1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Walking Dead

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AlicaInWonderland, 5 декември 2011.

  1. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Јас вчера напишав детална анализа на епизодава, за кога ќе стиснам испрати да сфатам дека не сум била логирана, и целиот реферат истипкан залудно.
    Затоа сеа нема да се објаснувам на долго и широко.
    За почеток да кажам епизодиште!

    Ми се допадна што цела епизода се вртеше околу Рик и неговата внатрешна борба помеѓу пасивниот фармер Рик, и Рик човекот од акција, или како што би го нарекла јас гладен Рик. Ми се допадна флешбекот, и Хершел, секако мојот сладок дедо Хершел, што уште неможам да го преболам.

    И нели доаѓа главниот момент, папа Рик со неговиот зомби потег, и одгризувањето на вратната артерија на Џо, пошто Рик e motherfucker! Мислам подобро неможеше да се прикаже тој момент :
    Џо - what are you going to do ?
    Рик - оm nom nom!
    Ендру глумење перфекција цела епизода!

    Ми се допадна исто премногу дијалогот помеѓу Мишон и Карл. Ми се допаѓа врската на Мишон и Карл, заштитничка, грижлива, но сепак не чисто мајчинска.

    И Терминус, многу јасно, премногу добро за да биде вистинито. Не ни дадода дефинитивен одговор дали се канибалистички настроени Мери и компанија, ама чисто сумњам дека не се, купот коски беа како индиректен одговор мислам.

    Крајот беше некако битерсвит, ама задоволителен, бев среќна што се конечно заедно без разлика на околностите и смирувачки беше фактот дека на никој не му фалеше дел од телото!

    Минус ми е само тоа што не ги видов Бет, Керол и Тајрис со бејби Џудит.
    Ама сигурна сум дека Бет не е мртва бидејки и во 5та сезона е сеуште во регулар каст, а и не верувам дека ќе би ја убиле без да го прикажат тоа на тв или пак да го прикажат како флешбек...
    И тоа е тоа, пауза до октомври, среќа во недела почнува ГоТ инаку којзнае во какви депресии ќе заглавев.
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јак завршеток. Едвај чекам нова сезона. :lol:
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Не верував дека сезонава ќе заврши вака глупаво. Добро беше тоа што ги убија досадните што одеа со Дерил и пак се соединија со Рик, Карл и Мишон. Знаев дека Терминус не е никакво идеално место уште кога Саша отиде со дечко и, а ги сретна жена која така смирено ладно ги пречека, без некоја возбуда и гостопримливост.
    Претпоставував дека Рик нема да поверува во приказната за засолништето, очекував да си сокрие оружје ама и очекував да се разделат или барем тој и Дерил да отидеа да ја испитаат ситуацијата, па во случај на тоа што се случи, да дојдат другите за да ги спасат. Ама како ќе има наредна сезона.
    А и каков смотан завршеток, Рик кога го откачи бисерот на сезоната, дека не било се како што изгледало и сите очекуваат да каже некоја идеја за излез или дека зачувал оружје или нож во себе, а тој одлепи-не знаат со кого си имаат работа! :rofl: :rofl: Баш утешително.
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Луѓе кога излегува следна сезона? Не можам да чекам повеќе ;(
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ехеее септември-октомври.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Јас почнав вчера да ја гледам серијава и ептен се заразив.Многу сум среќна дека најдов серија што летово ќе ми го задржи вниманието, некако бев безнадежна зошто мислев дека ги имам веќе изгледано сите добри серии, ама сум погрешила.Сега сум 2ра сезона кон средината, арно ама јас сум нестрплива и сакам да знам дали воопшто во текот на серијата ќе се дознае кој прв го добил вирусот и како се одвивало заразувањето и такви работи, може ќе разјаснат натаму, ама мене не ми се чека па ќе бидам многу благодарна ако некој од вас ми објасни што како е.
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Не е кажано како почнало се, не е кажано ниту дали станува збор за вирус некој конкретен...
    Колку што знам ниту во стриповите тоа не е објаснето, така да има шанса и во серијава да остане непознато...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    24.174
    Пол:
    Женски
    Слободно можам да кажам дека епизодава беше една од најдобрите од сите епизоди - од сите сезони вкупно до сега.

    Толку бев возбудена и нестрплива, што станав утрово во 6 и ја гледав...

    О-д-л-и-ч-е-н почеток на сезона!
     
    На ariela09 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Значи цареви се. :rock:

    Ја обожавам серијава.
    Буквално секоја епизода не само што ми го задржувала вниманието туку и била полна со безброј измешани емоции. Солзи ќе ми надојдат, ќе се насмеам, ќе се возбудам, ќе се исплашам, ќе се изнервирам... И сето тоа во 40 минути.

    Браво. :clap:
     
    На LittleChili, Butterfly.girl5, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.430
    Пол:
    Женски
    Со која радост ја чекав епизодава и дочекав предобар старт.
    Алал нека им е, моментално ми е омилена серија и на врвот, ги надмина сите.Ми ги задоволи сите критериуми, беше забавна, напната и емотивна, пуштив некоја солза од среќа на крај.Рик и Дерил ми се фаворити, ми иде да ги гушнам.Колку беше емотивен моментот кога Дерил и ја стави главата на рамо на Керол, срце.Ако го умрат случајно во некоја епизода, нема веќе да гледам СЕРИОЗНО!
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lokumce

    lokumce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    18
    Каде да ја гледам новата епизода неможам никако да ја најдам на нет...Ај ве молам некој да ми каже..... :sweat:
     
  14. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    ^ Fox во 22:00 :)
    Серијава :l: . Вчерашната епизода ја гледав, ама некни таа ја пропуштив од старт :( ( гнаса сум)
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Им требаше 5 сезони за да на крај од првата епизода сезона 5 го покажат ликот кој јас сакав да игра таму уште од прва епизода прва сезона .... све нешто го изгубија па ова она и на крај конечно да се појави

    јеееее :D
     
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Кој е тоа?? :?:
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    [​IMG]
     
    На MaggieTatum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Yipman, мислам дека Marick14 прашуваше кој е тоа, затоа што не се сети, не затоа што не го виде :D
    Marick14 - тоа е Морган, уште од почетокот на серијата се запознавме со него, нели Рик престојуваше кај него и кај син му Двејн, па потоа Рик замина за Атланта и се разделија и во меѓувреме жена му (зомби) го касна син му и мораше да ги убие, по што полуде и го видовме во трета сезона каде скоро низ цел град имаше поставено стапици..

    Одличен старт на сезонава, ретко премиерите на нови сезони ми се допаѓаат толку многу, посебно зошто TWD некако ми имаше "паднато" од листата на омилените, па ако продолжи вака можеби повторно ќе се искачи :D Навистина беше премногу емоционална, Дерил кога ја гушна Керол готова бев :doh: Па потоа и Рик и Џудит.. :(
    Кога сум веќе кај Џудит, Тајрис и Керол беа најголеми badasses во епизодава, кога ги уби Тајрис сите зомби и му се врати на оној во колибата, 5 минути се дерев и повторував - You don't fuck with Tyreese!! :rofl: Само ако може некој да ме потсети зошто Тајрис не сакаше да убива претходно, кога беа со Керол?? Ме мрзи да барам а имам слаба меморија :3
    Исто и Рик беше badass, како му се пушти на оној касапот... ]:) Само очекувам малку повеќе Мишон сезонава, ми фалеше :wasntme:
     
  19. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Super e serijava samo 1 I 2 sezona gi imam izgledano do sega
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Па и само тие две сезони се добри, другите се катастрофа.