1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто на повеќето фанови му е досадна оваа половина, мене ми е предобра, можеби и најдобра до сега :wasntme: Ако треба 20 епизоди ќе гледам кај што е се развлечено ама има повеќе за ликовите, отколку 2-3 епизоди со масовно убивање на зомби.. Иако епизодиве ги имат и двете :)

    jfc, никој не може да ми кажи дека нема ништо помеѓу Дерил и Бет, посебно по последнава епизода :lol: Знам дека таа е далеку помлада од него, ама неможам, оние сцените кога ја креваше па и кога и кажуваше (со поглед) дека поради неа мисли дека има добри луѓе, ме уништија :inlove:
    Колку и да беше интересна епизодава за нив, крајот ептен ме натажи, Дерил како трчаше по колата.. :doh: А тие што се појавија, се си мислам дека или тие ја зедоја Бет, или се тие канибалите.. или и двете.. А посебно она кога му рече - зошто да се самоубие кога може да убива други луѓе (така нешто мислам беше) :^) Не ми се веруваше колку лесно се согласи да оди со нив..

    Боб, Саша и Меги искрено ми беа малку досадни, мислам интересно беше да се навлезе подлабоко во нивните ликови, ама сакам повеќе да ги видам и главните ликови.. Рик и Мишон одамна ги немаме видено, не верував дека некогаш ќе ми фалат Рик и Карл ама ете... :$ :lol:

    И како бе уште 3 епизоди?? :worried: Она на крај стварно ме изненади, 1 месец чекав и се опуштив сега, си мислев ќе се изнагледам а тоа уште малку и ќе заврши..
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Што беше тоа на почеток?
    Како може
    Боб да не се сеќава на Дерил и Џеки Чен???? А беа заедно во затворот и се знаеја.
    Не ми е јасно ова. :?:
     
  3. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Хахахха :rofl: Тоа беше од порано, како го нашле, нели имаа зборувано со Дерил за тоа дека кога го нашле бил сосема сам :) И ај да не ги слушнеше убаво тогаш, ама Дерил со пончото, Глен во кола, не ти се чинеше малку како да е од порано?? :D
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас помислив дека ги фатиле овие од кампот и им ги избришале сеќавањата во лабароторија, па ги пратиле да ги дособерат другите од бандата. :lol:
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Ти се мешаш со друг филм :rofl:

    Туку овој Боб нели беше порано со гувернерот?

    И мислам дека Дерил прифати да оди со оние што се појавија на крај, како прво дека немаше друг избор (да го убиеше тој главниот, автоматски ќе беше мртов, да пробаше со борба-пак немаше да успее сам, сите беа со оружје), како второ, ако покаже негативност кон нив само повеќе ќе ги разлутеше а и ќе им дадеше до знаење дека е против нив, и како трето-мислам дека претпоставуваше дека тие ја земаа Бет или барем дека можат да му помогнат во потрагата. Да не му беше за Бет можеби и ќе пробаше да ги налути.
    Досадна стана серијава, никаква акција, пак ќе кажам многу го тупат со Дерил и Бет, барем секс па паднеше, апокалипса е а тие ќе гледале старосни разлики, абе не зезај.
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    А онаа па дрољата му кидна со колата. Го остави сам....ц ц ц ц ц... :x
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    ^ Дроља?
    Не знам дали примети, ама ранецот и беше растурен на земја, што укажува дека некој ја киднапираше, не му замина по своја волја.
    Многу очигледно беше, не е некоја филозофија.
     
  8. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Да да секако дека ја грабна некој само прашањето е кој.А мислам дека таа бандата на која што налета Дерил ќе му помогне да ја пронајде Бет.Не знам само така си нагодувам ама сигурна сум дека ќе има многу зафрканции со таа банда.Нели тоа беа истите луѓе од кои побегна и Рик кога се уште беа во онаа куќа со Мишон и Карл.Сега за сега стварно е здодевно многу ама претчувствувам дека се ближи заплетот,а интересно ќе биде кога сите полека ќе се соберат пак заедно.И сигурна сум дека ќе падне многу крв повторно.Едвај чекам некоја акција пак.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Он изгледа мисли на филмот со Ричард Гир и Џулија Робертс. :rofl:
     
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Пак ќе биде исто како со Гувернерот. Само што друг лик ќе ги прави истите работи како него. :lol:
     
