Дали некој конзумирал термо спид хардкор апчиња во комбинација со Л-карнитин во прав и вежбање на Орбитрек?
Јас ги пијам ама со течен карнитин. Имаат ефект ако ги комбинираш со кардио тренинг и здрава исхрана.
Заинтересирана сум за капсуливе, некој искуство со нив? И каде може да се најдат? За цена дознав дека се околу 400 ден.
Ги има во pbc-perfect body centar, позади универзална кај зур маркет. Али немој да очекуваш резултат ако немаш средена исхрана. За термо спид не би ти ги препорачал, али l-carnitin можеш да го земаш, без ралика дали е течност, прав или капсула, се внесува од 2000мг до 4000мг на ден во 2 или 3 дози како ти е попрактично. Можеш пред и по тренинг , наутро или пред спиење. Исто е битно јагле хидратите да се под 80-100гр на ден.
Исхраната ми ја знаеш, читаш во другата тема, да ги вклучам ли и овие? Или сепак на сигурно со л-карнитинот?
нарачав капсули л карнитин од хардкор, ке сакаш да ми кажеш кога е најдобро да ги конзумирсм?мслце е смешно шо ги пијам на 52кила со висина 164. али иам салце
Во зависност колку милиграми содржат, дневен внес е од 2000мг до 4000 мг. Обавезно пред тренинг ама оброкот пред тренинг да е без хидрати, и пред спиење можеш или ако правиш кардио пред и по тренингот.
Л карнотинот помага само во транспорт на мастите до клетките каде се создава енергија. А за да почне телото да троши масти, прво треба да ги потроши гликогенските резерви од мускулите. Не дава тоа којзнае каква енергија, односно ти нема ништо да осетиш, бидејќи телото постојано троши енергија дали од гликогенот од мускулите или од мастите. А навечер е пожелно бидејќи се празни гликогенот и телото за да функционира ќе користи масти и л карнитинот ќе го забрза процесот на треанспорт.