И? ТикТок има генерално лоша содржина. И баш е добро да не постои никаде. Или бар да ја изменат нешто налик на Кинескиот едукативен модел.
А, зошто мислите дека ако нема тик ток, нема да ги има содржините кои тик ток ги нудеше само на други платформи? Или дека нема сега да се борат на пазарот многу други слични платформи? Тик ток е многу поуспешното, на веќе многу успешниот „Вајн“. Зошто мислите дека нема да има трета платформа таква шо ќе се пробие? Рилс на Инстаграм и Шортс на Јутуб, кои се на ист принцип и со скроз иста содржина зошто креаторите користат поќе платформи - веќе ја имат истата содржина. Башка шо јас лично мислам дека ова е политички stunt пошто Трамп веќе најави дека ќе го врати Тик Ток, на шо ќе добие многу политички поени во иднина. Али ај, то е веќе друга тема.
Што е Вајн и како функционира? Мене Тик Ток ми беше само за видеа за шминкање, сега треба да ми кажете кај да се префрлам. И ако може линкче, не знам како да го најдам. Ова што го наоѓам е архивирано...
Вајн е прастара платформа шо веќе не мислам ни дека постои. Ама е претходник на Тик Ток. Вајн одеше, за Тик Ток да можи да трча. Кога пропадна пред многу години имавме бран кој идеше од таму на Јутуб ама не успеа да се снајди во long form формат. Сега мислам реднот или нешто така се префрлаат. Некоја кинеска апликација. Не знам. Никогаш не сум била фан на користење на Тик Ток. Ама то не значи дека то шо ќе се забрани ќе се спречи то шо беше труло таму.
Do it for the vine! Unpopular opinion: Треба да се врати Vine на местото од Тик Ток. Точно е дека беше претходникот на Тик Ток пред 10тина години, ама мене содржините на Вајн ми беа некако поинтересни, поуникатни. Целта беше да се прават кратки хумористични видеа и толку, ништо too deep. На ТикТок, инстаграм рилс и сл. има буквално се сега. Ќе земиш да скролаш и не знаеш дали ќе ти се падни нешто за смеење до солзи или плачење или нешто кое те тера да си го преиспитуваш целото постоење. А, и чудниот алгоритам кој знае да ти дава рилс што ти ја поддржуваат твојата моментална животна ситуација. Нмв мене ништо не ми значи бидејќи скролањето на инстаграм рилс ми е доволно и одамна избришав ТикТок. Ама и те како ми фали да се смеам на вајнс.
Ако гледаме генерално сите апликации имаат лоша содржина. Ама во пракса не е толку до апликацијата колку што е до тебе. Ти одлучуваш што ќе следиш а што не, затоа постојат опции како блок и игнор. Конкретно на ТикТок сам си го креираш контентот, односно тоа што следиш тоа ти излегува на fyp понатаму. Мене ми е омилена апликација, има многу интересни креатори и содржини, за секој по нешто. Во време на модерна и напредна технологија сметам дека ова е бесмислено, да се банира апликација која никому не штети. Еве јас никогаш на мојот fyp не сум ги видела тие предизвици што се популарни кај децата. Значи сепак не е до апликацијата, туку до луѓето како ја користат. Во такви случаи родителите треба да внимаваат и да контролираат што следат децата а не да се банираат апликациите, пошто може на секоја апликација да се случи истото. Од непозната причина, овој портокал во движење ми е преантипатичен, ама at this point не ми е гајле.. Следам амерички креатори, fyp ми е амерички и некогаш запаѓам од смеење особено на коментари. Баш прееска правев муабет за ова, викам ќе ми биде страв да отворам, којзнае како ќе ми се трансформира fyp. Не дај Боже балкански контент да ми префрли ќе треба да го избришам од корен.
Ќе ти се префрли на англиски или австралиски тикток, не е страшно, пак ќе ти се прилагоди фјп по твој вкус
Хмм колку толку добро, барем нема да е балкански, ама нема да гледам видеа од америчките креатори. И општо, Американците се hilarious во коментари.
Американците како се решија од Хуавеј така се решаваат сега и од ТикТок, не поднесуваат подобри од нив пак вака се обидуваат да наштетат што можат повеќе.
Па, има политика вплеткано ради тврдењето за кинеска шпионажа божем американските служби не го прават истото. И на Трамп порано му одговараше забрана, но ја смени песната оти времињата покажуваат дека не е паметно да се рчка Кина многу. И му одговараат млади гласови. А, за содржините ги има и кај другите, но тие малку подобро реагираат на пријави. И на вести почесто се слуша дека некое дете се повредило или загинало поради ТикТок предизвик. Алфа и Зи таму седат повеќе. А, ако ТикТок не се врати онлајн во САД, тоа може да ги натера другите малку да се подобрат. Генерално ние возрасните знаеме што да избегнеме, но не и децата. Иако голем дел е до родителите, не може да се исклучи компанијата од вина. Намерно дозволуваат полошото да е достапно за светот надвор од Кина знаејќи колку му е зависна младата популација од мрежите. Јас нема да бидам против ТикТок ако се измени.
Истите коментари ми излегоа и мене прееска, ваљда истото видео ни испаднало. И да, fyp ми беше ко штурци да пеат иако имав англиски и австралиски контент.
Украдив сликиве, јас од кога Тик Ток и Индија откажаа љубов - нема место за мене таму. То е тој кринџ хумор шо го барам јас.