Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The X Factor USA

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 23 септември 2012.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Одамна се изјаснив дека повеќе ми лежи Британското Х Фактор, оваа година Амриканското е право с..ње.
    Ме разочара!Најпрво изборот на Кели
    не ми е јасно зашто ја извади Victoria Carriger(мајката со 8 деца) :^)Додека пееше имав чувство дека цела публика се стиши толку убаво ми пееше.За Jeff Gutt(самохраниот татко) се сложувам, ми се допадна, исто и James Kenney заслужува да биде ама Rachel(кантри пејачката со црна коса со шишки) ми беше катастрофа.Дури и дедо Мраз беше подобар од неа.Катастрофа за изборов на Кели.Lillie McCloud-мој фаворит од оваа групо(над 25 години) :clap:
    Деми Првите три девојчиња што ги стави на почетокот на столче ај мин хелооооу :fubar: Многу беа лоши.Ashly Williams-искрено беше мој фаворит и ми е жал што излезе(голема грешка на Деми)
    Simone Torres не ми беше фаворит така да не ми падна тешко кога излезе.
    Danielle Geimer(девојчето со наочарите) многу ми се допадна.И нејзиниот глас и нејзината скромност и срамежливост.
    Primrose Martin(црвенокосата) бислам дека беше јасно.За прв пат да слушнам аплауз за некој што ќе го пратат дома :lol:
    Rion Paige(девојчето со плава виткана коса) Преубав глас и прекрасен персоналети.Заслужи да остане во групава
    Ellona Santiago(девојчето кое последно настапуваше и доби место за понатаму) е мој фаворит од оваа група.
     
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Мене баш ми се допаѓа изборот кој го направи Деми како за конечна четвока.
    Се изненадив кога Ешли ја земини со Рион, очекував дека ќе биди Џејми, но кога ја замена со Илона, мислам дека се се врати во ред.
    Ешли е солиден вокал и ми беше жал кога изговори дека Рион го зазема местото на Ешли, но воопшто не ми се допадна како изреагира, можеше барем да и честита.
    Danielle ми е дефинитивно фаворит од девојчињата.
    За +25 групата сметам дека уште кога ги избираа 10те најдобри направија големи утки.
    Дефинитивно беа најсилната група на аудиициите, но направија многу лоша селекција. Јас сеуште се чудам како е возможно Аманда, Кристин и Викторија да влезат во првите 10 а Денис не, таа и Jef Gutt мене ми беа омилени уште од аудициите.
    Исто мислам дека сега во четворката Лори Мор требаше да остане, доста добар вокал е, а и мене лично ми беше интересна, барем не глумеше и беше своја, за разлика од Лили МекКлауд, која и покрај тоа што има неверојатен глас, успеа со 2 претставувања, односно многуте драматизирања во нив да ми стане антипатична. Врвот ми беше кога врткаше нешто како е почестена да добие таков коментар од некој од тој калибар .. ма дај ти се молам - Паулина!? А за Деми јас можам и да се кладам дека предходно тешко и дека знаеше која е.
    И Џеф Бринкмен и Дедо Мраз ми се допаѓаа од оваа категорија. Знам дека на повеќето не ви се допаѓаше, но што знам мене ми е баш позитивна личност, шири позитивна енергија, плус има предобар глас.
    Од групите, дефинитивно омилени ми се Roxxy Montana :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Леле бе, мора некој да ги насочува натпреварувачиве во однос на изборот на песни :worried:
    Не е дека имаат лоши гласови, колку што бираат погрешни песни што не им одговараат.
    Сега ги гледав тие над 25, и повеќето како и девојкиве - скроз ги утнале песните.
    Rachel зарипна на високите тонови, а Lorie не ми беше лоша, ама не беше ни ништо посебно и воодушевувачко. James беше супер, исто и Jeff, a за Lillie не се ни сомневав дека ќе отпее одлично.

