Ме нервираше многу Гувернерот минатата сезона, ама после епизодава, не само што ми стана фин и интересен карактер, туку дури и секси ми делува некако Спојлер Плус и сцената во комбето
Во однос на епизодава... Интересно беше да се види една друга страна од Гувернерот. И целата епизода сама по себе беше нешто ново и нестандардна, и освежување од Рик и остали затвореници. А во однос на серијава... Kога ќе ми текне на прва сезона, се осеќам носталгично, едноставно тие првите епизоди не можат да се надминат, иако уште си држат едно ниво, и серијава е далеку од лоша, сепак... има нешто од старите епизоди што ми фали, а не можам да дефинирам што е тоа. Можеби Лори? За коментаров ме инспирираа критиките кои ги читам, кое во последно време ептен зачестија, за жал. Но и покрај тоа, мене ми е пак на врвот на омилени серии, без разлика на се...
Уште ја немам изгледано новата епизода, чекам вечер на FOX, ама несакајќи прочитав огромен спојлер, ако не и главниот за епизодава: Спојлер Хершел ќе умре. Осеќам ќе има плачење вечер кога ќе гледам...
Многу мрзам вака кога ќе ми идат неколку епизоди па ај сеа пауза па пак за 2 месеца ... Ја гледав последната епизода , многу луѓе умираат, многу работи наеднаш се случија , 7 епизод цело време се влече и наеднаш све ....
Заборавив и да кажам Се гледа дека после она што се случи со Game of thrones , скоро сите нови серии и сезони на старите серии сакаат да направат нешто слично , очајно , доаѓа понекогаш и до упропастување на серијата....
Интересна епизода, лудница. Последните 10 минути ја направија целава епизода. Се изнасмеав на сликава Спојлер Само кој ќе чека сега два месеца за нова епизода
Значи не се нормални, знаат баш да ме потресат. Баш како што мислев, си се изнаплакав. Спојлер Хершел ми беше премило човече и еден од омилените ликови. Па и начинот на кој умре, брутално. Целава сезона беше всушност едно затишје пред бура, и акција како оваа богами и немало до сега во серијава. И покрај Спојлер смртта на Хершел , ми се допадна епизодата премногу, ми се допаѓа фактот што изненадуваат со вакво сценаријо кога најмалце очекуваш. Глумава на сите е 10ка, како што долови Рик емоција кога Лори умре, така и сега кога видоа дека Спојлер Џудит ја нема и дека беше крвава колевката или што и да е тоа. И уште еден голем плус за двата моменти кои сите ги чекавме : Спојлер 1. Конечно заврши целата приказна со Гувернерот, и број 2. Конечно веќе заминаа и од затворот.
Фала богу го убија Гувернерот. Греота за девојчето и бебето. Кој ќе чека сега до Фебруари. За една епизода 2 месеци да чекаме. Поглупи од американциве нема.
Одамна фалеше ваква акција во серијава. Хершел Спојлер нема многу да ми фали во серијава, ама жално беше на ваков начин да умре. Барем со насмевка ја прифати смртта, знаеше што го чека. Badass girls ептен изненадија. Добри се. Конечно се случи Ако не го направеа во оваа епизода, ќе беше веќе неиздржливо. Вакви наивни фаци кај Дерил тешко поминуваат ех, да имаше време уште некоја стрела да му начукаше, колку за мерак на гледачите. Ќерката на Рик, Спојлер мислам дека е жива и ја има земено таа помалата од сестрите што беа со Гувернерот или евентуално ако Керол се вратила во последен момент. Останува да се види и што е со мртвите стаорци, кој ги подметнувал и предизвикувал зараза. Ќе биде интересно во февруари.
Каков пресврт на серијава. Браво. Цело време едно исто гледавме. Фалеше акција на крај малку. Али штета ако Рик стане зомби....
Бебето стварно штета ќе биде ако е умрено. Баш се израдуваа и сега го изеле. Ама јас како што видов сестрите не носеа бебе со нив.
Џудит шанса нема да биде мртва...сепак таа е симбол на надеж во серијата. Кој ќе чека до Февруари.......
Вчера ја почнав серијава и веќе сум до средината на 2ра сезона.. цел ден гледам епизоди Навистина предобра серија, долго време се убедував да ја гледам и сега кога почнав, не сакам да престанам Моментално сум до 8та епизода (треба да ја гледам), и не ми се верува колку се навлеков на серијава.. уште од првата епизода знаев дека е супер серија, и едвај чекам да видам што се случува понатаму.. Од ликовите немам омилен, сите посебно ги сакам (можеби Дерил и Глен најмногу.. можеби ), ама уште од првата епизода имам најомразени - Шејн и Лори Посебно Шејн, во последниве епизоди најногу на нерви ми оди.. Добро што прочитав спојлер и знам дека Рик ќе го убие Сега да ве стигнам па ќе ви се придружам во темава
од тука - А и сега сум до 10 епизода и како што видов во наредната ќе се караат Нема тој да го убие?? Абе како и да е, важно мртов ќе заврши
^^ Не гледај спојлери слики и свашта други ствари по интернет дурине ги изгледаш сите епизоди оти многу многу работи нема да те шокираат ако ги видиш предвреме на нет.. не е тоа тоа
знам тоа, ама дека порано на 9gag и memecenter цело време гледав слики, и знам дека имаше интересни, па решив на гугл да побарам.. по 2-3 спојлерчиња се откажав од таа идеја затоа и темава не ја разгледувам многу, нејќам спојлери Инаку ја изгледав претпоследната и иако го знаев најважниот спојлер (дека Рик ќе го убие Шејн и дека ќе стани зомби), баш ме шокира Дури и плачев, скоро секогаш е така со мене, и да имам спојлер видено и да немам, пак иста реакција (не за сите серии, досега само за SPN и оваа ).. денес најверојатно ќе ја гледам последната, ако стигнам оти имам многу за учење, ама ако не сега, барем за викенд ќе се обидам да ја изгледам и третата сезона Набргу ќе ве стигнам
не можам да редактирам... Само што ја изгледав последната епизода, очекував малку повеќе Интересна беше, се открија некои работи, имаше cliffhangers, ама некако не беше тоа што го очекував мислам океј, имаше доста потресни моменти, ама... Се надевам првата епизода од третата сезона ќе биди понтересна.. А да прашам за она со вирусот, ако сите беа заразени тогаш што се случи со Дејл?? Нели требаше да се претвори во зомби?? Многу нејасно ми е тоа некако.. пред да ја изгледам епизодава, не се сложував со сликата, ама сега тотално -