На 12ти септември започна да се емитува втората сезона на американскиот Икс Фактор. Судии се Ел Еј Рид, Бритни Спирс, Деми Ловато и нормално, Сајмон Кауел. Минатата сезона ја гледав, ама некако не беше нешто интересна и полна со таленти, за разлика од оваа. За време на овие неколку аудиции што поминаа се појавија прекрасни таленти, а нормално не изостануваат ни лудаците, инаку како би се посмеале. https://www.youtube.com/watch?v=ffyZNW7Ra7M Девојчето што остави навистина голем впечаток и верувам дека ќе дотурка далеку. https://www.youtube.com/watch?v=YBBPJP3QDL0 Имаше изгледи да влезе во листата на лудаците, ама сепак извади добар глас. https://www.youtube.com/watch?v=ID34lX_4m5I Леле кога кажуваше како го добила името... Душичка е женава, има толку душа во неа. Од судиите Бритни ме нервира некако, се надева на неа дека ќе им донесе поголема гледаност, ама рејтинзите се се послаби. За водители на вечерите во живо се шпекулира дека ќе бидат Марио Лопез и Клои Кардашијан. Што мислите за изборот? Кои се вашите омилени таленти до сега и вашето мислење за судиите?
Го следам и овој x factor. го изгледав и ланскиот и се согласувам дека немаше многу таленти ама глупости немаше толку на тој колку што има на овој :/ омилен од американскиов х фактор немам, што знам зошто, не ми оставил некој толку многу голем впечаток за да го форсирам многу. изборот на судиите мислам дека е тотален промашај! освен, нели секако Сајмон и Ел Еј Рид. Не ми се допаѓаат коментарите на Деми и Бритни (omg you're so cute, i think you are sweet, that was great и слично) а и сметам дека Деми е премногу млада да биде во жири. Многу се изненадив кога ја видов. Тоа е . Ќе го гледам и овој до крај за да видам кој ќе ги земе 5те милиони.
Jас го гледам овој, а Британскиот не. Го следам само поради Сајмон, а плус и зашто мразам Британски акцент,едноставно не го можам, само Сајмон си го трпам Мене ми е многу интересен, само многу малку видеа ставаат И плус долго се чека за нови, неколку дена. Морам да кажам дека има, навистина има јаки таленти, ама би сакала повеќе и тие фриковите да ги тураат, не за друго, заради коментарите на Сајмон Cудиите се ок, само Бритни нека си го фати патот, толку злобно, толку вештачко суштество не сум видела, сака да се прави интересна, ама она насмевкана и е одвратна вештачка,не ми е ич интересна, плус е огрдена максимално, а и нема некои гласовни способности, кој ја ставил овде јас не знам Многу се смеев за борбата помеѓу Пејџ и онаа грдана плавуша . Додека пееше девојчето, кое бај д веј е ем убава ем талентирана, онаа љубоморна, прави фаци, у фазону ја сум боље,АЈ ГАТ ДИС, јес, мај ај Кој лета високо ниско си паѓа.... Eве ја пејџ http://www.youtube.com/watch?v=jeZMdGWE ... plpp_video A еве ја и онаа Kокошкана што праеше фаци дури девојчево си пееше http://www.youtube.com/watch?v=lxiSe9K5 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=mEo3gQjj ... plpp_video Eве, пукајте сеир, значи ептен сум се смеела со онаа теткарската плавуша Mногу мразам љубоморни створови Eдит- Mене лично, еден од подобрите впечатоци ми остави- http://www.youtube.com/watch?v=EpbCcwmS ... plpp_video
Бритни кога му ја носеше тортата на Ел Еј Рид како му ја пееше хеп брдеј, гласот и се тресеше ко на српска турбофолк певаљка. И стварно е многу грда во тоа фацата, колку остарено делува некако. Само Сајмон и Рид имаат корисни коментари, овие двете, баш погоре како што кажаа, cute, бла, бла, срање нешто.