    Воглавно, мислам дека добра четворка одбра Kelly.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    А зошто не им помогнале и со избоρот на овие песни, па нели веќе им се ментоρи? Жива глупост го напρавија ова со столчињава.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Леле овие од публикава ја претераа!
    Уста не затворија на настапот на Carlos, едвај го слушав додека пее!
    Carlito беше добар исто така, Tim не беше лош ама јас не би го ставила во финалната четворка.
    Josh дефинитивно ми е еден од фаворитите.
    Isaac мислам дека со право испадна, скроз се изгуби во песната.
    Ама зошто побогу Isaiah го пратија дома?! :o :o
    Оваа Паулина мислам дека повеќе е под влијание на тоа што ќе кажат судииве прво, па после донесува одлука :^)

    Ми падна жал за дечкиве (пошто оваа Паулина 100 пати ги премести, ги седна, па ги стана |( ) сиротите како се препотуваа на секој настап, ги даваат во кадар со очајни фацки :worried:
    Греота!
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Wild Thingz бре, леле. :rofl: Трагичари на денот! Ко на федери, на дроги, не знам на што беа. :D
    Restless Road беа слаткиши невидени и компатибилни со гласовите. Сајмон како се смешкаше под мустаќ кога се крена цела публика, им намига, ко паун се дига хаха :rofl:
    За групиве немам некое посебно мислење, утре можеби ќе пишам повеќе за нив.

    *
    Stone Martin е пресладок, ама опседнаоста со 1D и од типот: `Имав девојка секоја недела, али сега пошто сум поп ѕвезда или ќе бидам...` мали чил аут. |(
    И ова со Карлито, немал друг латино американец на пазарот, жити се. |( Да не имаат Бадентер за нив во Латино Америка, пребројни се, кого врти. А и не беше ништо посебно, жив просек, ко и повеќето на пазарот. Освен што се ко заедница презгодни и имаат совршен тен, гласовните можности на повеќето им се слаби.
    Carlos бре ништо не го слушав, а баш сакав убаво да го ислушам него, брееее проста публика, иритираат. |(

    Утре повеќе од групите ќе гледаме.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Јас апсолутно се заљубив во Алекс и Сиера, преслатки ми се, толку им се интересни гласовите како им се вклопуваат и како се смешкаат, мжам да ги гледам и слушам до сто и една и назад. Мојотфаворит се, се надевам дека далеку ќе дотуркаат.
    Никој друг не ми фати око, ги искасапија некако, кај момчињата нема никој посебен, се на се, мислам дека ќе биде тапа понатаму.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам дека Сајмон дефинитивно има најака категорија(групите) и дефинитивно си ја знае работата, направи неговиот избор да нема толку драми и си знае човекот кого сака да има за да подучува.
    Паулина :fubar: Поглупаво створење немам видено до сега.Незнаеше кај тера.
    Публиката беше како ретардирана се дере и вика, да неможе човек да слушне како пејат кандидатите.
    Се на се оваа година има многу слаби кандидати!
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    До кога ќе им трае паузата со епизодите? Минатата недела немаше епизоди и денеска гледам не ставиле на торент.
     
  10. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Новите епизоди започнуваат на 29-ти октомври, односно ќе почнат настапите во живо. Всушност, и самите не се сигурни за датумот - се’ зависи од натпреварите бејзбол:

    "Here's how it is going to work: If the World Series runs past Monday, the first live show of the season will air on TUESDAY, October, 29 at 8/7c to make room for Wednesday's potential deciding 6th game. If the series still isn't decided after Game 6, a 7th and final game would be played on THURSDAY, October 31 at 8/7c.

    However, if this season's baseball champ has already been crowned by Monday night then X FACTOR will air on its regularly scheduled night: Wednesday, October, 30 at 8/7c."
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Alex & Sierra :clap:
    Последниов настап им беше pure perfection! Не знам колку пати ја ислушав нивнава верзија.
    http://www.youtube.com/watch?v=BMadq2cGvc0
     
    На sanja.burgundy, teddybear и RainBow им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    ^ Јас уште не сум го изгледала, ама морав настапов да го ѕирнам. Одчични се бре, се подобри и подобри, каква страшна хемија имаат...
    Апсолутно сакам да победат, редно е група да ја однесе титулата.
     
