TikTok

Дискусија во 'Слободно време' започната од Bitter-Sweet, 20 јуни 2020.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.921
    Пол:
    Женски
    Tik tok e апликација која служи за снимање кратки видеа, до 60 секунди. Создадена во 2017, од страна на Zhang Yiming, најпрво била популарна вo Кина а подоцна почнала да се користи насекаде низ светот.
    Дали и вие имате свој акаунт на Tik tok? Дали снимате видеа и од каков тип? Или сте само следачи?
    Јас пред некое време ја спуштив, гледајќи веќе колку кратките видеа стануваат споделувани и на Facebook и на YouTube, па да видам што има да понуди. Бидејќи најчестото што го видов беа девојки кои се соблекуваат... го деактивирав. :| Знам, има и многу креативни, интересни, хумористични видеа, но ете... My heart went ooops не ми е нешто импресивно и занимливо. Мое мислење е дека со видеата се отишло малку подалеку од што воопшто била замислата. Соблекување пред камера и пред светот...
    А за оние кои навистина се потрудиле низ неколкуте секунди да ја изразат својата креативност, :clap:. Тие ми се највредните за гледање и трошење некоја минута од моето време. :D Всушност, тоа и има смисла да се види.

    Темава ја отворив да видиме дали и колку Tik tok е популарна и тука. :)
     
    На ohlalalala, EvAngelos, CindyAnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    37.119
    Пол:
    Машки
    Пред неколку години имав симнато уште додека беше Musical.ly, меѓутоа тогаш не беше ништо посебно. Пред неколку месеци кога ептен стана актуелно, го симнав повторно откако Кеша го сподели дуетот на тикток со Чарли.

    Малку ми фалеше да се опседнам, најмногу бидејќи генерално сите видеа беа позитивни и навистина ми влијаеа на подобрување на расположението. Но, како што почна карантинов, така сите што се спремни да хејтаат каде и да одат, дојдоа и на тикток и веќе не владее позитивниот амбиент. Затоа и веќе ретко ја отварам апликацијата, а и кога ја отварам, ги гледам само видеата на луѓето што ги следам.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.091
    Допаѓања:
    141.603
    Ќерка ми (14год) и скоро сите што ги знае на таа возраст, имаат тик-ток.
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    35.605
    Пол:
    Женски
    Имам ТикТок ама не снимам, само скролам по него некогаш ако наидам на интересни видеа и ги гледам.
    Гледам многу наши имаат и ептен значење придонесуваат на него.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    3.975
    Допаѓања:
    17.768
    Пол:
    Женски
    Имам и јас тикток,снимавме некои видеа со другарка :rofl:
     
  6. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    TikTok

    ТиκТоκ е аплиκација за пρогρама во κоја се изρаботуваат видеа. Аплиκацијата се симнува од интеρнет на пρебаρувачот Гугл. Видеата можат да бидат ρазноρодни но, најчесто се однесуваат на лица и личности со κои се сρеќаваме во сеκојдневниот живот без ρазлиκа дали ни се омилени или не. После симнувањето од интеρнет пρебаρувачот или пρеκу гугл плеј, се инсталиρа на смаρт - фонот или κомпјутеρот и може да се започне со κρеиρање на видеа по свој вκус.
    Аплиκацијата може да ја κоρисти и употρебува сеκој, од најмлади, до најстаρи. Пρилично е пρимамлива и за бρзо вρеме ќе ви стане омилена, па дуρи зависни ќе станете од неа.
    Можеби ќе саκате да си κупите и блуза со штампа TikTok.
    Навистина интеρесна аплиκација.
     
  7. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Имам, како да немам, најпозната тиктокерка од Македонија сум!
    Инаку, симнав демек да гледам видеа ама избришав после пола саат. Не ми беше интересно, а и онака ако ми се гледа ТикТок можам и на Инста да гледам.
    Има интересна содржина ама овие нашиве не се нормални! Дури една моја тетка со мажот и децата си снимаат, претежно глупости.
     
    На ohlalalala, Gosh, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    11.263
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас сум ептен заостаната што ни ја знам апликацијата нот па некогаш ќе на симнам
     
    На girl-miri, Ygritte и Dentina им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    8.632
    Пол:
    Женски
    Ја имам, и многу ми се свиѓа. Башка малку ако повртиш, те учи што сакаш и само такви работи покажува. Па така најчесто ми искачаат видеа од мајки на мали деца, стоматолози и други доктори, некои македонски тик-токери, и многу комедија. Добро е за тепање време. Јас лично не би постирала видеа, ама интересни ми се за гледање.
     
