Јас поштено си се изнаплакав на изведбава од Дајмонд. https://www.youtube.com/watch?v=2SZgXnC ... S5lN_4a9tB
Епа си се изнаплакав поштено Многу емотивни изведби,секоја приказна ме допре.Премногу бев изненадена од Дајмонд и сите беа одлични! И ептен,ама ептен ми ги погодија песните.
Навистина беше многу емоционална вечер. Сите дадоа се од себе,сите беа супер,навистина ќе биде многу тешко вечер, прв пат да не сакам никој да си замине.Сиси иако од почетокот не ми е во фаворити,синоќа нејзината приказна ме погоди нај многу Се радувам што Деми му призна на Вино дека навистина беше не коректна спрема него
Мислев дека до ПМС-то ми е, оти се изнаплакав, ама кога прочитав дека и на вас истото ви се случило, се утешив. Немаше на кого не пуштив солзи, освен на Вино за Американските војници , Тејт, Фифт хармони и ЕмблемТројче ги рипнав. Класично на Карли леам солзи дробни, ко да нема утре. Сега се смеам, ама се изнаплакав. Ма немам зборови за неа веќе. И ги опростувам сите фалшеви на Пејџ, беше до болка емотивно. Кога ти доаѓаат такви емоции, просто не можеш да го контролираш гласот, а таа си е плачка ко и обично, така да . . . И приказната на Сиси ме трогна и расплака, но нејзиното пеење беше ужасно, на нерви идеше од што беше константно фалшливо. Стварно е глупо да се збори, но не им земам никому за зло за фалширањето, зошто се чувствуваше колку емоции носеа со себе. И јас ко Дајмонд ако би пеела вчера на Икс фактор, би пеела за мајка ми, со истата песна, зошто таа ми е најголема инспирација. Ме утепа со настапот. Арин воопшто не ми се допадна. Се мотал со црнката од Фифт хармони, и коментар на јутуб: Арин + Нормани = Армани.
^ Навистина, настрана трогателните приказни, Сиси пееше благоречено ужасно. Всушност она никогаш до сега не ме воодушевила со гласот, така да... јас сакам она да си замине утре.
И јас како вас, на секоја изведба се ежев и си потплачнував. Стварно многу емотивни настапи. Ќе го издвојам Арин, бидејќи воопшто не беше негова вина што изборот на песна беше сосема погрешен. И во стилот, и во гласот, песната не му одговараше. Мислам ќе биде меѓу најниско рангираните оваа недела. Што е до другите перформанси, кај сите имаше по неколку мали грешки, или фалшови, ама претпоставувам сите се бореа со силни емоции. Пејџ потпадна многу, можеби не требаше да си дозволи со оглед на лошиот пласман. И Сиси ми е многу дискутабилна. Карли и Дајмонд имаат вонсериски изведби. Редно е некоја од нив да дојде на прво место.
Да, навистина емотивна вечер. Ама настрана емоциите... Сиси и Пејџ ми беа ужасни. Пејџ колку лошо почна, мислев дека нема до крај да се оправи, и избега некако целата песна. Ерин воопшто не беше во својот елемент, лоша и монотона изведба. Дајмонд ме изненади пријатно, имаше многу поголема контрола над гласот, за Карли, како и секоја недела, немам зборови, има и душа и глас и харизма, ма прекрасна е, се надевам ќе го симне коњушарот Тејт веќе еднаш. И Вино ми се допадна. Го премотав прво, не ја знаев песната, ама после видов овации, па враќав да видам што е работата. И да, испеа одлично. Беатрис е солидна, ама Деми е во право, некако мора да мрдне од место, се истото ми е од неа. Се надевам дека утре Сиси ќе си оди, а и Тејт може да си оди, за жал тоа потешко малку ќе биде.
Па да настрана од емоциите, Сиси и Пејџ имаа ептен лоши изведби.И никако,ама никако не ги гледам како победници.А и мислам дека кај и да е ќе излезат и Деми ќе остане без учесници.И уште ми е жал што ги оставија нив две а Џанел ја избркаа.А за Тате, можеби си има талент човекот и глас и се, ама не можам и не можам да го видам како победник. И да мило ми е што конечно Деми призна дека Вино е добар
Е нема правда и готово,И то е то не дека Спојлер Арин и Биатриз ќе победеа,ама вечерва не требаше баш тие да си одат до кога Спојлер Сиси ќе биде во последните двајца и секогаш она останува а другиот подобриот од неа си оди дома,или пак Пејџ не беше ни во последните 3,НАВИСТИНА?!?!?!?!?! е па НЕ Е ФЕР и точка
Конечно Карли да биде на прво место. Ако беше пак на второ после Тејт си реков нема да гледам веќе. Спојлер Јас знаев дека Ерин ќе излезе кај и да е затоа што стварно вокално не е јак, онака е повеќе за шоу, ама мислам дека ќе успее детето. И за Беатрис знаев дека ќе излезе, и знаев дека Сајмон ќе го искоментира тоа дека не може да го издржи притисокот, ама сепак не очекував сега, мислев ќе издржи барем уште една недела. И не знам дали ми се чини или навистина Клои малку се опраи последниве епизоди?