    На teddybear и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  13. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Јас ги обожавам Алекс и Сиера, absolutely adorable ми се :D
    На секој настап се чувствува страст, sexual tension, мене ми се нај нај! :lol: :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=gw9EH4fw47o
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    И мене Alex&Sierra ми се фаворит.Иако им се различни гласовите, убаво им се надополнуваат и прекрасно ми звучат.
    Сите настапи до сега ми се допаднаа.
     
  15. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ете доказ дека и Американците грешат, поради технички грешки вчераа немаше резултати, пееја пак сите изведувачи и беше лудо, права бркотница и хаос, јас незнам што им требаше оваа глупост, зарем неможеа од поново да се гласа за изведбите од пред два дена кога пееја :^)
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да не ме фаќа грев ако кажам ама ќе кажам, мене Рајон Пејџ никаков впечаток ми нема оставено, говорам за нејзиното пеење. Уште од првата аудиција, ако се сеќавам таа и беше во првата емисија прикажана, некако беше преисфорсирана нејзината приказна.

    Рејчел Потер има одличен глас, ама што да правам кога нејзината појава ме иритира. Ко да има негативна енергија собрано во нејзе и кога ќе ја видам ми ја пренесува. :D

    Елона Сантијаго ми е вистински изведувач, комплетна е.

    Свит Суспенс се компатибилни, Селин ми е лепотица права. Рестлес Роуд се шмекерска група :lol: , ама морам да признаам на момент нивните настапи ми се многу досадни.
    Алекс и Сиера до победа!
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Јас надвенатри го изгледав, некако ми стана досадно. Премногу го форсираат сценскиот настап него ли гласот на изведувачите. Премногу ефекти има, танчери, се губи пејачот во сето тоа. Затоа Алекс и Сиера најмногу ми се допаѓаат, доволни се само они на сцената, има и хемија и емоции и глас...
    Деми пак претерува со глупостите на сцена, се е преувеличено некако.
    Онаа бабата со косата не ми е за шоуто искрено, досадна ми е страшно.
    Јас за Рајон кажав и на почетокот за гласот, дека не ми е нешто спектакуларна.
    Па втората епизода каша попара им беше, на ништо не личеше. А и Марио Лопез некако ми е здрвен, нема никаков шарм човекот, сезонава е тапа. На Рајан Сикрест можат сите вода да му носат.
     
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Јас откако отпаднаа Roxxy Montana и Danielle Geimer само за Jeff Gutt го гледам Х- фактор.
    Додуша некои и ги скокам, пошто стварно иритираат, како Карлито на пример, мислам дека ако дослушам цел негов настап ушите ќе ми прокрварат, а што е најтрагично па најпозитивните коментари ги добива |(
    Лили уште од почеток кажав дека стварно иритира со драматизирањето, а и Алекс и Сиера ми се тука некаде.
    За Рион воопшто не ми се допаѓа тоа што на секое мора да го потенцира недостостатокот, а и доста од настапите не ми беа нешто посебно, но последниот со Born This Way ми беше совршен, не знам како би можел некој да стисни дислајк на тоа :x
    http://www.youtube.com/watch?v=t7EgHt8f7Xw
    http://www.youtube.com/watch?v=WX5YAr0kBEc
    Останатите не ми оставија некој посебен впечаток.
     
  19. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    X factorov usa ne mozhe da se meri so nashiov..ni sudiite ni kandidatite.. Obozhavam da go gleam, bez razlika dali se novi ili stari epizodi...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Алекс и Сиера најдобри.Не знам дали навивам заради вокалите нивни или заради фактот дека изгледаат прекрасно заедно,без разлика совршен спој се.

    http://www.youtube.com/watch?v=axCBG_UcjVY

    И песната и они :inlove: