1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Вчера ја изгледав третата сезона и можам да кажам дека беше многу подобра од втората, можеби и од првата.. :wasntme:
    Мислам дека толку ми се допадна поради новите ликови, а и новото засолниште.. Затворот им беше супер идеја, a сцената кога ги убиваа зомбите беше најјака ]:) Ама сезонава не би била толку добра да не беа новите ликови.. Особено Мишон.. Уште кога се појави знаев дека ќе ми биде омилена од девојките, нај bad-ass е, не прави глупости, не е досадна, гледа се што другите не гледаат, мистериозна е, лојална и најдобра.. А и катаната.. ♥
    Гувернерот е одвратен психопат, сакам што побрзо да го убијат, ама па и тој голем има придонес во развојот на серијава.. А и поинтересно и пострашно е вака да се борат против луѓе, отколку цело време со зомби..
    Милтон беше онака океј, на почеток мислев дека е само поттрчко на Гувернерот и дека прави се што ќе му кажи ама не било така.. го засакав во последните епизоди и баш ми падна жал за него кога умре :Ѕ
    Тајрис, (уште наречен и T-Dog 3.0 и Three-Dog :rofl: )е супер, убаво е да се види дека сеуште има морални личности.. Се надевам ќе има поголема улога од T-Dog и T-Dog 2.0, и нема да го заменат со друг црнец ...
    ----------------------
    Друга причина зошто ми се допадна серијата е затоа што тие ликови што најмногу ги мразев, Шејн и Лори, ги немаше.. Искрено, плачев кога умре Лори, ама тоа беше повеќе заради Рик, отколку за неа..
    Карл мнооогу се смени од минатата сезона, тогаш неможев да го поднесам, ама сега океј е, по одговорен е (освен во последната епизода кога го уби тој од групата на Гувернерот) и посмирен е некако, не прави глупости, ама сеуште не можам да го поднесам фактот дека заради него умре Дејл ..
    Андреа, на почетокот од серијава мислев дека ќе ми биде омилена ама нема шанса.. Глупачка најголема.. Истите грешки ги направи од втората сезона, ги остави луѓето што навистина се грижеја за неа (во втората Дејл, во оваа Мишон) и легна в кревет (и в кола) со најлошите.. искрено и сама си е крива за тоа што се случи.. имаше шанси да си замини со Мишон, потоа да замини во групата, да го убие Гувернерот, да ги предупреди тие во затворот и ништо.. Единствено паметно нешто од неа во оваа сезона беше што му ги пушти зомбите на Гувернерот во таа ____ (незнам што беше).. И потоа пак глупост, наместо да ја земи неговата кола и побрзо да стигни, таа трча..
    и потоа -
    [​IMG] |( ај доста е за неа..
    Мерл.. Мерл бе.. :x незнаев дека толку добар ќе испадни, незнаев дека ќе плачам и за него.. кога го мачеше Глен го мразев повеќе и од Гувернерот, ама сепак тој е еден од оние негативци кои неможи а да не ги сакаш, и на крајот баш така се случи.. Кога беше во колата мислев дека ќе дозволи зомбите да го изедат, ама тој не би бил Мерл ако би заминал без борба.. И очекував барем Дерил да стигни и да го спаси, ама кога дојде... ;(
    Ај да не се расплачам пак, ќе коментирам за живите..
    Рик ми беше некако без врска сезонава, од лидер ни Л немаше, освен ете, во последните 2 епизоди.. Мислам добро, жена му умре ама многу забега.. Се надевам во четвртата сезона ќе се прибери малку..
    Глен и Меги ми се срцки, Глен уште од почеток го сакам ама тепачката со зомбито беше врв :rock: како Хулк стана.. Меги е најхрабра од женските во групата (ако не се рачуна Мишон), и се надевам нема да умри.. Многу се израдував кога се верија..
    Хершел ми како втор Дејл, секогаш во право и кажува се што мисли, се смени многу од втората сезона, ама не се приврзувам многу за него бидејќи знам дека ќе умри.. се спремам за таа епизода..
    Бет... немам што да кажам за неа.. не е некоја важна улога..
    Керол исто се смени од првата и втората сезона, посебно од првата.. поопуштена е а и похрабра, и знаев дека не е мртва.. ама како направија - Fuck you Crol, we looked for your daughter half a season, 5 minutes are enough for you xD