  11. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Се додека не дојде моментот да се соберат и најдат сите во кампот (тоа посекако ќе биде во последната епизода), дотогаш ќе се тегнат за сите да бидеме во очекување што ќе се случи со нив..
    Досадно ми е, бидејќи од толку акција наеднаш прерасна во драма. А инаку едвај го чекам крајот, да видам што ќе се случи со нив, дали ќе бидат спасени или не :)
     
  12. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Хахах Марик очигледно некоја друга серија гледа :rofl:

    Abeja - Нее, Боб уште од почетокот на сезоната со нив беше, а кога се појави беше нов лик - не од тие што беа порано со гувернерот.. Баш памтам кога одеа Дерил, Саша, Зек и другите во супермаркетот за храна (на шопинг кога беа :D ), за првпат се појави Боб и зборуваа за тоа каде бил порано.. А од кај Гувернерот сите се мртви, само Тајрис и Саша беа за кратко време кај него :wasntme:

    И имаш право за тоа со Дерил, ама се надевам нема да си го загрози животот додека е со нив.. :?:
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Абе што само ми пишуваш друга серија па друга серија. Тоа е мое предвидување за крајот.... ]:)
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Oвие изгледа пак како првата половина прават, ни даваат некои лесни, за некои и досадни епизоди, за на крај да ја сместат цела акција и смртта на некои важни ликови.. :tmi: Некако лошо претчуство имам.. :?:

    Епизодава не ми беше нешто посебно, не ми е ни Керол една од омилените, ниту па малите... Ама ептен шокирачка беше :x Знаев дека онаа Лизи е ненормална, ама не до толку дека и сестра и ќе си ја убие.. :fubar: Немаше друг начин, дури и мило ми падна кога Керол ја уби... :?: Од Тајрис очекував да и прости, нема да е исто сега ама барем ја знае вистината..

    И толку, немам ништо повеќе да кажам за епизодава :rofl: А наредната (и таа после неа) изгледа интересна, како што реков погоре, со повеќе акција, само се надевам нема да се соочат оние со Дерил со тие со Глен или со Рик.. :?:

    П.С. Kaко имаат струја?? Керол си готви, си врие вода, да не имаат и топла вода за туширање случајно?? :rofl:
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Шпоретот беше на гас ;)

    После неколку прилично глупи епизоди последнава и не беше толку лоша.
    Го читам стрипот, некаде до 85 епизода сум и дејството е неспоредливо подобро во однос на серијата. Некои од главните ликови воопшто и ги нема во стрипот, многу работи се испревртени, измешани. Малку тешко се привикнува на ликовите, чудно е што некои кои се одамна мртви во сценариото на серијата, во стрипот сеуште имаат битни функции во дејството. Во секој број од стрипот на крај има прашања од обожавателите и одговори од авторот од кои може да се дознае повеќе за ликовите, нивните судбини, плановите на авторот за нив, однесувањето на "шетачите",...
    Секој кој мисли дека не вреди да се чека со месеци и да се изгледаат еден куп досадни епизоди за да не врати авторот на она што ние сакаме да го гледаме, слободно нека го симне стрипот и нека ужива. Ќе стане рамнодушен кон серијата.
     
  16. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Jaс се согласувам со MaggieTatum што пишала погоре, а мислев само на мене и дечко ми ни е предобра оваа сезона. Сите се жалат на спор развој на дејства, премалку зомби акција и што не, а мене па ми се допаѓа таа промена за разлика од предходната сезона со Гувернерот.
    Ми се допаѓаат многу овие епизоди бидејки се градат карактерите, се приврзуваме со ликовите и слично. Незнам зашто, веројатно што сум голем фан на драми, па ми се допаѓа овој стил на епизодите. Не дека не ги сакам и оние полни со акција и пресврти, ама овие ми беа како breath of fresh air. Единствено не ми се допаѓаше епизодата со Дерил и Бет и ракијата. Некако премногу ми беше cheesy. Иначе слушнав дека продуцентите изјавиле дека односот помеѓу Дерил и Бет бил платонски, пријателски, нешто така.

    Ми се допаѓаат новите ликови, Абрахам и компанија. И научникот иако чисто сумњам дека знае како да стави крај на епидемијата, и нешто повеќе за вирусот. Моја теорија е дека може бил нешто science teacher, па бидејки видовме дека не го бива со оружје, сфатил дека најдобар начин за да преживее е да има некој да го штити 24/7. А подобар начин да убедиш некого во тоа, од да му кажеш дека знаеш како да го спасиш човештвото нема. Ама сепак не мислам дека е лош, туку кутриот знае дека друг начин за да преживее нема.

