Искрено повеќе голотија од машки имам видено, отколку од женски. Посебно со еден од поновите трендови каде што соблакаат маица и играат со цел да им се познава другарот како им оди нагоре-надолу преку тренерките.
Машките прат humping the air, сите се фаќаат, носат алишта за да им се познава, како што кажа и Ketchap ама нема врска женските сами се девалвираат ...
Денеска проаѓајќи низ едно маало видов три-четири девојчиња како снимаја ТикТок играјќи качени на гаражи.. тие гаражите стари сто години среќа ме пропаднале.. ТикТок опасна работа
Го видовте ли видеото на Славе јутуберот на тик ток со двете девојки врзани како кучки јас мислам дека спотовите на 2 бона и слаткаристика се криви за тоа...
Воопшто не е смешно. За девојките немам коментар ама таквите како него што снимаат такви видеа, божем големите фраери. Идиотизам пуштен на најјако. Уште се чудам на коментарите од типот: ,,цареви сте" ,,браво брату" ,,најјак"..
Штом нашево општество ги величи машките што и да прават, тогаш нема што да ти е чудно што им пишуваат коментари како тие се цареви, најјаки и др. Една исто имаше за тоа кој пиел пиво е**л се' живо, а за неа многу лоши работи пишувале. Инаку не користам ТикТок, ама можеби некогаш ќе ја пробам. И на Фејсбук и Инстаграм ставаат видеа што ги имаат и на ТикТок и имам видено многу добри видеа. Според Тик -Ток видеата што ги видов на другите социјални мрежи што ги користам, можам да кажам дека апликацијата како апликација воопшто не е лоша, напротив, меѓутоа многу луѓе ја злоупотребуваат и поради тоа ми стана одбивна. Ама тоа не е главната причина поради која не ја користам, туку поради тоа што не снимам видеа, а и немам време да снимам. Сепак, тоа не значи дека никогаш нема да ја користам.
Дали може да се направи turn notifications on на тик ток за одредена личност? Мислам исто како што е на инстаграм, само дали има таква опција на тик ток?
Ме фаќа некој мерак јас да и снимам. Ама од после ми текна дека јас во Тинекс да влезам ќе пропадне, не пак тикток.
Дали на тие што имате тик ток на телефоните ви крашнува апликацијата? Мене од вчера нон стоп ми крашнува, ги избришав кешираните податоци ажурирана е па не знам што е проблемот
Не е проблем до твојот телефон, туку гугл има проблем со ажурирањето на web view па е забележано крашнување на различни апликации кај некои корисници. Ќе се среди за брзо.
Инсталирав пред еден месец тик ток, интересна ми е апликацијата, мои слики, видеа не ставам ништо затоа што не сакам, ама воедно и не ми се свига исто тоа што има секакви работи. Прво има да кажам баби боже мили голи се ставаат по тик ток, на ништо не личат срамота. Искрено не знам како можат да стават такво видео, ама очигледно на нив не им е срам, за нив све тоа е нормално. Треба барем бабичките да се забранат
и мене понекогаш ми излегуваат... али видеата човечее.. но комент.. ај кент... али нека се порадуваат и они малку
Јас си направив и споделувам видеа од места низ островот. Мене ми пречи што ми излегуваат паранормални видеа,останатото не ми смета.