Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The X Factor USA

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 23 септември 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Конечно утре почнуваат во живо. Баш сакам да видам како ќе се снајдат и како се ќе биде изведено. :)
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    4.623
    Почнаа веќе вечерва... утре резултатите..
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^ Значи денес би требало да има епизода да симнеме??? Или тек утре? :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Денес има епизода за симнување, затоа и така пишав. :)
    Едит: Нема торенти ни линкови за гледање. :^)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Не знам дали видовте на youtube ги има live shows. :) Уште не ги гледав, сега вечерва се спремам, па подоцна ќе коментирам...
     
  6. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Имам многу да кажам, а искрено ме мрзи за секој посебно да коментирам.
    Општ впечаток од жививе настапи е: многу ефекти, 0 пеење. ЦИРКУЗ!

    Арно е, се е супер што сте се докажале на аудициите дур да стигнете до овде, и што сега? На стара слава не планирам да ги гледам.

    Деми па посебно ги има унаказано нејзините натпреварувачи, во кои имав најголема верба. Некако Симон мислев дека највеќе треба да ги усмери во некој правец каде што пеењето треба да е примарно, па и ЛА.
    Изборот на песните беше тотална утка. Ниеден перформанс не ми остави впечаток.

    Коментарите на Бритни ме тераат по голема нужда, сериозно веќе. |(
    I think you were great, great perfomance, i felt you . . .

    Опрајте ја циркузијадава со време, ако X Factor е потрага за циркузант на годината - кажете така.
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Имаше еден добар коментар: Вокабуларот на Бритни е како на 5 годишно дете.

    Првото лајв шоу ептен ме разочара. Фокусот е ставен на сценскиот настап, а не на вокалните способности. А и изборот на песни е лош, да не кажам разочарувачки. Може ради тоа, никој посебно не ми се допада.
    На настапот на Arin Ray се слушаат машините за чад, што е тотална грешка. Инаку настапот баш ми се допадна, ама неговото пеење можеше да биде многу подобро.
    Бритни пробува да направи своја ккопија со Карли, а Деми истото со Џенел. Нема поента во целосно менување на имиџот на девојчињата.
    Настапот на Пејџ ми беше тотално смешен, тие костимите моронски, целата сцена, боцките на глава, бљак.

    А како ќе биде со гласањето? Како што сфатив нема да има по оваа епизода гласови од публика??
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Најубав впечаток ми оставија Тејт, човечето е многу мило, второ Беатрис - не ми беше симпатично девојчево на почеток,има некоја ароганција во неа,но преубаво испеа.
    Трето, Емблем3 имаа најкомплетен настап,дечките ми се многу интересни.
    И четврто, Џенел Гарсија - глас,настап,изглед,се комплет на место.

    Е сеа, за другиве.. Греота,жал ми е што судииве им ги бираат песните,а не они самите,и резултатот е катастрофа. Вино Алан,Вили Џонс,Дејвид Кори ги обожавам,ама греота е ова што им се случува...

    И да, АМАН веќе од Бритни со нејзините : you are amazing, you are a true star...
    Сафра е...
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мене па Беатрис не ми се допаѓаше како испеа... песната ептен ја сакам, а за таква песна, лошо ја облекле, лошо ја средиле, лош ритам и одбрале... не ми се допаѓаше. А плус го згреши текстот на едно место :lol: Инаку девојчето онака како личност мила ми е и си ја сакам.

    Што да кажам... си останав speechless, ама не на добар уау начин.

    Не знам зошто не им одбираат песни што им одговараат на гласот и стилот, не знам зошто не знаат ниту да им дадат конструктивна критика... реално, Сајмон го обожавам, ама вечерва како само да кажуваа лоши коментари колку со ел еј да се препираат. Бритни ми е како украс низ натпреварот, а Деми ми беше многу убава, и колку толку на 20 години има што да каже.

    Емблем ми се допаѓаа и беа единствени што ги ислушав цели... многу ми беше жал што така на Вино му се пуштија, коа реално океј ја испеа песната со оглед на тоа дека човекот нема таков стил(ок, на почетокот му се трсеше гласот ама се оправи)... многу мотав ај леле, дури и Вили го мотав малку што си го обожавам.

    Мислам, не знам што да речам... повеќето од нив се тинејџери, и јас барем не гледам потреба од толку занесување, од толку голотија...

    И според некоја моја логика треба судијата да се консултира со натпреварувачот за песна и заедно да одберат... што знам, барем јас така си мислам а не вака ти тоа ти тоа, глупости.

