Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The X Factor USA

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 23 септември 2012.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Јас колку што можам да забележам по интернетов Дејвид Кори е фаворит, и мислам дека ако останеше сега овој круг,кога ќе почнеа гласањата на публиката ќе беше во последните двајца, ако не и победник.

    И сметам дека од помладите требаше да излезе Пејџ, девојката нема којзнае каков глас,само е убава и толку,чак што више ми делува и уплашено ко да не и е место на сцена,а Вили ако ништо друго е уникатен и можда овде кај нас кантри не е слушано, но во Америка е доста популарно,па мислам би имал солидна кариера, но... тоа е тоа...
     
  2. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Ауу што се деси бре? Мене се ова ми личеше на една шугава Евровизија :?: Пуно ефекти и безгласни пејачи.
    Пејџ незнам што ја испофалија коа 2 реченици не испеа, цело време шепкаше. Деми место да ги дотера и потсреди момиве, она ги унакази, а на тој што неможеше ништо да му напраи, го избрка! |(
    Бритни скапаната успеа да упропасти 3 прекрасни девојчиња, ко кловнови ги направила кутрите, посебно Карли :x
    ЛА Рид џабе што го има тоа искуство, најлоши песни им одбрал! И на крај Вино си го изеде со коментари, а Дејвид си отиде |(
    Е Сајмон на пример супер си ја заврши домашната али напраи катастрофална грешка што ги исфрли Систер Си, а ги остаи раперине!!

    Многу многу лошо. Јас сум крајно разочарана! Требало изгледа да се огледаат малце на The Voice што постои 2 години, а што е совршенство во однос на ова.
    Единствените 3 мин. за кои не жалам се за настапот на Емблем 3! Е за нив едно огромно браво! Уште од почетокот си ги сакав али после вчера ги обожавам.. уште па и изборот за песна.. мх мх милина.

    П.С. Деми, seriously? Ја одбра СиСи наместо Вили?? |(
     
    На FortuneTeller.xD и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сиси бре, ужасно испеа за срвајврл, божееее, јас се исплашив што од сламата на глава, што од тоа колку лошо ја испеа песната. Алал нека и е на Деми, заедно со Бритни можат и двете да се утепаат, ми згазија на живец. |(
    Нека ја пратат Пејџ на модна писта, и нека прават циркуз од неа, дојдена е овде да пее аман. Не знам Деми што мисли, ама и тоа што беше арно - го доупропасти. Бритни . . . немам коментар за Дајмонд. Во конкуренција со Арин, Арин може само на шарм да победи, не и гласовно со Дајмонд, ама ајде тоа е сега.
    За Дејвид сум рамнодушна, Џејсон ми е во стилот Let's bake a bread со ставот. :rofl:


    Све у свему, пиши пропало.
     
  4. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Имам чувство дека ништо не бидува од Американскиов X Factor.
    Се надевам дека ова ќе биде последна сезона, и Сајмон ќе си се врати на Британскиот X Factor.
    Тотално сум разочарана. :x
    Не планирам више да го гледам ова, така да, ова веројатно е мојот последен пост на темава.
     
  5. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    првин се разочарав од аудициите на британскиот а бев доста задоволна од аудициите на американскиот. е сеа, обратно. ми се допаѓаа мини концертите на британскиот а на амриканскиот не да ги у*раа :x ау ау, ужас. деми си ги упропасти своите натпреварувачи, бритни и таа а и ла рид не е нешто поарен. едино, сајмон не ме разочара. секогаш знае да го направи вистинскиот избор а и со групите му оди, сите шо завршиле кај него да му биде ментор се прославија.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Има многу критики за Клои, како не се вклопува воопшто и како многу фанови се откажале од шоуто поради неа. Гледаноста страшно е падната. И морам да кажам дека се согласувам. И мене страшно ме иритира, целата е чудна некако, нема ич харизма за вакви работи. Башка и нема потреба за двајца водители, ако продолжи вака можно е и да ја шутнат.
     
