Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The X Factor USA

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 23 септември 2012.

  1. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Периодов се опседнав со Х Фактор, имам повеќе фаворити. Од машките Тим Олстад, и тоа црнчето што го пратија дома па што го вратија што му дадоа втора шанса. А од женските фаворити ми се Каја и Елона. Таа бабата со бушавата коса некако ме нервира што заради неа Џејмс Кени (како и да се вика) го исфрлија од игра. Од групите Sweet Suspense ми се поинтересни него ли Алекс и Сиера. Некако вториве осекам повеке акцент им ставија од останатите. А сите подеднакво добро пејат!
    Факт е дека нјдобрите се останати. Секоја епизода понатаму ќе биде се поемотивна и потешка за решавање кој ке продолжи понатаму.

    Едит: Жал ми е за дечково што испаднал, сега видов на неговата фан страна им се заблагодарува на сите негови фанови.

    https://www.youtube.com/watch?v=UzKlaIZCfGs
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Лелееее,
    за малку мислев дека ќе испаднат Алекс и Сиера. Дефинитивно веќе немаше да го пуштам шоуво. Бабата да продолжи они да испаднеа, мислам...
    Ама добро е. Не ме интересира за другиве кој си оди кој останува, апсолутно ми е сеедно, нити па ги слушам нешто особено.
    А каква фаца направи Сајмон Карлито прв кога го кажаа. :D И Кели му враќа со фаца ко Што ти е? :rofl:
    Добар е Сајмон, срцка.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене уште не ми е јасно - кој им ги бира песните? :^)
    Сами или менториве нивни?
    Ellona бре, зошто одбрала толку тешка песна? :worried: Како да се губеше на моменти, како да не и беше удобно, мене лично не ми се допадна настапот. А стварно ми е една од од омилените натпреварувачи, во топ 3 ми е. И глас и стас си има.
    Rion некако е слаба последниве недели, или мене така ми се чини :?:
    Некако просечна ми е за да биде толку високо меѓу најдобрите.
    Што се однесува до Alex & Sierra, мислам дека судииве се малку груби кон нив...
    Навивам за нив, ама од друга страна не сакам да победат заради овој Сајмон - на кого му светнуваат доларчиња во очите кога гледа одредени натпреварувачи |( Кај него се е бизнис, па имам чувство дека ќе им ја уништи магијата.
     
  4. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Го гледавте последното шоу???
    Излегоа Лили(очекувано) и Josh(се бореше со Rion на крај).Многу ми е криво бидејќи заслушуваше да оди понатаму, навистина беше добар!
    Ellona Santiago беше звезда на вечерта, буквално блескаше и ќе навивам за во финале заедно да бидат со Алекс и Сиера.Уште на старт овие изведувачи ми беа мој фаворити.
    А што правиме со Карлито :^) Уште е во шоуво, рамо до рамо со најдобрите.
    И морам да го прокоментирам настапот на Дени Ловато-катастрофа аутфит, боја на коса па и глас.
    А за Мајл Бубле немам коментар, безвременски е и уживам секогаш кога го слушам, а посебно во живо. :inlove:
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^
    На Rion веќе не и е местото тука, догура далеку, а мене лично ми е просечна.
    Не знам зошто толку паѓа жирито на нејзините настапи. Не дека е лоша, ама кругот се стеснува, па споредбено со другите воопшто не се истакнува.
    Ellona човече :o
    Подзината ме остави, прекрасен настап имаше! Колку професионално го изведе, како цел живот да е на сцена. И минатиот пат кога падна при играњето, добро одглуми, одма стана и се снајде. Стварно заслужува победа.
    Alex&Sierra... не ме тепајте, ама последниов настап не ми се допадна. Некако како да немаше хемија меѓу нив, што знам... Имале далеку подобри настапи. Нивната верзија на Heard it through the grapevine си ја симнав и секој ден си ја слушам :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Мене ми се многу досадни сите некако. И многу го развлекуваат, кога треба да пратат некој дома пола саат еден се мисли. |(
    Требаше Рајон да си оди, некако како да не се решија неа да ја пратат дома да не испадна без осет, заради нејзиниот хендикеп, па ајде, нека реши публиката.
    Јас веќе само на Сиера и Алкес настапите ќе ги пратам и толку. Ама ич не ми е интересно. Гласот е кдае каде подобро, понеразвлечено и поинтересно.
     