    Е сега Дерил... нај bad-ass лик од машките, се прави bad-boy ама всушност е срцка, уште од прва сезона ми е омилен, и се повеќе и повеќе го сакам.. а и не сум единствена како што гледам, сите фанови го сакаат него.. И иако Рик е главен лик во серијава, Дерил може да му го заземе местото и без да зборува, само така нека седи, со пончото на него и стрелите во рака.. Дури и пончото го направи да изгледа секси :rofl:
    -----------------------

    А сега ја почнувам четврта сезона и знам дека ќе го убијат Гувернерот, ама се мислам кој ќе го убие, би требало Рик бидејќи му е како главен, ама и Дерил и Мишон имаат добри причини..
    Исто и сакам да видам што ќе се случи со луѓето што ги донесоа, веројатно нема во затворот да живеат..

    ај, ај - less talking, more watching :D

    лелее, цел есеј сум напишала :rofl: Ако зафаќа многу место нека го стават модераторите во спојлер...
     
    На 1209 и MandyLane им се допаѓа ова.
  2. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ги изгледав и епизодите од оваа сезона, некои не ме импресионираа многу ама последнава... ;(
    Првите епизоди некако многу го отупија она со заразата, 4-5 епизоди беа заради тоа.. Не дека не беа добри, баш беа потресни некои, (посебно таа кога Глен ќе умреше за малку :worried: ), ама после 3тата сезона мислев дека ќе има повеќе акција..
    Потоа, 2 епизоди за Гувернерот, одвај издржав да ги гледам |( Всушнот, ми се допадна малку што ја покажаа и неговата човечка страна, за малку и ќе го засакав, ама последната епизода.. :doh:
    Не можев да престанам да плачам, за Хершел знаев ама не дека на тој начин... ;( Потоа, сцената кога Рик го бараше Карл, и на крај Џудит.. :(

    Единствено добро што се случи во епизодава беше смртта на Гувернерот, КОНЕЧНОО!! :fubar: Ама кога Мишон не го уби, мислев дека барем ќе го остават зомбите да го изедат, куршум во главата беше предобро за него :swear:

    А сега за втората половина од серијава имаат многу работи за откривање, кој ги хранеше глувците, каде е Керол, дали бебето е навистина мртво (најверојатно е ама...)?? :?: Кој ќе чека до Февруари :doh:
     

    Прикачени фајлови:

  3. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Серијава за изгледав секако сите сезони за недела дена по 4 5 епиоди дневно. Зависна станав и сега фебруари ја чекам втората четвртина од последната сезона. Иако мислам дека последнава сезона е како и кај повеќето серии беспотребна и долга без дешавки.Нема некој посебен лик кон кој можеш да се наслониш а и ги сваќам донекаде оти да живееш 24 часа со вампири и смрта да те демне од секој агол е стварно да останеш без мозок а не па да имаш јак карактер.
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.026
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Ако е ова точно, сезонава ќе биде супер :D
    https://www.youtube.com/watch?v=e0e8BPhEPuA
    :wasntme: И најмногу од се, се радувам што пак ќе бидат заедно Рик, Карл и Мишон (не зборувам за видеото, некаде прочитав ама незнам точно каде), не сакав Мишон да е пак сама :?: Ама сепак сите ќе бидат разделени во првата епизода, можеби и во повеќе, некако не ми се допаѓа тоа.. :worried: И незнам ништо за стриповите, затоа незнам дали луѓето што ќе ги сретнат Глен и Тара се добри (веројатно се), ама оние ловците ("the hunters") се супер, во свет полн со зомби што јадат луѓе, тие се луѓе што јадат луѓе :lol: creepy.. Незнам дали е сигурно дека ќе дојдат во серијава, ама прочитав и дека Дерил и Бет ќе имаат чувство дека некој ги следи, па можеби се тие :geek: Уф, едвај чекам :)
     