  7. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Мене Клои ми е премногу вештачка, поубаво само Марио да води, ако ништо друго бар стварно е похаризматичен. Околу елиминациите :| Дајмон не требаше да оди, Бритни ми оди на шивци, Пејџ слабо :| , Деми не можеше по катастрофа да ја трансформира цела нејзина група, ЛА не требаше да го пушти Дејвид, а со Сајмон се слагам за Систер Си :D
     
  8. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Луѓе, да се разбереме, Клои не е чудна и вештачка, ГЛУПАВА е! Врска нема. Уште она фалеше во целиов циркус |(
    А Марио си е супер, искусен и харизматичен, баш како што треба.
     
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Surprise surprise guess who's back :clap:
    Дајмонд Вајт
    уште од почетокот фаворит ми е Вино,вечерва беше одличен,многу подобар од минатиот пат,стегам палци да остане до финале,па дури и да победи,макар што имам предчувство нема да дотурка до таму,а се надевам дека грешам,останатите беа добри,Џанел ми е фаворит број 2,ептен ми е срценце и убаво си пее цело време, леле а што да кажам за СиСи :x стварно незнам како дотурка до тука,жива КАТАСТРОФА,вечерва изведбата и беше по лоша и од минатата недела,арно што и другиве ја изкритикуваа,па тек како беше облечена |( со тие пантолоните незнам каде беше тргната,можеби на риболов :^) ајде СиСИ збирај куферите и бришка да те нема, а ДА, можиш и Клои Кардашијан да си ја земеш со тебе и на двете не ви е местото тука ;)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^ Апсолутно се сложувам со тебе :)
    Убаво Дајмонд што ја вратија.. си заслужи мада јас за Вили бев повеќе :(
    Вино дефинитивно го има најдобриот глас годинава. Деми може само да му гризне од увцето и да земе неколку часа по соло пеење кај него. Бритни ги потсредила малите, добри ми беа сите. А и она срцка, научила плус неколку реченици и сега можам слободно да кажам дека има вокабулар на 11 годишна :wasntme:
    Фаворити незнам кои ми се, сите ми се мили некако. Освен, офкорс, СиСи мај лаф и Тате таткото.
    Се на се, боље епизода од претходната, каде каде.. Само да не се покакаат утре и да избркаат некој што не треба..
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    и јас бев повеќе за Вили да се врати.
    не можам да дочекам да видам што ќе се случи вечер
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Mене многу ми се допаднаа изведбите овој пат. И песните беа супер, настапите исто така, освен оние на кои ментор им е Деми, буквално ту мач.
    Кога сме веќе кај неа, премногу лоши критики на нејзина сметка, за нејзината работа како ментор. И со право, секако, бидејќи не прифаќа ни една критика од Сајмон, кој е далеку поискусен во овие работи. Ми личи дека од нејзините актови сака да направи шоу, притоа занемарувајќи ги вокалите. Затоа и никој од нејзината група не ми се допаѓа.
    Групите на Сајмон се исто така супер, со тоа што девојчињата ми беа преслатки и убаво звучеа. Другиве две групи не се по мој вкус, што не значи дека не се добри.
    Карли и Вино ми оставија најдобар впечаток. Чиста интерпретација без многу тракатанци, отпеано со душа. Преубави вокали, засега ми се фаворити.

