TianDe e руска козметичка фирма, мислам дека повеќето производи им се на природна база. Кај нас излезе скоро па уште не е многу позната. Јас си купив крема од козметичарката, таа ми ја препорача. Кремата се вика Sheep Placenta Dispel Spot Cream. Служи за израмнување на лицето по отстранување на акните: не многу длабоки дупчиња, избелување на флеки, хиперпигментација, ситни брчки и сл. Можат да се користи на сите возрасти и типови на кожа. Јас денес почнав да ја користам па ќе пишам за некое време ако има разултати. Исто така ако некој друг има искуство со TianDe нека го сподели.
Од производите на Тианде имам користено само шампон за коса од женшен. Многу беше форсиран на презентацијата на која присуствував, бев љубопитна за ефектот затоа што е на природна база, па одлучив да го порачам.Се покажа спротивното.Воопшто не бев задоволна и не го користам.Пакувањето е од 400 мл. по цена од 799 ден.
Имам користено шампон и балзам против опаѓање на коса - КАТАСТРОФА. И крем за раце од кравјо млеко - Без ефект.
Јас моментално го користам кремот за лице со плацента од овца, задоволна сум премногу. Исто и кремовите со змиска маст за нозе и раце, го мачкам и синко на лузната од изгорено и делува има ефект. Сум го пробала и шампонот, неколку маски, а многу ми помагаат тие лепенките против главоболка, стварно помагаат. И само преубави зборови за топките за перење, ни прашаци ни омекшивачи, а толку се меки и пријатни после сушењето, навистина
Здраво феминки, дали може да ве замолам доколку некоја од вас има нешто од оваа козметика да сликне декларација на било кој производ? Љубопитна сум да видам што содржат. Благодарам однапред.
@Biodevojka другарка ми зела пилинг и сол за тело, и некоја крема, до утре најкасно ќе ти ги сликнам декларациите па да видиш оти и мене ме интересира, јас бев на нивна презентација, и колку шо се рабирам од како почнав да ги следам декларациите на производи некои штетни состојки ги запамтив и мислам дека имаат по некоја штетна состојка, значи природни се ама не целосно. а органски незнам дали се.
@Biodevojka Еве декларација од три производи на тианде крема за лице со плацента, и сол за тело и лице, и пилинг .
Што ти прави маркетинг значи. Ќе напумпаат нешто wow да испадне, демек крема со плацента и треба во несвест да паднеш. Којзнае и колку пари е, а составот е ужасен. И другиве производи колку што гледам не се баш сјајни. Прв пат гледам декларација од производи на Тианде, ама искрено очекував да бидат посаглам.
Во кремот за лице има течен парафин,петролатум и силикон, во солта за лице и тело има ланолин и DMDM Hydantoin, а во третиот производ (не го гледам баш најдобро) ама има ПЕГ 40. Ти благодарам што ги постираше декларациите, ме интересираше многу составот со оглед на тоа што на интернет не можев да најдам ниедна декларација. Поздрав.
iskustva so proizvodite, pozitivni negativni, poveke sum zainteresirana za kremata so ovca placenta dali pomaga za regeneracija na koza posle akni i mali crveni luzni od akni
Јас сум задоволна од оваа крема најискрено. Имам осетлива кожа, склона сум на алергии, црвенила, чешање, отоци.. ретко кој крем може да го поднесам. Откако го открив овој не го менувам за ништо
Jas da ja pofalam sekojdnevnata 24 casovna vloska energija na zivotot.. Imav problem so ciklus ne mozese da mi probie 2 dena,samo ona kafeno bledo.Ne mi bilo otsekogas taka ama se stori I mnogu me zagrizi 300 filmovi si napraviv. Vloskata mi go resi problemot iako e naglaseno za bolni ciklusi posebno no I za problemi so ciklus.Se e kako porano, mi olesna I sum srekna. Da ne zvuci kako reklama gledam nikoj ne pisal za nea, kaj mene se pokaza dobro ima blagoprijatno dejstvo vrz reproduktivnite organi.
Одамна не била активна темава... ај да ја живнеме. Некој некакво искуство да сподели, а да не е застапник. Доста се рекламирани во последено време по социјални мрежи, претставништва почнаа да отвараат во повеќе градови. Коа ги читам по ФБ во прв момент викам WOW послето станувам скептична, некако ми е too good to be true. Па ако користел некој нека сподели (не)задоволство.
Јас би рекла дека не е баш така , јас работам со оваа компанија и причината која што почнав да работам со оваа компанија беше баш тоа што бев задоволна од производите , откако почнав да ги користам пастите за заби заборавив што е тоа кариес и крварење на непцата ... со енерџи исчистив бело прање, мајка ми и се повлекоа вените од гелот , хемороид ( надворешен) исто со тој гел ....А верувам дека и најголем дел од колегите се дел од компанијата бидејки и помогнала да решат некој свој проблем...имам уште многу позитивни резултати од блиски роднини и пријатели...Производите што се уникатни ,уникатни се ,Никаде во продавница нема влошки направени од билки ,кој може да ги видиме и мириснеме , никаде нема шампон со жив корен во него , кога го ставив коренчето во друг шампон се исуши...
Па тебе ти е во интерес да ги рекламираш, мене не ми е, затоа релано мислење ќе си кажам Не викам дека се 100% бескорисни производите ама немаат ни некој WOW ефект