    Некако ми мириса дека ќе се простиме со Меги, тоа горењето на сликата многу симболично ми дојде, или може само си играат со нас така :) кој знае..

    Иначе неможеш да ги споредуваш премногу стриповите со серијата. Бидејки иако се држат до некаде до курсот по кој се движи стрипот, сепак уште од сам почеток кажаа дека не е директна интерпретација и дека ќе си земат доста креативна слобода и тоа ми се допаѓа на мене, зашто да беше директна интерпретација сите ќе бевме спојлерисани до бескрај и која е поентата на гледање. Барем тоа е мое мислење. И јас се спремам да ги читам стриповите,а ја играв прва сезона на ТеllTale играта, да ви препорачам на сите што сте фанови на серијата. Играта е ремек дело. Се смеев, се радував, плачев додека ја играв :)

    А за последните епизоди, очекував таков исход за Лизи. Керол ми е еден од поомилените ликови, а и жената добро глуми, последните 15 мин од епизодата ми беа маестрално изведени.
    Групава на Дерил ме иритира, поготово лидерот, Џо ли беше, не ми текнува. Ама ми се допадна теоријата за домашните и уличните мачки што му ја објасни на Дерил. Ама фак ит, кога Мишон може да се внесе во улога на big sister figure за Карл, ќе може и он да биде indoor cat :) Не верувам дека Дерил ќе им го сврти грбот на останативе.
    Терминус ми дава некој канибал вајб, дали поради играта, во која имаше слично сценарио, и дека ми е тазе играна, ме асоцираше на тоа. И таа Мери, не ми делува на фина женичка.
    Ама шпекулации на страна, по трејлерот се гледа дека shit's about to go down.
    И 100 посто ќе има голема смрт. Јас типувам на Меги или Глен.. Иако воопшто не ми е мило од таа помисла.
    +Рик гарант ќе се врати во killing mode, доста му беше играње чичко фармер.

    И за крај на овој долгометражен пост да спомнам за музиката во серијава. I love me some good music во серија а во ТWD не недостасува таква :)
    Овие две ми вртат константно на плеер, прекраснотии.
    http://www.youtube.com/watch?v=DaH4W1rY9us
    http://www.youtube.com/watch?v=6pP5O9WamKc
     
    На 1209, MaggieTatum, Meredit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ауу јака епизода :x

    Знаев дека овие од кампусов не се како што треба, туку така ќе викаат луѓе да им се придружат. Тие ги викаат за да ги јадат. Ајде барем групава пак се соедини иако им фалат уште тројца. Убаво си кажа Рик на крајот тие незнаат со кого си имаат работа :) Али Рик беше врвот во епизодава, како го гризна тој, али сепак луѓево од кампусов се баш како зомбињана. Си нашле и они некој начин за да преживеат.

    Кој ќе чека сега следна сезона :( :D
     
  18. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    ^^
    Богами ќе пукнам до наредната сезона..дефинитивно последнава епизода најдобра од вториов дел на 4 сезона :D Ова се чекаше

    Ми се згрози од сцената со тој дебелиот што сакаше да го силува Карл - WTF аман брее до толку ли ти дошло?? Требаше Рик да го помачи
     
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Прејака епизода :wasntme:

    Иако знаев доста спојлери/шпекулации (за канибалите, за Карл и оној што ќе го силуваше), сепак многу работи ми беа неочекувани и интересни :) Дерил+Mишон = bad ass епизода :D Иако во епизодава Рик беше оној што најмногу зачуди, навистина доста беше, конечно стана сериозен :lol: Очекував неколку прегратки (барем помеѓу Рик и Дерил) aма и она беше доволно -
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] :inlove: И мислев дека ќе излези и Тајрис со бебето, многу нереалистични очекувања имав изгледа :D Ама епизодава имаше од се по нешто, акција, драма, bromance, BAMF :lol: и не беше онај типичен крај на кој сме навикнати, со многу зомби или со многу убиства :wasntme:
    Сега 6 месеци треба да чекаме, ама вреди :lol:

    едит: морав да го додадам овој гифсет ^_^ -
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    ^^
    Лелее, грешка во гифови :rofl: Неможам да редактирам а и не е многу важно ама - на местото на вториот гиф надолу (лево), треба да стои овој гиф -
    [​IMG] :rofl: :rofl: