Сега видов дека уствари не сум се обратила во ниеден род, ама сум помислила дека си женско, така да исто е . @papillonP, ги вратив муабетите месеци наназад и само за Young and hungry најдов дека се спомнати, за оваа серија изгледа тука на Фемина сум те прочитала . Како и да е, секако ти си виновникот што ја почнав .
На фокс лајф, ќе ја има утре покрај 15 /16 не сум сигурна во колку часот, провери. Мене многу ме мрдна епизодата. И се уште анализирам што би можело да се случи следната сезона. Бет беше прекрасна епизодава.
Спојлер Супер беше епизодата. Жал ми е само за Тоби што ќе падне пак во депресија, што ли ќе им се случи, дали пак бебе ќе изгубат? Колку ќе беше прекрасно да беше вистина тоа со Џек, аххх, ептен жално. Сега нови епизоди да се чекаат. @promeneta зошто не ја симнеш на торент? Сигурно има превод, ако ти е за преводот.
@JustFun немаме Fox life, ама фала . @RainBow, не знам дали смеам да симнувам торенти, во Германија сум и гледам само онлајн (а не знам ни тоа дали смее). Фала и на тебе . Ќе чекам да се смилува Гледалица да ги стави , а во меѓувреме ќе си читам спојлери тука .
Е не знам каква им е политиката, да не ти тропнат на врата. можеш прокси да симне за да не те најдат, ама многу работа ми се чини тоа. Со каков превод гледаш? Спојлер Инаку, Кевин нај ме нервира некако, не знам зошто, ама антипатичен ми е доста. Колкава драма направи до тоа коленото, заврши филмот, што не отиде да го среди? Има некоја потреба да биде жртва.
@promeneta ти се има соберено вишАк слободно време тебе така ми стое работта па шо си враќала и препрочитувала муабети
Ја изгледав третата сезона за 3дена. Некои епизоди ми беа гледани на фокс ама ја гледав целосно одново. Мене првата сезона ми е ненадмината но така е генерално кај сите серии. Со нетрпение ја чекам четвртата сезона.
Сезонава не беше лоша, ама не беше ни како првата. Спојлер Рендал и Бет ептен апс енд даунс имаа, ама мило ми е што ќе останат заедно, омилен пар ми се. Браво за Дежа каква лекција му одржа на Рендал, убаво го освести. Ништо посебно не ми остави впечаток, се надевам следната ќе е подобра.
Излезена е првата епизода од новата сезона. И беше одлична. Читам многу мрчења за форматот на епизодата, ама мене ми беше баш во this is us стил, знаев дека на крај ќе се поврзат работите и ми беше интересно за гледање. Морници беше моментот кога Спојлер се откри дека Џек е всушност слепиот, посебно кога излезе на сцена и кога почна да пее. Навистина солидна прва епизода, ми се допаѓаат и сите нови ликови, супер кастинг, како и секогаш.
This is us e ukrsden od turcive ili mi se cini... skroz ist e noviot film ..pa sega koj od koj ukral neznam ama bukvalno vo se se isti so TRITE DECA. Milo mi e sto nema da ima potreba da go gledam veke gledan mi e samo so americki glumci
Нема никакво крадење, со години се прават турски римејкови на американски серии Па истото е во овој случај, Трите деца е римејк на This is us