  6. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Незнам кој повеќе ме нервира - Карл или Рик. Незнам ама иччч неможам да ги трпам
    Рик сваќам повреден ова она, ама многу тешка депресија го има мавнато - треба столб да биди на серијата. А Карл, уште влакна му немаат пораснато :D многу сила зема :) цела епизода во нервози поминав и викав „Кај туку одиш сам??“ ама мислам дека пополека почнуваат да го созреваат ликот негов.
    Кај ми е Дерил, требаше прв него да го дадат! :D :rofl:
     
  7. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Јас знам кој повеќе ме нервира - Рик :rofl:
    Мислењето за Карл ми се смени уште во третата сезона, ама сега почнувам и да го засакувам :tmi: :D Созреан е, можеби не целосно созреан, ама многу е поинаков од прва и втора сезона.. А и во право е кога му го велеше она на Рик - дека не може никого да заштити, и само растенија си садеше |(
    Океј, направи неколку глупости во епизодава, му се развикав на екранот едно стопати, ама ај.. :D Рик од трета сезона се повеќе и повеќе паѓа, да се надеваме дека сега малце ќе преземи и тој одговорности..

    А Мишон.. :doh: Кога беше таа сцената со бебето во затворот, можев да претпоставам дека и таа имала дете, ама сепак се израдував што покажаа мали делови од нејзиниот живот пред ова.. Е сега, уште не знаеме се за неа, ама најверојатно ќе раскажат повеќе.. И само да кажам дека таа и Дерил ми се најголема слабост во серијава, вчера кога плачеше.... ;(

    Добро барем крајот ми даде warm and fuzzies :inlove: -
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] :lol:
    И колку што видов од промото, во наредната епизода ќе бидат сите останати ликови, Дерил, Бет, Глен, Меги, Тајрис, Саша, тие малите.. :)
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Фали акција во серијава!
    Многу е пасивна... не велам дека е лоша, но сепак, зомби асоцира на акција малце, а не вака... ќе го гледаме Карл како јаде пудинг 40 минути. Аман веќе, нека мрднат од мртва точка.
    Не дека ќе престанам да гледам, тоа не доаѓа во предвид, но како што кажав многу се пасивни, исто како да гледам драма некоја, воопшто не е возбудливо...
     
  9. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Жива е Џудит!! :whew: :lol:
    http://vimeo.com/86504880

    Шпекулации за тоа дека Тајрис ја има Џудит имаше уште одамна -
    [​IMG], ама дури сега е потврдено :D Само незнам зошто во американскиве трејлери ништо не кажаа за тоа, а овај шпанскиот (?) баш најголемиот спојлер го откри :?: :D
     
  10. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Само мене ми се некако кратки епизодиве бе?? :D
    40 минути како 10 ми се..
    Тајрис кутриот, заглави со дете шо непрај ништо, бебе што плачи и привлекува зомби, и манијак.. :lol: Па уште и со Керол, кога ќе му кажи... :x
    Дерил и Бет интересни ми се заедно,сосема различни се ама слатки се :$ Како и да е, сакам Дерил да се најди со Рик..
    За Глен и Меги ми е жал, ама епизодава ќе беше многу подобра ако не кажеа претходно во промото дека Глен е жив.. Некако џабе беше она плачењето на Меги, веќе знаевме дека не е тој :wasntme:
    Новите ликови некако не ми изгледаат баш добри, ама сите што ги читаат стриповите се возбудени за нив, па да се надевам дека не се такви како што изгледаат..
    Инаку во наредната епизода колку што видов во промото, ќе ги има Рик, Карл, Мишон, Глен и новите.. Дерил изгледа пак ќе го нема :doh: Уште неможам да се одлучам дали ми се допаѓа што се вака епизодите (секоја епизода само по некој покажуваат) или не :?: :lol:
     
