Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The X Factor USA

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 23 септември 2012.

  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас си ги следам на youtube од самиот почеток. Од жирито најсимпатична ми е Кели, ептен е срцка :D
    Е сега, од овие натпреварувачите, како и на повеќето мн ми се допадна како пеат оваа 54 години што имаше, Ешли (со право се крена толкава фама околу неа), парот , и оваа девојка, многу ми е симпатична со убеденоста дека била престара :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=xq0h_0PwnGE
     
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Ахаха...ова Америкава стварно има многу неоткриени "Таленти" :x натпреварувачиве пред да ги пратат на сцена треба да ги прегледува психијатар :rofl: Born to be WILD :D првиве тројца четворица дефинитивно го згрешиле местово,ама па без нив не би било интересно за гледање :lol:
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ич не разбрав како ќе иде понатаму работата со 4 столови(во британското рекоа 6 а овие 4), кој знае што прават, ај кој сфатил молим лепо нек ми објасни, тупавко сум :D

    Оваа година да признаам ради реда го следам шоуто, ич не ми го прави меракот затоа што Паулина ми ги вади нервите, јас зборувам 16 пати подобро, потечно и политературно од неа англиски... не им ги сфаќам некои одлуки на продуцентите ама ајде...

    Фаворит некој посебно немам сеуште, што знам, има многу добри таленти ама некој посебен да ми се двои онака не ми фатило окцето :lol:
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ова година има многу јака конкуренција... :tmi:
    Утре ќе биде интересна епизодата која група кај кој член од жирито ке се падне. Од последнава епизода да не се повторувам со линкови од youtube фаворит ми се истите што ги постирала Lilbaby.
    Кели ми е се поинтересна од епизода во епизода, за Паулина нез што да искометирам La Reid, не требаше да го тргнат... ама тоа е.
    Wesley од последнава епизода посебен впечаток ми остави, гледав коментари на официјалната стр на X Factor. Делам мислења со пола US и пошироко кој мисли дека е cute, creepy, awkward, :geek: се изначитав смешни коментари. Битно типот покрај доброто пеење се издвои од масата хахаха. :clap:
    Станува се поинтересно :sweat:, до сега сите што продолжуваат понатака се со по 4 гласа.
    Фаворит некој посебно немам бидејки од секоја емисија имам барем топ 5 што ми се допаѓаат како пеат. :lol:
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Паулина едвај Бринкман кажа, не пак да биде ментор некому. :D Абе греота, ни преведувач нема да ја спаси, сакам кажам - не знам речам ми е целата.

    Групите без Сајмон се ко подрум без ајвар, не можат еден без друг. :D

    Типувам на Кели групата, одлични вокали има таму, над 25. За нив сум овој пат.

    *
    Еве следната недела што ќе има, едвај чекам, нема бут камп, и еве гледајте, изгледа Паулина ќе ја оплеска уште одма:

    http://www.youtube.com/watch?v=ChTtFLlTaUk
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.085
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав 5тата аудиција и умрев на крајот со тие нетачните. :rofl: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=Iwwq3xGzJHE
    И Кели на крајот кога стана... :D
    http://www.youtube.com/watch?v=hxr5VgfgC_Q
    Врв се еј, се изнасмеав ептен. :rofl:
    Мислам дека Кели му дава нов шмек на шоуво дефинитивно.
    Само ме нервира кога гласаат и демек се прави драмска пауза на крајот за гласот на Сајмон, а он веќе изнакажал пофални зборови и ко демек не ќе каже. |( Ма даааајјј...
    И мене нервира што сите исто гласаат, воопшто немаа несогласување. Ако Сајмон рече не и не е од сите, мислам...
     
    На la-chicka и LilBaby им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.085
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека го пуштија дедо мразот. |( Имаше некои подобри кои заслужуваа шанса.
    Воопшто не ми се допадна како испаднаа елиминацииве, вака беше и претходно?
    Па како така, испаѓа како да си го погазија претходното да, зошто пак не пееја, на идолот колку повеќе елиминации има, ама барем издржани се. Глупости.
    И што сега, има три групи плус?
    Башка таа малата Елона ми е иста како Џесика Санчез, ама апсолутна иста.
    Значи, нема да има дома кај судиите годинава, туку ќе биде ова со столициве.
    А нели 6 беа од сите лани?
     
  10. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И мене искрено не ми се верува за дедо Мраз :o
    Не беше вака минатите две созени, си се знае си имаше bootcamp па judges houses, незнам што им текна годинава да менуваат.И плус кој ќе им биде ментор го дознававме пред да влезат во judges houses а не сега.
    За групите приметив дека прочитаа помалку а всушност тоа значело дека ќе вметнат 3, сега се вкупно 10.
     