    Друго што ме изнервира е што одма ги преобразија, не ги оставаат слободни... ги бричат главите, ги фарбаат, нокти, што ти јас знам што.... прва недела е, требало малку да олабават... не знам што ќе им направат кога ќе биде десетта недела пример.

    И под итно Сајмон поубаво да го облечат ајаааа, очи ме здоболеа таков што го гледав :D

    Многу ме интересира кој ќе испадне. :tmi: Ко што прават се наопаку сигурно некој подобар ќе излезе па ќе си бидам ваква :o
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    е значи уште одма се изнанервирав,Деми ја сакам ептен ама вечерва ептен ми ги крена живците, многу голема грешка направи,како можеше
    Вили да го прати дома а Сиси да ја остави понатаму да оди :swear:
    ај да се надевам и останативе тројца нема да ја направат истата грешка
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Еииии кај гледаше вечерва?
    Како бе Вили го пратила дома, ај не можам да се помирам :devil: :(
    Значи, не ја сакам веќе :@ :)

    Кои други отидоа дома???
     
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    ги гледам директно на тв на FOX канал
    ама јас сум во америка незнам дали има некоја веб страна за директно да се гледа,уште никој друг нема заминато.сега е тимот на Л.А и Вино продолжува понатаму :inlove: и баш сакав да продолжи,ако сакаш ко че заврши че ти пишам кој заминува :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ај ќе гледам утре, доста ми беа стресови пред спиење :D
    Фала сепак :)
     
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    ај да кажам што мислам за останативе,ептен беше напната ситуацијава и признавам ич не беше лесно да се донеси конечна одлука.Л.А исто како Деми направи грешка,не требаше да го прати дома
    Дејвид Кори
    од сите мислам нај тешка одлука требаше да донеси Бритни,навистина жално за
    Дајмонд Вајт
    за од Сајмон групиве и не сум многу разочарана што
    сестрите С
    си заинаа ама пак затоа се радувам што 1432 уште се тука :)
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    дајмонд си отиде?! AR ју факинг кидгин ме? оооооооооо не не не, не ми се верува :o
     
  17. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Од сите одлуки само Сајмон не погреши, другите к а т а с т р о ф а. Бритни Дајмонд ја шутна :x А колку само добро испеа. :rock: Тотално сум разочарана од шоуто :puke:
    И да.. мислам дека Емблем3 имаа најдобар настап, некако многу би беа комплетни, се сто треба за на сцена имаат. Браво :up:
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Сите што ги сакав си заминале а? Вили и Дејвид, ц ц ц.
    И Систер С ми беа интересни, подобро оние раперине да испаднеа отколку они, ама ај...
    Тотално безврска....
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Леле, шоуто благ ужас. И благ е благ збор во случајот.
    Колку беа никакви настапите, префорсирани сите до еден, немаше никаква природност или пеење од срце. Се гледаше дека нити ги сакаа песните, нити се соживуваа со нив. Затоа е лошо кога судиите бираат. Пејџ каква беше, за греота, гласот не и се слушаше, а и тоа што се слушна не беше ко што треба, цел и се тресеше. Вино колку душа има во него, а каква тралалајка пееше, какви глупости. Бритни оф леле, нека и дадат сценарио што да збори мислам најубаво ќе биде. Изгледа само така знае, тоа и тоа да кажеш и готово.
    Клои и Марио се толку извештачени, се осеќав ко евровизија да гледам, мајке ми. Клои па со она Сајмон јаооо ама си секси, Секси Сајмон, а тој сиромашкиот во едно никакво маиче, ко од Зелено да го купил за 150 денари.
    Мора да се оправат. Под Хитно, инаку ќе гледам само да видам на крај кој е победникот. И после немале гледаност, епа нема.
    Не сум видела уште кој испаднал.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за сестрите што си отидоа, сепак Сајмон имаше најлесна одлука да направи, другите девојчиња сите до една пеат одлично, прекрасни се.
    И за Дајмонд ми е жал, ама ќе си направи она кариера, нема така да остане.
    Дејвид стварно многу се припотресуваше некако, може требаше да му дадат шанса, сепак подобро он, него оној никаквион чичко, мислиш бикот пред врата го чека, многу ми е одвратен.
    И за Вили не ми е криво, направија така зошто веројатно нема место за толку кантри точки.
    Се на се, не е нешто многу лошо.
    Ама човече мора да се оправат.
    И многу им е досадно ова со резултативе направено, пола е преглед на претходната вечер, што значи не ни мора да се гледа првата, доволно е само резултатите да се гледаат. Вака само мотај, мотај...