И јас не знам како се одлучи Рита,кои емоции ги имаше на сцената,девојките плачеа,јас со нив Тие им се најталентирани,јас посебно си ја обожавам Луиза,многу ми е кул и јака женска.
Спојлер Да, Луиза е од појаките, мислам дека Хава нема баш да се покаже и таа плавата, Клои. Цело време мислеше дека ќе ја смени зашто не е сигурна во себе и знае дека не е доволно добра. И Кира ми се свиѓа многу, има потенцијал. Онаа Моника од лани некако префорсирана е, ама мислам дека нема далеку да турка. Утре Сајмон со постарите, само не знам зашто така лошо изреагира кога слушна на кого е ментор, а има и таму таленти. Ептен е стресно, до крај не знаеш дали си поминал или не, таман ќе се израдуваш и може ќе те сменат. Па тој што седи прв на столчето до крај се тресе и се моли сите да ја утнат работата.
Ги одбраа и момците,иако за мене беа далеку полоши. Единствено би ги издвоила Бен и Че,имаа прекрасни изведби.Џош ме воодушеви со аудицијата,ама на 6 chair не беше ништо посебно. Туку,зошто пак го вратија Мејсон? Знам дека се откажа Том,ама Мејсон беше првенствено елиминиран,и Сајмон се испокара баш агресивно со него. А типот не пее лошо,имаше и јак перформанс,само да не беше толку арогантен и надмен,ужасно антипатичен. Ѕирнав дел и од групите,4th Power ми останаа омилени,а се гледа дека и Сајмон ги обожава.Освен нив,Alien не беа лоши,ама чудни ми се малку,и не секогаш хармонизирани.
После првиот лајф,прилично сум сигурна дека некоја од групите ќе победи Растураат и 4Импакт и Елиен Анкаврд,женските имаат и гласови и сценски настап и огромна самодоверба.Веќе се ѕвезди.
Виде кој испадна? Спојлер Според постот не си видела изгледа. Јас сум за 4импакт да победат, за мене веќе се победници, комплетна група се, синхронизирани, сит со одлични гласови, како една да е во 4 тела. На Сајмон се најслаби, он самиот го знаеше тоа, затоа се изнервира кога ги доби нив да им биде ментор.
Спојлер ЕЕ,видов само за Бупси,не знаев дека и Вонземјаните Како и да е,4импакт се многу појаки исто и за мене се победници Инаку да,на Сајмон се најслаби,ама мислам и најчесто му се паѓаат над 25 и групите,му ја тестираат способноста
Спојлер Елиен не ми се свиѓаа нешто посебно, ама па не беа и лоши, беа интересни и различни и не требаше да испаднат меѓу првите. Од кај Сајмон требаше да си оди некој дефинитивно. Оној Мет ли како се викаше, ептен лошо пееше, а и оној Мејсон што го вратија ми е одвратен. Се занесува само, ништо повеќе.
Спојлер Сериозно кој гласа за овој Мејсон Нојс не ми е јасно, нема воопшто талент ,а и самиот Ник не знам како можеше да го избере. Дефинитивни вечерва заслужуваше да си оди. Ај за Кира пак не ми е толку жал зашто реално од девојкиве беше најслаба, ама Шон беше далеку подобар од Мејсон. Инаку мислам дека најмногу што заслужуваше вечерва да си оди е Антон. Најлоша изведба дефинитивно. Не знам дали Сајмон намерно му дава волку лоши песни али дури мене ме изеде срам додека му го гледав настапот, брука жива. Не знам зашто толку ги форсираат 4th Impact еве гледам и вас ви се омилени ама ич не ми се свиѓаат. Заедно да, звучат супер ама посебно кога ги пејат деловиве само се дерат,а не ги ни разбирам зборовите. Единствено една девојка ми пее убаво другите само викаат. Дали и Шерил не им бира добри песни, не знам. Најфаворит ми е девојкава, Луиза Џонсон, скроз од појава, однесување на сцена, фантастичен глас, деф заслужува победа. Исто и Че е предобар вокал,а и баш ми е симпатичен. Некој од нив двајца да победи нема да ми биде криво.
