се изглупираа судиеве.. се изнајадоја го*на. значи неможе некој да остане у шоуто затоа што не знае да прае ништо! се изгуби тотално смислата x factor . па уште и рајлан да победи и врв!
Веќе не гледам ова Спојлер Како можеше Ела да испадне?! Тулиса веќе нема натпреварувачи, а Никол сите троица Дај веќе нека искочи Рајлан, многу ме нервира
Ова веќе не е за гледање ,уствари не е уште од коа го сменија Сајмон али сеа веќе ги поминаа сите граници
па добро.. си замина овој циркузантов рајлан, но шоуто пак не е тоа тоа без ела и кај! ех колку ми е жал што си заминаа а со овие што останаа.. досадни аууу. џејмс се дере, џахмејн писка, крис греота најнавредуван учесник излезе, а јунион џеј најарни ми се. може малку, ама само малку потсетуваат на 1правец али пак ми се подобри од џејмс и џахмејн.
Многу се изнервирав уште кога испаднаа МК1, ми беа апсолутен фаворит, ама сепак го гледам бидејќи е интересно и ме интересира кој ќе победи. Би сакала да победи Џејмс или Џамејн. Не ми се верува дека Рајлан остана подолго од Ела, ама тоа е. Исто многуу ми се свиѓаа Луси и Џејд, се надевам дека ќе имаат свои албуми наскоро
Му честитам на Џејмс Артур, тоа беше мојот втор фаворит и баш ми е драго што победи.Другата година се надевам ќе има уште подобри натпреварувачи а Ела ја чекам се некој нов сингл бидејќи девојката е предобра. http://www.youtube.com/watch?v=bC2TG4B0Kck
ништо не следам јас.. тка да од овој џ фактор ги знам оние унион и у кал как беа кога рекоја нешто за 1Д и тогаш прв пат слупнав за нив инаку..ни занев за ова дека имали џ факрор ни ништо..
епа честито џејмс, иако не ти е заслужена победата. сметам дека џахмејн требаше да победи затоа што џејмс и без овој договор сигурно ќе потишеше со некоја друга издавачка куќа затоа што гласот му е таков, рапав, полн со болка бла бла. додека џахмејн има доста специфичен и пискав глас што не би привлекол многу обожаватели. си стојам на моето дека ела требаше да победи затоа што девојкава навистина имаше најпрекрасен глас од сите! во песните што ги пееше имаше толку многу високи ноти што џејмс може да сонува како ги пее. се надевам догодина сајмон ќе се врати и ќе има поквалитетен x factor.
Убаво си кажа еднаш Gary дека глас како на Ела се нема појавено на X Factor откако победи Леона, и на крај ја ус*а кога го спаси Џејмс наместо Ела. Воопшто не го сакав Џејмс, исто Ела ми беше фаворит ама морам да признаам дека ме воодушеви со Power of Love и Impossible
http://www.youtube.com/watch?v=wB2QICuUcPs Баш ми е супер најавата на овогодинешното Х-Фактор.Одвај ги чекам да почнат.Фан сум на Британското шоу и на британските кандидати
Нема да го даваат британското на Сител,види по другите програми мислам дека на AXL ке го даваат а за колку часот незнам
Почнаа аудициите на Британскиот Х Факот, си најдовте ли некој фаворит?Мене до сега ми се некако млаки, уште не сум пуштила солза и не ме има некој трогнато како минатите сезони ама изгледа уште е рано.До сега можам да кажам дека шанса за понатаму имаат- до сега најмногу ми се допадна, прво како појава а потоа и гласот, на крајот растури www.youtube.com/watch?v=XUbZdMbfNmU на девојчево и е 4ти пат во шоу, преубав глас но мислам дека го нема тој Х фактор што е потребен за да се победи www.youtube.com/watch?v=QnvICX6fhgg моќен глас но мене лично не ми е фаворит www.youtube.com/watch?v=mCylXy-IRGU не е совршено но интересно, ми се допаѓа www.youtube.com/watch?v=Wy5bxNLL3BQ
Нема што, вистинска ѕвезда, и да не победи верувам дека за скоро време ќе се најде некаде помеѓу Ријана и Бијонсе. Еднствено што не ми се допадна околу неа е нејзиното минато, како стигна на 16 години да има нарко историја, алал да и е. Како и да е останува мој фаворит многу далеку пред сите останати. п.с Морам да прокоментирам, кандидатите на ова шоу годинава споредени со американските се далеку подобри ... http://www.youtube.com/watch?v=XUbZdMbfNmU
офффф колку беше тешко во боот камп а топрва како што гледам во куќата на судиите ќе има повеќе плачење Спојлер За изборот на судиите во боот камп беше ок, само што ме зачуди Луис на крај кога го исфрли Алехандро, баш ми беше латино лавр.А тоа малото на крај на последната столица срце како плачеше само па искрено незнам дали ќе издржи за лајф шоу, е дури тогаш притисокот е голем.Сега за сега фаворит ми е Тамера, ми го има тој х фактор што е потребен http://www.youtube.com/watch?v=ZQr9My4x ... fKxpUKSx-R
Лелееее колку ми беше жал за Спојлер Џозеф ... не ми се веруваше искрено дека Шерон така одбра, јас ќе одберев многу поинаку и очекував да одбере поинаку ама тоа е што е... и Луи направи една грешка според мене и тоа голема, ќе видиме што ќе биде понатаму. Од сите до сега само тоа малото детуле ми се свиѓа што ја пееше thousand years на една од аудициите.
Δ Јас пак се молев Шарон да да го направи тој избор за што ти е жал. Да не ставам спојлери, затоа така го пишувам Од сама причина, ај да имаше некоја жална приказна позади па да се некој сожали, гласот не е нешто посебно, а додуша ни еден кандидат над 25 оваа година не ми е саглам и само пополнува квота по мое мислење, нема тука победник. Ама во случајов како неименуваната појава досега се трескаше од земја, таква нестабилна фигура или глумење дива, изигруваше ли не знам, ама ушто од почеток ми идеше на аудициите да си ја изгризам левата нога и да ја фрлам кон телевизорот за да го скршам. И кај кандидатите на Луи нема победник, макар што ме изненади со оноа дивото неисчешлано дете. Гласно реков, стварно? Единствено ме интересира како час Никол ќе избере, оти оваа година парите ми се на женско победниче. Освен ако не се заинати британската публика и од узур, инат и поента не направи пакост и изгласа фалш кандидат само за да Сајмон заглави