Не можам да ги сватам судииве.. Спојлер За Ерин се знаеше кај и да е дека ќе излезеше,ама за Беатрис ми беше жал искрено.Ама Сиси остана, СИСИ!Беатрис ми имаше многу помоќен глас од неа.Инаку пак си пуштив по некоја солзичка,се израдував за музиката секција
И јас сакав Сиси да излезе, ама кога ќе размислиш... некогаш не е вокалот најбитен. Еве, пример Пејџ вокално воопшто не е јака, ама мислам дека од сите на шоуво она ќе има најсолидна кариера, затоа што изгледа прекрасно,преубава е и тоа доста ќе и помогне. И Ерин исто. И Емблем3 и слично... Добриот изглед продава повеќе отколку талентот, таква е реалноста. А Беатрис? Па и Карли? Би биле тинејџерски сензации ко Мајли Сајрус и таквите,сигурно не би граделе кариера со срцепарателни балади уште на 13 години. Тоа е тоа...
Не ја споредувај Карли со Мајли, ја вреѓаш Карли. Беатрис пееше со толку тага во гласчето, сонце. Сиси па не верувам дека воопшто ќе биде ѕвезда, ја хејтаат сите по јутуб со коментари, гласот и е иритирачки, попрво ќе затнам уши додека пее наместо да ја слушам, одвратна ми е ко појава уште од првата аудиција. Посебно последниве 2 песни ги извриште ко да нема утре. Епа не може со секој што е во конкуренција за испаѓање ТАА да поминува. Се смали групата и на Бритни, според мене најдобрата. Арин не беше вокално способен за шоуво ама ајде, на симпатии догура до овде.
Јас стварно мислев дека ќе излезе Сиси со оглед на тоа како ја уништи последната песна. Тоа не беше пеење бре, ми ги распара ушите. Беатрис барем имаше глас, можеше да ја оправат. И Пејџ ќе излезе кај и да е, има појава и се тоа, ама гласот... Има шанси да направи кариера, ама само ако има среќа да има страшно добра песна, инаку нема место за неа, премногу личи на Ријана. Ерин мислам дека ќе се изгуби, има веќе многу такви како него.
Жал ми е што си отиде Беатрис. А СиСи ми иде на живци, само се дере бе, ко да е крај да свет. А Пејџ дефинитивно ме расплака со Евритајм. И Дајмонд исто. Пре-емотивно.
Ја гледам новата епизода и нешто не ми штима... па се прашувам ту бре што е работава, думам ли думам... кога тоа, Сајмон љубовчето го соблекол џемперот и облекол одело
мислам немам повејќе смисла да го гледам шоуво и само да си кинам живци веќе ми е се глупости живи,добрите си одат ужасните се качуваат кон врвот арно та едната што замина,макар и што беше за влакно подобра од оваа другава што остана,на YT и на ФБ читам коментари сите се бунат разочарани се од вечерашнава одлука на судиите(менторите)и на америка за тоа што гласаат не правилно,вечерва ама сето ми изгледаше како една Голема Зае*анција,хмм па од кај да знајме па можи малце е и под наместено??? хмм... или мене само така ми се чини
^ Јас сум 100% сигурна дека ова се е насместено и убаво осмислено од Сајмон. Вино еднаш не испеа ко што треба (може и намерно му одбраа таква песна) и одма го избркаа! И уште еднаш ако чујам дека нема фаца на поп ѕвезда, ќе и ги откорнам на Деми, Фрида Кало веѓите И Дајмонт си е супер, но поуниверзална ми е, а Вино имаше гласиште бре! Нема споредба! Оној па Тејт по живци ми шета, премногу ми е одбивен! Башка се гледа деке не пее нешо од љубов туку за 5те милиони му е најмногу! Ах колку ме потсеѓа на оној босанецот-сељак што победи на она шоуто коа беше и Белов наш.. не ми текнува како се викаше али ист е ко него! И гарант ќе победи! Ах глупи американци, глуп Сајмон, глупа Деми, глупа Сиси и глуп Тејт! Глава да го заболе човек од вас. Бај д веј,Тедибеар и ја одма го приметив Сајмон мислам дека ги има прочитано сите критики за неговите кежуал маички и џемперчиња, па реши да смени малце
Ц,ц,ц, врска нема ова што испадна. Вино Алан беше меѓу топ 3 според гласови на публика секоја недела, и сега одеднаш Сиси има повеќе од него?!?! Глупости. Ај следна недела Карли нека излезе, кога веќе тргнало нелогично... Свашта...