    И морам да кажам, Бритни се подобрила во изборот на песни. Изглеа си ја знае работата со децава, зошто кај сите до една има напредок.


    http://www.youtube.com/watch?v=NbvAnItz810
     
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.932
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно подобри настапи овој пат, мило ми е што се средија малку. Добро, освен Деми, не знам кај и е паметот, Сајмон убаво и вика, ама кој да го слуша. За Жанел ми е најкриво, непрепознатлива е. Карли ми се допадна најмногу, многу трогателен настап, а гласот и дојде до полн израз.
    Вино исто ми се допадна, Џејсон, некако ми беше невпечатлив, премногу му беше сув настапот, он нели е ентертејнмент мен, па требаше нешто поживо.
    Дајмонд ми беше некако несигурна, зариба неколку пати, другите ми се подобри од неа.
    Од групите Фифт хармони ми беа најдобри, имаат прекрасна синхронизација, а и индивидуално имаат многу моќни гласови.
    Се на се подобро шоу направија, само Клои уште некако ми штрчи и ми боде очи, како изгубена во просторот ми е, не знае ни како да застане, се гледа дека се чувствува некако неадекватно.
    Ете, останува да видиме утре како Америка ќе им ја скрои судбината. :)
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Yes,yes,yes... моите 2 фаворити продолжуваат понатаму :clap: :clap: :clap:
    Сега уште да видам Фифт Хармони дали одат понатаму,за останатите сеедно ми е :P
    Овие Оне Дирекшн никогаш не сум ги гледала на ТВ, само на радио ги имав слушнато, првиот настап му беше онака Веќе видено,а баладата му беше WOW.
    ЕДИТ:
    Изненадувачки СиСи убаво испеа во натпевањето со Џејсон,ама и тој пееше супер, ама за жал, СиСи излезе по Среќалија од него за ЖАЛ :(
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Конечно Бритни ги оправи и им дозволи да дојде да израз нивниот глас, а не кој повеќе циркуз ќе направи на сцена.
    Карли ќе ја карам, ми предизвика солзи, ма одлична е. Беатрис исто беше одлична.
    Деми, мори Деми зошто не прифаќаш критика па уште дрско враќа. Посебно се избламира кога му рече на Сајмон, дека поради тоа (што одбрана е глупа песна и воопшто не одговара на гласот на Џенел) она е нејзин ментор, а не тој. Има ли смисла? :D И кај Пејџ даде одлична критика, дека шоуто ќе го претворат во караоке, а тоа не е целта.


    И кога веќе се одлучуваше меѓу нив, Џејсон има 838123 пати подобар глас од Сиси, а и занимлив ми беше. Сиси се полоша и полоша е.
    И нормално дека Деми ќе гласа за Џејсон, а ЛА за Сиси, сигурно нема за нивните да гласаат. |(

    И само уште нешто: The audience needs to shut up! :!:
    На нерви ми газат, на секој отпеан стих Ааааааааааааааа, ниту слушам нешто, немам јас слушалки као жирито извинете.
     
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Годинава cе опседнав со The X Factor US! Секоја епизода е се поинтересна и повозбудлива од предходната. Фаворити ми се Беатрис, Карли Роуз, Вино, Џејсон, Вили (за жал испадна првиот круг) и Емблем 3 :) Криво ми е за Ризло што не влезе во топ 12 :/

    Ви испраќам интервју од Емблем 3, кој има време нека го погледне, интересно е. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=jDi-I0t5 ... e=youtu.be
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Оти нема ново епизодиче денес? :?:
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Mислам дека утре треба да има, или се лажам?
     
  20. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    ги има настапите од вчера на јутјуб, јас ги гледав сабајлево. кога пееше џенел гарсија се расплакав од толку добро шо испеа, а и дајмонд кога пееше пуштив солза-две. сиси катастрофа жива, пејџ и на неа и се губи гласот на сцена. тејт и карли не ги сакам ама ич. беатрис ми е срцка и многу убаво ми пее, 5хармони добри се а и емблем3 почнаа да ми се свиѓаат.лирик ми се интересни ама не пеат бе убаво. :/ вино, џенел и беатрис ми се фаворити сеа за сеа :) подобра беше оваа недела од претходната.
    од судиите уживам додека ги слушам коментарите на сајмон и ла, а деми мора да се поконтролира малку и да не му се прај паметна на сајмон и ла. претерува последните две епизоди со нејзините коментари.