  7. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Послабо следам х фактор годинава, од сите настапи целосно ги гледам Алекс и Сиера и навивам за тие да победат! На другите им ги слушам само рефрените. Судиите, сите освен чичко Сајмон, се однесуваат како разгалени дечишта шо плачат за внимание и е просто невозможно човек да истрпи да изгледа видео до крај. Ауф да, исто и Елона пее многу убаво само сметам дека Деми и бира песни што не и одговараат со гласот. Ако и дозволи сама да си бира песни ќе биде исто толку добра колку Алекс и Сиера.
    Една работа не ми е јасна, оној Џефф гут или како беше, што бара уште во шоуто? Зошто го држат? Зошто му викаат дека пее добро? ЗОШТО?! Најпромашен натпреварувач во историјата на џ фактор е според мене.

    и уште ова. Катастрофална грешка и е на Деми што ја одбра Рион. Сочувствувам со неа, ама нема девојчето глас за да победи. И ако дојде ред да го напушти шоуто од жал ќе ја пуштат да остане. Секоја чест што дотурка до настапите во живо, но сметам дека далеку подобри вокали пропуштија шанса.
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Еее,добар си е Џеф,според мене најубаво пее,башка мава рок,што го прави подобар во мои очи :lol: Инаку сметам дека Алекс и Сиера ќе победат,Сајмон ќе ги среди,имаат сценска хемија,на страна вокалите.
    Рион остана од сожалување се така си мислам бидејќи скоро сите настапи и беа просечни,освен овој последниот,на него растури.
    Мене ме интересира оти уште се во шоуто Рестлес Роуд,ми нема хармонија меѓу момците,премногу различни гласови..
    Исто и Карлито,мислам дека го чуваат само поради што е латино,не гледам некој Х фактор кај него :D
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дали ја гледавте последната елиминација?!?!
    :o :o :o :o :o
    Ако не сте ја гледале, не го отворајте спојлерот, има шлог да ве мавне!

    Ellona?!?! Со кој памет неа ја исфрлија, нормални ли се ова Американциве? Не ми е јасно како може иритирачкиов Карлито да има повеќе гласови од неа! Особено оваа недела, Ellona беше прекрасна, настапот со Applause песната беше совршен. И тоа замислете, ја исфрлија во ист кош со Rion - за која веќе неколку недели по ред пишувам дека треба да си оди, доволно елиминации помина |(

    Се изнервирав!
    Само заради Alex&Sierra ќе продолжам да гледам.
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    За Рајон очекував секоја епизода да излезе, девојчето дури и ме иритираше малце од што беше исфорсирано. Дури и Деми што и беше ментор гласаше за да излезе, ама сепак помеѓу Карлито и Рајон да се одлучи за неа - значи многу.
    Ама Елона???? :o Ми беше омилена од девојките.

    Најтапа издание на Икс факторов, кога Карлито ќе догура скоро до финале. Млекарот лани за овие беше гола вода. :|
    Да не пишеше овде Ана, немаше ни да отворам да видам кој излегол и какви им биле настапите, од Паулина во жири до изведувачиве. Еднолични ми се сите.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Ауууууу не ја гледав последната епизода и елиминациите, само прочитав тука.
    Лелеее ќе ги пропуштев Алекс и Сиера со Say something, каква прекрасна изведба, мора, значи мора да влезат во финале. Каква хемија имаат бре, Алекс не ги трга очите од неа. :inlove:
    Одлични се.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Само јас ли ги прескокнувам критиките на Паулина? :^)
    Ќе искрши јазик додека да каже нешто, а во суштина ништо не кажува. Кога и да дојде нејзиниот дел во однос на забелешки и пофалби, ја мотам снимката напред.
    Од најновите настапи, најмногу ми се допадна Gravity. Ама не ја сфатив поентата на дуетите.
    Алекс и Сиера во комбинација со Карлито? :| Башка ова мене не ми личеше на дует, туку како Алекс и Сиера да му се придружни вокали на смотаниов...