    На mariz, Sahlene и crimson им се допаѓа ова.
  10. Ladybug2436

    Ladybug2436 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Така е, што повеќе ја користиш апликацијата толку повеќе ти е персонализиран фидот. Јас имам тик ток ама ништо немам ставено, едноставно обожавам со саати да гледам смешни видеа!
     
    На mariz и Annoma им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    15.525
    Од тик ток досега само песнава што си ја заприметив. И тоа во реклама на јутјуб . Гледам по улици деца денсаат и претпоставувам е за тоа ама не ме заинтересира премногу . Таква бев и за инстаграм, дур отворив, години поминаа
     
  12. martiiinna

    martiiinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    3.218
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе помислам дека е достигнат врвот на глупавоста, нешто ново излага што прави претходното да изгледа па и не баш толку глупаво.
    Одличен начин за надоградување на веќе започнатото затупување на мозочињата.
    Keep it up!
     
    На Dzevelekova, ku4ence, theowndemon и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Машки
    И тоа како глупава и лигава апликација.
    Безвезе. :smirk:
     
    На Dzevelekova, ku4ence, ohlalalala и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Многу глупа апликација, сум ја слушнала од внука ми и пред да биде волку популарна, ама немав поим што е тоа. Сега од кога стана баш популарна пак не ми е нешто посебно или интересно да би ја симнала, а и во иднина воопшто немам намера.
     
  15. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Периодов многу ми излегуваа на Инстаграм и конечно ја симнав. Првиот ден седев на апликацијата и следниот ден ја заборавив, ми помина меракот. Има интересни видеа, но на Јутјуб ќе соберат повеќе од една категорија и така ги гледам кога имам желба.

    Едит: супер е за наоѓање нови песни, и тепање досада
     
    На ElenaOfRivendell и Sahlene им се допаѓа ова.
  16. The Saturdays

    The Saturdays Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам спуштено уште од лани и тоа за мајтап, ама сеуште го имам, многу ми е интересна апликација. На тик ток има повеќе страни и според тоа што гледаш и лајкнуваш ти определува на која страна си и што ќе ти излегува на for you.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    5.260
    Пол:
    Женски
    По глупаво нешто од ова амин... според мене. Ниту ја имам, ниту сум во план да ја имам. Гледам некогаш на инста или на фб некои што ја имаат, се глупираат со видеа како мали деца, а се возрасни и треба да мислат на работи според нивните години. Ама ете карантиот си го направи своето и затоа можеби така прават, дека претходно немаа и не споделуваа ништо, туку кога почна ова карантинот. Според мене е преглупа апликација и сешто има, па дури и невкусни работи кои ги споделуваат младите од 13-14 па и повеќето малолетни кои ја имаат. Тоа треба да се забрани.
     
    На ohlalalala, cresa-jagoda, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  18. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    6.604
    Пол:
    Женски
    Имам, ми беше интересно првите два-три дена и од тогаш ја немам ни уклучено.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    12.457
    Пол:
    Машки
    Работи на принципот на казино слот машини правејќи зависност од истата поради очекувањето за какво следно видео ќе ти се појави, притоа одземајќи ти го изборот ти директно да бираш.
    Голем бенифит ќе има овој алгоритам во некои други апликации, страници кои може и подобро да го искористат за многу поконкретна содржина. Замислете апликација со содржина на вести кои овака "агресивно" одлучува што ќе читате, или гледате филмови/читате книги, се едуцирате следно...
    Сепак, според зависноста која ја создава треба сериозно да се разгледа и кои негативни последици ги создава истото и те затвора во еден сопствен креиран бабл од кој лупхол тешко се излегува.
     
    На theowndemon, ohlalalala, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. christinnn

    christinnn Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    13.892
    Пол:
    Женски
    Се заразив со апликацијата, поготово сега во ек на испитна сесија обожавам да го трошам времето на глупости.
    Не снимам, само скролам. Не сум интересна.:rofl:
     
    На poppie, CindyAnn, The Saturdays и 1 друга личност им се допаѓа ова.