Спојлер Пфффф Шон и Кира еј, врска нема, оној Мејсон ни икс ни чкљ фактор нема. Шон веројатно си отиде зашто не се вклопува во некој калап и тоа е тоа. Јас мислам дека Луиза има најголеми шанси да победи, целосен пакет е, глас, изглед, харизма, се комплет. Инаку жал ми беше за Моника, каква ја направиле, како во некакво кабаре да пее, не личеше на сериозна пејачка, нити ми беше секси, повеќе беше вулгарно и порно. А но нејзе не и беше згодно. Плус, целава тема некако им беше нејасна, и самите не знаеја дали се реинвентираат пејачите или песните. Па после ова не беше ти. Епа нели поентата беше да бидат нешто друго?
Веќе неколку години уназад престанувам да го гледам шоуво кога почнуваат настапите во живо т.е ги следам но со прескокнување. Прво заради ужасниот избор на песни кои некои од судиите го прават, второ заради учесниците, трето заради гласањето итн итн. Од досега она што го видов ќе кажам браво за девојките на Рита сите до една знаат што прават, посебно Луиса и таа ниската што конечно и ја средија фризурата . Жал ми е што си отидоа девојките од групата Елиен затоа што навистина ми се допаднаа, беа поразлични и настапите им беа добри. Се друго ужас. Како што спомна погоре една феминка, тие сестрите само се дерат на сцена и се премногу еуфорични, момците на Ник и на Сајмон старците се како изгубени, не се истакнуваат ништо посебно, оддд групите како што кажав само Елиен ми се допаднаа и тоа е тоа. Катастрофа оваа година, реков ќе се подобри сега дека Сајмон се врати назад но ништо. Ми фали Луи.
Вториот лајф ми беше предосаден и не ми се допаднаа песните што ги избрале,барем на повеќето. 4Импакт изгледа ги урочив бидејќи и не беа ич хармонизирани,баш како да крекаа вриштеа,што не значи дека ќе ми се смени мислењето дека се прејаки Луиза растури комплетно,исто ми е голем фаворит,а да не ти се верува дека е само 17 години. И Че срце убаво,секогаш со емоции ја изведува песната,цела се наежив додека го слушав. Антон беше катастрофа. Мејсон навистина е океј вокал,можеби подобар споредено со одредени,ама типот колку е антипатичен,површен и вештачки,стварно џабе му е гласот. Другите не вредат за коментирање,досадни се и просечни.
Спојлер Не знам зашто ви звучат 4th impact дека се дерат, мене сите убаво ми пеат. И вчерашниот настап им беше одличен, хармонија, енергија, супер се. И сезонава ми е одлична, доста таленти има, јас не ја ни премотувам епизодата, сите ги слушам, што ретко се случува. Сакам Макс или Мејсон да испаднат, не знам што слушнаа толку убаво во гласот на Макс, ама човекот ми е безбоен, невпечатлив, треба да си оди.
Луѓе гледавте ли? Јас уште не можам да поверувам. Спојлер 4th Impact не беа дефинитивно за испаѓање, не сум некој нивни голем фан ама последниве два настапа им беа одлични. Ако некој требаше да отпадне и тоа баш сега кога се ближи финалето се Reggie and Bollie. Интересни се,знаат да направат атмосфера ама не знаат да пејат,плус последните два настапа им беа катастрофални,ужасни! Или Че, ја упропасти Хело од Адел,не знам што му стана баш при крајов,настапите му се разочарувачки. Ако останат Reggie and Bollie во финале ќе се отрујам!
Каде гледаш вака порано? Утре тука може да се гледа епизодата со испаѓање, се спојлерисав сега ептен. Спојлер Како испаднале лелеееее, тапа, оние Реџи и Боли се истото секој пат, не ни гледаат како пејат, битно енергија има. Уфффф баш ми е жал.
Спојлер Сега ја изгледав епизодата. Покомплетна група до сега немало. Штета ептен. Лорен нема икс фактор, мене не ми личи на ѕвезда, ми личи ко да се симнала од некое селце од рурална Англија. Луиза ќе победи, јасно е ко ден.
И јас се спојлерисав хаха, ја имам лајкнато страната на фејсбук,а таму одма ги објавуваат видеата и ги отворив на јутјуб.
Спојлер Уште не ми се верува како RnB завршија во финале. Како и да е,ептен се израдував за Луиза,најзаслужена победа.