Јас 24часовните ги користам моментално. Имаат на фб и профил, кај што можиш да им пишеш каков проблем имаш па да ти напраат шема од кои влошки по колку време
па тек почнав да ги користам, 3 имам 24 часовни употребено па ќе видиме. Така и ми беше речено од застапникот барем 3 последователно да се износат. Ма да искрено мислам дека инфекции, бактерии, воспаленија можно е да лечат, за цисти, миоми, ЦИН, чисто сумљам ама ајде ќе пробам.
@Sesil Од тие секојдневните? Леле кога ги носев по дома, мислев цела куќа ќе ја сомирисам на билки. Многу силен мирис ми имаа. И јас три искористив пред 2-3 години, имаше фајде колку-толку.
Se izvinuvam za latinicata, gi imam koristeno ciklusnite vloski "Energija na trevite" dobri se, ama za nas standard nekako soleni se. 600 i nesto denari se. A ima edni sekojdnevni, 160 denari se, po edna vloska ima vo opakovkata, efikasni se.
Влошки со некои билки внатре. Еднаш се жалев од кандида, па мајка ми ги купила од некаде, не знам од каде, само знам дека јас толку пари за такво нешто не би дала. Единечни беа, мислам дека требаше да ги носам 24h. Пет влошки имав, износив 4, секоја по 24 часа и не видов некакво подобрување.
Блиска личност е претставник на ТианДе и на средбите кои ги имаат баш за овие влошки навеле пример каде некоја жена која имала некоја врста на CIN после одреден период користење на истите имала видно подобрени резултати на ПАП
Јас коа глеам слики од семинари и презентации на ТианДе искрено не ми ветува многу. Перење мозок на застапниците колку се они добри за да можат овие да се уфилмаат дека стварно работат за супер компанија и продаваат супер производи.
Против јаки менструални болки и циста ми ги предложија Energy Life - една е 162 денари и Енергија на тревите - едно пакетче 645 денари. Не знам дали да ги пробам, ич не ми се експериментира
Jas licno voopsto ne sum zadovolna. Mozebi na nekoj i pomagat no na mene ne. Poracav cel tretman kako sto mi preporacaa za polip na matka so caevi, energy life i edni sekojdnevni uloski. Mesto da se podobram pocnav uste tolku da krvaram posilno i podolgo vreme. KATASTROFA!!
Мене ми препорачаа 24 часовни и секојдневни поради проблем со циклус. Последниве 2 месеци ми се изремети нешто и не добивам редовно. Си го препишувам тоа на енормни стресови. Како што пишав и пред тоа задоволна сум од влошката енергија на животот, па решив да им дадам шанса. На страната има доста позитивни коментари и за најразлични гинеколошки проблеми вклучувајќи и неплодност. Јас верувам искрено дека билките имаат толкава моќ, за миоми и цисти не сум сигурна, но друго верувам. За тие што се мислат дали за болен циклус да ја нарачаат таа една влошка што е, мене лично не ми помогна за тоа, јаки менструални болки и понатаму имам. Можеби сега со овој третман што ми го препорачаа ќе се смени нешто. Сега солени се малце, но поарно нешто навреме да се спречи оти после ќе не знаеш каде попрво да плаќаш. Ќе споделам искуство обавезно
Здраво и јас се изнаслушав за влошката life energy a имам проблем со нередовен циклус па решив да ги земам ми стигнаа пред некој ден па ќе започнам да ги користам земав десет бидејки му пишав на страната и ми рекоа толку да искористам ако има ефекти пишам поздрав
Ja gi koristam uloskite prezadovolna sum. Imav kandida uste vtorata uloska koga ja nosev mi go snema iscedokot. Predobri se