На која програма ги гледате пааа? Јас само на ју туб што ќе си начекам си гледам, не можам цела епизода да најдам никако! Или сум трупче или немам среќа Инаку на јутуб растурам, милон видеа може имам гледано Ајде дами, бидете ми од помош Инаку овој Сајмон го обожавам, ама значи го обожавам. Многу ми е секси, многу ми е срцка, абе би го гушнала и би го згмечила да е до мене А оваа Деми, порано не ми беше омилена, ама некако ја засакав, многу искрени емоции ми покажува, многу е добра...
http://one-tvshows.eu/tv/the-x-factor-us Eве линк со цели епизоди јас онлајн кај што го гледам. Пуштете го на putlocker и нема гајле. Ако го нема тој host, пробајте и со другите.
И јас го гледам овој, некако позабавен ми е од Британскиот. Башка Сајмон е легенда, не може да се замисли X Factor без него. Една добра аудиција http://www.youtube.com/watch?v=tZnsFaja ... UHZtdz43jA и... http://www.youtube.com/watch?v=NaTSI5Fq ... UHZtdz43jA
Реин, а секој ден има нови епизоди? или?Мило ми е за темава, сега има каде да се дружиме. И најјаката мисла некогаш проговорена на ова шоу- Од Мастер Сајмон you were singing notes that have never been invented. Pеченицава ќе ја памтам за век и векова, Aмин
Многу ми се допаѓа како пее човечево http://www.youtube.com/watch?v=KWZWuVCXqRg А овој? http://www.youtube.com/watch?v=_C66QzJr ... ce=message
Гледајќи ги видеава морам да кажам дека Бритни ме вади од такт. Ми се чини дека нема дадено еден издржан коментар, како да ги прати реакциите на Сајмон и Деми, па според нив, склопува и свој аргумент. Реакциите и фаците што ги прави ја издаваат. Многу, премногу лоши фаци прави, што не и личат на годините, поготово затоа што нема ни грам лепота повеќе. Деми иако е многу помлада делува толку многу музички пообразувана од Бритни.
Деми не само што музички е пообразувана(искрено јас не ни знаев која е девојкава, од шоуво ја дознав, и прогуглав) Ами и е многу позитивна, убава, и за око и да ја слушаш, слатка, мила девојка, со оглед на тоа што има само 20 години. А Бритни ја прокоментирав Bештак
Значи, што и да правам на интернет, секогаш завршувам гледајќи аудиции и обавезно расплакана, без разлика дали се работи за Американскиов X factor, Британскиот, и било кое друго слично шоу. Конкретно сега од оваа сезона на овој X factor, фаворит ми е ова детенце: Многу е мил и позитивен, со прекрасна насмевка, уживав да го гледам и пред да почне да пее. http://www.youtube.com/watch?v=KWZWuVCX ... plpp_video А, што се однесува до тоа девојчето Carly, кое ја пееше Feeling Good од Нина Симон, од кое сите беа воодушевени, мислам дека не и е место на шоуово. Навистина има талент и прекрасен глас, но читав дека веќе има настапувано дури и на Бродвеј, односно она е веќе откриен талент, зошто би доаѓала на аудиција сега, кога има сериозно започнато со градење на кариера? Нема потреба.
http://www.youtube.com/watch?v=SAEwDZ0b9-U До негде е во право типов, ама сепак Деми има талент. Каков таков, го има. Мислам дека подобро би било да и го кажел ова на Бритни директно. Причини нема потреба да објаснувам, нели?
Јао таман ја изнавредив песнава, сегде почна да ми се појавува ко за инает Гледајте малку гангам СТАЈЛ и смејте се. http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=13
Среда и четврток се емитуваат, а следниот ден има линкови. Сега додека траат аудициите е така, па после ќе се менува распоредот. Мене ме нервира оној дел кога одат во домовите на жирито и таму се селектираат, многу ми е досадно некако и монотоно. Ај може годинава ќе биде поинтересно.
http://www.youtube.com/watch?v=CqjroNlL4pI Оваа е девојката лани што победи, ова е нејзината прва аудиција, ама ме наежи премногу, посебно зошто ја обожавам песнава а девојкава многу добро ја испеа Сега ќе и ги гледам сите видеа по ред Што да правам досадно е
Мене па не ме бендисува многу ланската победничка. Има глас, ама нема ништо друго. Некако ми нема харизма, ни па некоја појава, што знам... Се надевам годинава ќе победи некој поасален.