    Натпреваров веќе се сведува на Jeff vs. Alex&Sierra.
     
  13. historian

    historian Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Дури сега ја гледам темава, да ја видев порано ќе имаше кој да ме разбере со опседнатоста со X Factor USA, во друштво никој не ја следи. Мноооогу подобар од X Factor Adria дефинитивно. Едвај чекам да дојде четврток и петок за да ги гледам настапите.. :rofl:
    Од последниве од синоќе, дефинитвно Алекс и Сиера најдобри, од фаворитите што ми беа од почеток уште тие ми останаа. Сакам оваа недела да испаднат Restless road, на почетокот многу фама дигнаа за нив, веќе изгледа им удри слава у глава. Ај ќе видиме.. :)
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сакам Џеф да победи,човекот е лудило,синоќа ептен растури и жирито ептен позитивни коментари му дадоа.
    http://www.youtube.com/watch?v=pX5TO_-CztU :inlove:

    Ама ќе биде тесно меѓу него и Алекс и Сиера,они двајца се исто јака конкуренција и они имаа прекрасни изведби.
    http://www.youtube.com/watch?v=jjRhT--rOLA :inlove:
     
  15. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Не дека некои од тие што испаднаа минативе недели не беа добри (Josh, Elona и уште некои), ама сепак овие што останаа мислам заслужено си е...
    Restless Road некако најмалку ми се за победа, премногу бендови слични на нив има, не се издвојуваат многу, ама не викам ни дека се лоши.
    Jeff на почеток човеков не ми се свиѓаше ич, ама со тек на време се подобар и подобар е, посебно кога ќе му ја погодат песната.. човече каков глас има :clap:
    Carlito не е може најдобар ама некако од почеток сум си за него и мило ми е што стигна речиси до крајов, има некој шарм, го бива за на сцена нема што (посебно кога пее на шпански) :$
    Ама сепак Alex и Sierra дефинитивно имаат најголеми шанси за победа, ај што имаат добри гласови ама кога ќе се појават на сцена таква хемија има меѓу нив, не е можно да не ги сакаш, по незнам колку пати ги имам гледано нивниве последни настапи.
    No comment :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=B0nUwBBr ... Y5uxerU3ic
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Алекс и Сиера во финалееееее.
    И да не победат мислам дека ќе имаат одлична кариера.
    А Деми остана без никој нормално, сите ги уништува. Фала Богу што АиС се паднаа кај Сајмон, инаку до сега ќе испаднеа.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Јуууууухууууууу Алекс и Сиера
    се во финалееее. :D Многу ќе бидам хепи ако помедат, особено бидејќи не се типична комерцијала, туку си се оригинални и единствени.Емоциите им фрчат од сите страни, мислам дека кога
    ќе се погледнат времето застанува.Значи јас се топам а можам да замислам како им е на нив.Е ова е Х Фактор, за сите што се прашуваат што е.Да можев и јас ќе гласав за нив :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=r1rl7ajXp6I :inlove:

    За Карлито нема да коментирам, само ми е страв да не се извлече и во финале на латино картата, а за Џош дефинитивно заслужено си е во финале.
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    www.youtube.com/watch?v=SxvyCb1mhFY

    Официјално сум заљубена во овој човек,па и омилената песна ми ја испеа.И да не победи,ќе го слушам и очекувам да оствари добра кариера :inlove:
     
    На LilBaby и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Алекс и Сиера ми се фаворитии и тие сакам да победа а и верувам дека ќе победат, карлитос ми е сладок и добар е ама сепак не колку алекс и сиера, а овој Џеф го мразаев од самиот почеток антипатичен ми е а добро пеј, фала богу кога стасал до крајот ама антипатичен ми е |(
    Алекс и Сиера омилени :inlove: особено со следниве песни:
    1.http://www.youtube.com/watch?v=w9JDrf1QBO4
    2.http://www.youtube.com/watch?v=B0nUwBBrJn8
    3.http://www.youtube.com/watch?v=WMJMuFHsD-E
    4.http://www.youtube.com/watch?v=E5iWACbhDsY
    5.http://www.youtube.com/watch?v=TX_tpdy9iXs :inlove: :inlove:
     
  20. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    на која страна ги гледаш настапите во живо?