Ја вчера се регистрирав со профилот од инста и не ми фати око нешто апликацијава пошто не сум по твитањето и направив деактив не знаев дека е така поврзано со инста. Денес сеуште го имам профилот на инста не ми е избришан. Нешто не сум деактивирала ко што треба или треба некое време да помина да се избрише и едниот и другиот профил?
Можеш да го деактивираш и тоа нема да ти влијае на инстаграм профилот. Само не можеш целосно да го избришеш. Мислам дека е вака. Мене апликацијава ми е онака, океј, ама сигурно ќе ја избришам. Бегам од тикток, твитер и слични на нив зашто сите се на принципот бескрајно скролање и тоа е нешто што многу ми смета и ме нервира. Инаку хаосот што владее ми е до некаде прифатлив, ми искочија интересни профили што секако не би ги нашла сама. Искрено, можеле малку поразлична од твитер да ја направат, да има нешто ново што досега не било популарно.
Несфатливо ми е уште шо немаме експонирано од личниот живот, за сега тоа да треба да го направиме преку нова социјална мрежа. Лично едвај инстаграм и ФБ користам, немам ниту твитер, тикток, BeReal итн. Едноставно ги осеќам како непотребна преокупација и обврска.
Не ни беше нешто многу потребен овој новитет,искрено глупости...И онака имаме доволно социјални мрежи..Мислам што ќе ни е нова,реално!? Една ја расипуваат па ајде еве ви нова каде што ќе може да се социјализирате.
Со оглед дека одамна не користам твитер не знам и на оваа колку ќе се задржам. Инаку се активирав, па ќе видиме
Уште една во низа социјална мрежа која никна како последица на политичките превирања во корпоративна Aмерика. Доста конзервативците копираа и правеа свои социјални мрежи зошто беа заќутувани на овие што ги држеа либералите. Па, еве сега откога Маск им го купи Твитер и им ја ограничи левичарската пропаганда, си отворија свое ќоше каде што ќе може да си ја продолжат. Од една страна ќе речи некој дека секако е подобро да се има поголем избор, а од друга страна е лошо што се ствараат овакви ехо комори со цел на ширење пропаганда, и тотална контрола од едната или другата страна. Нема можност да си некаде на средина, логички и фактички да ја согледаш ситуацијата. Мора да си или од кај едните, или од кај другите. За обичната раја ова ќе доведе до уште поголеми баблс и заглупување на популацијата. Освен за оние што ќе се офајдат со станување популарни додека уште е матно. Пошто, ново место, нови прилики за маркетинг.
Дали сте пробале да се најавите од PC на threads ? Јас не најдувам опција за најава преку PC, ако некој најде нека сподели.
Нема web верзија се' уште. Единствено ако користиш андроид емулатор на PC (пример BlueStacks), да ја инсталираш апликацијата.
Суштинската разлика знаете која е? На Твитер имаш слобода на говор, а МЕТА дури веќе не ни кријат дека се пристрасни кон левото идеолошко крило (демократите во САД) и прават масовна цензура на десницата. И не зборам само за овие од Сорос (Вистиномер) што ќе ви стават Fake News на твитот ако не им се допаѓа, туку и имаат опција да ви ја намалат видливоста ако често постирате содржина што не им се допаѓа. Луѓето што отворија тредс, отворија чисто од љубопитност да видат што е тоа, но нема шанси да го замени тоа Твитер кој има децениска историја, огромна дата база на твитови што може да се пребаруваат наназад.
Ми нема логика апликацијава. Не ни мислам дека ми треба нешто вакво, па не планирам засега да ја активирам.
И јас од љубопитност инсталирав ама ништо интересно нема, сѐ е видено, ништо ново. Ќе ми фаќа прашина во телефонот. Некако и социјалниве мрежи ми се ептен здосадени, освен инстаграм и дискорд шо користам поактивно ради контакт со луѓе друго сѐ е станато предосадно.
Не го користам, и како Твитер ке пројдат пар години додека не отворам линк што ми праќаат, стиснав да видам ми излезе нотификација секако дека нема да прифатам, ионака си избришав податоци од интернет и си поднесов на Google барање и од нив да се избрише се, не чувствувам дека ми е потребно. Не дека ми е гајле за милијардери, ама сум за се што тера милијардер на вакви мислења. Ретко да видиш инцели со деца.
Цуки твој убо ни го цукна на сите, не заеба, сега да не можеме да го избришеме твитеров од Али експрес без да отиде јабана и Инстаграмот
Уште немам профил и некако барем за сега немам намера тоа да го направам. Преку глава ми е од филозофии, од лајф коучи, од луѓе што отвори му било кој профил што го има и ќе дознаеш од еден најобичен пост шо му се дешава у живот, дали дечкото и раскинал итн. Не сум тип што збори мн, поготово не за приватен живот. Не гледам што би пишала и затоа барем засега не се гледам на таа платформа.
Тредс сега го користат повеќе жени од мажи? Таков ми е впечатокот. Има многу неуспешни твитерџии што сакаат да се пробаат тука. Некои и ми изгледаат превозбудени. Се пишува сва и свашта, мислејќи дека се интересни. Сами си прават антиреклама. Особено некои инфлиенсерки. Подобро само да се сликаат и да затворат уста.