Tik tok e апликација која служи за снимање кратки видеа, до 60 секунди. Создадена во 2017, од страна на Zhang Yiming, најпрво била популарна вo Кина а подоцна почнала да се користи насекаде низ светот. Дали и вие имате свој акаунт на Tik tok? Дали снимате видеа и од каков тип? Или сте само следачи? Јас пред некое време ја спуштив, гледајќи веќе колку кратките видеа стануваат споделувани и на Facebook и на YouTube, па да видам што има да понуди. Бидејќи најчестото што го видов беа девојки кои се соблекуваат... го деактивирав. Знам, има и многу креативни, интересни, хумористични видеа, но ете... My heart went ooops не ми е нешто импресивно и занимливо. Мое мислење е дека со видеата се отишло малку подалеку од што воопшто била замислата. Соблекување пред камера и пред светот... А за оние кои навистина се потрудиле низ неколкуте секунди да ја изразат својата креативност, . Тие ми се највредните за гледање и трошење некоја минута од моето време. Всушност, тоа и има смисла да се види. Темава ја отворив да видиме дали и колку Tik tok е популарна и тука.
Пред неколку години имав симнато уште додека беше Musical.ly, меѓутоа тогаш не беше ништо посебно. Пред неколку месеци кога ептен стана актуелно, го симнав повторно откако Кеша го сподели дуетот на тикток со Чарли. Малку ми фалеше да се опседнам, најмногу бидејќи генерално сите видеа беа позитивни и навистина ми влијаеа на подобрување на расположението. Но, како што почна карантинов, така сите што се спремни да хејтаат каде и да одат, дојдоа и на тикток и веќе не владее позитивниот амбиент. Затоа и веќе ретко ја отварам апликацијата, а и кога ја отварам, ги гледам само видеата на луѓето што ги следам.
Имам ТикТок ама не снимам, само скролам по него некогаш ако наидам на интересни видеа и ги гледам. Гледам многу наши имаат и ептен значење придонесуваат на него.
TikTok ТиκТоκ е аплиκација за пρогρама во κоја се изρаботуваат видеа. Аплиκацијата се симнува од интеρнет на пρебаρувачот Гугл. Видеата можат да бидат ρазноρодни но, најчесто се однесуваат на лица и личности со κои се сρеќаваме во сеκојдневниот живот без ρазлиκа дали ни се омилени или не. После симнувањето од интеρнет пρебаρувачот или пρеκу гугл плеј, се инсталиρа на смаρт - фонот или κомпјутеρот и може да се започне со κρеиρање на видеа по свој вκус. Аплиκацијата може да ја κоρисти и употρебува сеκој, од најмлади, до најстаρи. Пρилично е пρимамлива и за бρзо вρеме ќе ви стане омилена, па дуρи зависни ќе станете од неа. Можеби ќе саκате да си κупите и блуза со штампа TikTok. Навистина интеρесна аплиκација.
Имам, како да немам, најпозната тиктокерка од Македонија сум! Инаку, симнав демек да гледам видеа ама избришав после пола саат. Не ми беше интересно, а и онака ако ми се гледа ТикТок можам и на Инста да гледам. Има интересна содржина ама овие нашиве не се нормални! Дури една моја тетка со мажот и децата си снимаат, претежно глупости.
Ја имам, и многу ми се свиѓа. Башка малку ако повртиш, те учи што сакаш и само такви работи покажува. Па така најчесто ми искачаат видеа од мајки на мали деца, стоматолози и други доктори, некои македонски тик-токери, и многу комедија. Добро е за тепање време. Јас лично не би постирала видеа, ама интересни ми се за гледање.
Така е, што повеќе ја користиш апликацијата толку повеќе ти е персонализиран фидот. Јас имам тик ток ама ништо немам ставено, едноставно обожавам со саати да гледам смешни видеа!
Од тик ток досега само песнава што си ја заприметив. И тоа во реклама на јутјуб . Гледам по улици деца денсаат и претпоставувам е за тоа ама не ме заинтересира премногу . Таква бев и за инстаграм, дур отворив, години поминаа
Моментот кога ќе помислам дека е достигнат врвот на глупавоста, нешто ново излага што прави претходното да изгледа па и не баш толку глупаво. Одличен начин за надоградување на веќе започнатото затупување на мозочињата. Keep it up!
Многу глупа апликација, сум ја слушнала од внука ми и пред да биде волку популарна, ама немав поим што е тоа. Сега од кога стана баш популарна пак не ми е нешто посебно или интересно да би ја симнала, а и во иднина воопшто немам намера.
Периодов многу ми излегуваа на Инстаграм и конечно ја симнав. Првиот ден седев на апликацијата и следниот ден ја заборавив, ми помина меракот. Има интересни видеа, но на Јутјуб ќе соберат повеќе од една категорија и така ги гледам кога имам желба. Едит: супер е за наоѓање нови песни, и тепање досада
Јас ја имам спуштено уште од лани и тоа за мајтап, ама сеуште го имам, многу ми е интересна апликација. На тик ток има повеќе страни и според тоа што гледаш и лајкнуваш ти определува на која страна си и што ќе ти излегува на for you.
По глупаво нешто од ова амин... според мене. Ниту ја имам, ниту сум во план да ја имам. Гледам некогаш на инста или на фб некои што ја имаат, се глупираат со видеа како мали деца, а се возрасни и треба да мислат на работи според нивните години. Ама ете карантиот си го направи своето и затоа можеби така прават, дека претходно немаа и не споделуваа ништо, туку кога почна ова карантинот. Според мене е преглупа апликација и сешто има, па дури и невкусни работи кои ги споделуваат младите од 13-14 па и повеќето малолетни кои ја имаат. Тоа треба да се забрани.
Работи на принципот на казино слот машини правејќи зависност од истата поради очекувањето за какво следно видео ќе ти се појави, притоа одземајќи ти го изборот ти директно да бираш. Голем бенифит ќе има овој алгоритам во некои други апликации, страници кои може и подобро да го искористат за многу поконкретна содржина. Замислете апликација со содржина на вести кои овака "агресивно" одлучува што ќе читате, или гледате филмови/читате книги, се едуцирате следно... Сепак, според зависноста која ја создава треба сериозно да се разгледа и кои негативни последици ги создава истото и те затвора во еден сопствен креиран бабл од кој лупхол тешко се излегува.
Се заразив со апликацијата, поготово сега во ек на испитна сесија обожавам да го трошам времето на глупости. Не снимам, само скролам. Не сум интересна.