Fox?
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски

    Во чекор се со новите епизоди, што значи се емитува 4та сезона, и секој понеделник во 22:50 најновата епизода.
    Вечер 6та.
     
    На MoonChild му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Како останал жив гувернеров до сега..па дури и сам. :o