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Супер епизода :up: Премногу се радувам што кажуваат повеќе за Мишон, сезона и пол го чекав тоа :D Новите ликови не биле такви како што ги замислував, ама гледам сите велат дека Јуџин крие нешто.. :?: Инаку другите, Абрахам и Росита се супер, Абрахам ми е како Дерил и Мерл, како брат да им е :D А Росита океј е, не ја покажаа многу ама важно не е како Лори или Андреа.. Рик runner up на Софија e во криенка, може и за победник да го прогласиме :D И најмногу се израдував нa крајот, се надевам ќе стигнат таму и ќе ја најдат Џудит :wasntme:

    Во наредната епизода пак ги имаме Бетил :rock: :lol:
     
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Епизодава доста напната, повторно ми станува интересно и едвај ја чекам следната.
    Овој новиов Јуџин многу е чуден и сумлив... ми изгледаше како намерно да го саботираше возилото, така се насмевна кога заминуваа...
    Со Карл ми се најдосадните сцени дефинитивно, се друго ми е интересно, дури и да е на моменти монотоно, сепак ми е убаво за гледање, ама сцените со Карл ми се самоубиство...
     
  13. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Значи ги обожавам,со нетрпение ја чекам наредната епизода.Серијата е ептен добра држи внимание цело време и е ептен напната,не знаеш што може да се случи во следниот момент.А новава сезона е ВРВ.Уф како не ги даваат секој ден не можам да го дошекам понеделникот.Инаку најсреќна бев кога видов дека бебето Џудит е жива.Сега сите се разделени и сите мислат дека тие се единствените преживеани.Чувствувам дека ќе има ептен јак заплет серијава,и тоа мислам и јас дека тој новиот Јуџин ќе биде во центарот на вниманието нели дека тој демек ја знае тајната како започнало сето тоа и како може да се запре.
     
  14. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Само штета што гувернерот го убија во претходната сезона ептен ми стана секси.Ама ни Рик не е лош,каков тип е...Sexy and nice...
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Супер беше новата епизода. Тој Бени Шаќири крие нешто. Јас мислам дека пронајдоа лек.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Серијава станува се подосадна, цела недела чекаш и на крај се разочаруваш.
    Во последнава епизода барем секс да паднеше меѓу Дерил и Бет, чисто да разбиеја монотонија и да не разбудат на крај. :lol:

    Крие дека е гладен, ама ќе им каже кога нема да може да истрпи веќе и ќе сака да ги изруча. :rofl:
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Кој на кого да изруча? :o
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Па мислев дека ти мислиш на оние со камионот што беа (што ги најдоа Глен и таа новата, лезбијката), на тој плавиот крупниот малку со сељачки изглед, не ми текнува на името, ама некако многу чуден ми беше, како некој психопат, мислам дека е човекојадец. Тешко дека беа упатени некаде кај што го носеа тој малку чудниот со косата, не ми изгледа баш на научник кој би ја решил ситуацијата и би пронашол лек. Серијава има уште да трае, затоа ги развлекуваат епизодиве без врска, ми изгледа дека ќе го направат хаос како лост. Може и марсовци да се појават како виновници за уништувањето на светот, од причина што после The walking dead, се појавија неколку играни филмови со слична дури иста тематика, па веќе не е интересно со зомби пипл.
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Лезбејка? :rofl: Од кај дозна дека е лезбејка? Т.е. ако во новава епизода ако не се смувала со некоја. Иначе лост ја расипаа 3 и 4 сезона. Исто и оваа.
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Имаш голем минус за ова :rofl: , како си можел да пропуштиш такво нешто, тоа не беше само момент туку имаше повеке "шмекања", сети се кога беа со гувернерот во камповите, кога гувернерот ги испоуби сите.
    Еве ти ја серијата, гледај внимателно особено моментот од 2:52

    http://www.youtube.com/watch?v=u5m086eKAw8