  11. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    сигурно нашево нема да биде како ова :^)
     
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    100% изгубив желба да го гледам Х-факторов.направија измени за да се по интересни,уствари направија да се по досадни. И дали само мене ми се чини или стварно оваа година имаат многу слаби натпреварувачи :?: на првите аудиции некако убаво пееа ама ги гледам вечерва многу слаби беа сите.Многу голема грешка што не продолжи понатаму таа црната жена што пее по метроа,јас бев милијон посто сигурна дека ќе дотурка далеку,ама се излагав неа не ја одбраа ни во првиот круг :x
     
  13. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    со никол кога беше судија таа сезона ја гледав и може да се каже дека најмногу ми се допаѓаше незнам дали дека ми беше прва како ја гледам или дењка ја обожавам никол незнам
    http://www.youtube.com/watch?v=TjR7qsLBPsE и го обажавам гласот
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.085
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Да, ептен слабо пееја, сите беа страшно нервозни, немаше некој на кој гласот не му се тресеше. На Кели групата е претерано слаба, сите има одма да испаднат. Кај девојчињата има надеж, ама Деми којзнае како ќе одбере. Јас веќе почнав на премотување да го гледам, пак станува досадно.
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Никол е сега во британското и моментално британското ми е пред американсково. Јез да на сличен начин работат, ама барем во британското одбираат 6 па ќе одат во домовите на судиите, и колку толку посолидно се однесуваат судиите.

    Тука не знам што е работата врска си немаат, Деми како да сака да докаже нешто, како за инает на Сајмон демек еве јас знам се види, не можеш ти да ми кажеш мене што и како да правам не сакам да слушам совети од никој.
    Кели врска си немаше што прави... глупости, од цел тим само таткото со детето онака ми го прави меракот ептен, Џеф мислам дека се викаше.
    За Паулина не ни сакам да коментирам, не знае ниту зборови да изговара не па да биде ментор некому, мислам дека на пропаст и е осуден тимот.
    Сајмон... ма само тој остана што вреди во глупавово шоу, иако морам да признаам и тој си има бош моменти.

    Се на се, многу глупава сезона... ама ќе ја догледам со надеж дека ќе се опраат барем малку.

    Пс. Виножитке и јас со премотување почнав да гледам хаха, почна бс плеерчето да забегува веќе од толку мотање :D
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Знаев дека Рион ќе ја пушти Деми, само не очекував дека за сметка на Ешли. :o
    Ешли подбаци со I don't wanna miss a thing, кога требаше да викне таа ја заобли цела фраза, а и си фалшираше по малку. Сепак, мислам дека е многу поголем талент од Рион.

    Ептен глупо е ова со 4 столчиња, таман те пуштиле, можно е да те сменат во последен момент и ајт пријатно.

    Публикава дополнително иритира со нивното уаааа и јеее, во рок од 20 секунди колку што трае коментарот на еден од судииве, тие 10 пати уа и је викаат.
    |(
    П.С: Јас гледам на Јутуб, и уште не ставиле ниедно видео од момчињата и групите, да не е тоа за следната епизода?
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.085
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Најверојатно од таа вчера што излезе, денес што ја има на торент, вториот дел треба да биде или за момчињата или за групите. Не знам како го направиле, уште не сум ја симнала.
    Лилбејби, ставај во спојлер, прочитав сега за девојчињата, а уште не ми е гледано.
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Машките и групите ќе бидат наредната недела, исто во две вечери како што беше поделено овој пат, па сигурно тогаш ќе ги стават на јутуб. :)

    Не гледам некоја потреба од толку одолговекување ама ајде ... :)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ги гледав девојките на Јутјуб, имам неколку фаворити.
    Ellona некако ми се допадна повеќе на првата аудиција, посамоуверена ми делуваше. Ама кога Деми почна да се мисли да ја прати дома, ми се свиѓаше што се потруди да ја увери дека нема да ги разочара судиите :)
    Rylie беше катастрофа, скроз ја утнала песната. Исто и Simone - нејзе и лежат повисоки тонови, а она одбрала ниска песна. Само на високите тонови малку се истакна.
    Danielle ми е срцкаста, ептен срамежлива и скромна, а многу убаво пее. Khaya исто ми е еден од фаворитите.
    За Ashly не знам што да кажам, криво ми е што испадна. Точно дека настапот не и беше најдобар, ама има голем потенцијал.

    Kelly ја обожавам како судија, стварно дава коментари на место, а и интересна ми е :lol:
    Системов со четири столчиња ми е многу безврска. А ова публикава стварно е иритирачка, аман со тоа Буу, Ууу...
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.085
    Допаѓања:
    66.935
    Пол:
    Женски
    Системов со столовите им е страшна утка. Прво, демек те сакам во мојата 4ворка, потоа испаѓаш. Тие што седат на столчињата се ко свинчиња пред колење. Гледаат само со тажна фаца и се гледа дека се молат во себе да му падне кровот над глава на тој што пее за да не им го земе местото.
    Оваа Деми лани ги осакати, годинава пак истата песна.
    Како бре можеше Ешли да ја избрка, каков глас имаше, се гледаше дека има потенцијал. Онаа па последна што испадна, цело време седеше, а знаеше дека ќе испадне, колку беше исплашена. Само Каја ми се свиѓа од девојчињава, толку. А колку беа добри на аудициите. Требаше на Сајмон да му ги дадат. И да, треба да ја предупредат публиката, многу се досадни, само бу викаат, ко божем мора сите да ги примат, се знае дека некој мора да си оди. Нека им дадат некаков кодекс на однесување таму.
    И оваа Паулина којзнае што ќе направи со машките.