Од многу мала ги носев,моите вакви ми купуваа и девојчињата кои денес ги носат,ми се смееа дека сум била како машко. Потоа во средно ме заебаваа дека носам ГОЈЗЕРИЦИ,а јас си свиркав мислејќи си колку ми е топло на ноџето. И тоа,порано не постоеа нешто ко тимберленд бутс,туку кој си носел си знае дека најпрв таков модел беа CAT (caterpillar) кои се неспоредливи со квалитетот,а и изгледот. И ете сега,дојде времето кога оние кои мене ми се смееа,ги носат ради мода без да им ги уживаат бенефитите во права смисла. А како ќе видиш дека се ради мода? Кога веќе пукната пролет и на прилично суви коловози носат нешто кое практично ја вари ногата,кога ќе ги соблечат сигурно им се збрчкани стапалата како корнишночиња скиселени. Тамбс ап за ова безвременско чудо. Ќе си ги носам и кога се и кога не се у мода.
уф преубави се имам и црни и бели ..многу ми користеја зимава во снеговите.. се изнакупив чизми годинава и сите пуштаа вода само овие не, значи се совршени ем топлат ем се
многу се јакиииии многу добро стојат... филм! сакав вакви да си купам али не можев од некои причини. Следна прилика купувам!
И плачев на мајка ми додека да купам Ама онака,стилот ми е таков и ми одговара, а кога гледав хеланки и модерна блуза со модерна марама ми се .
Мислев дека никогаш нема да облечам нешто вакво но сега ова зима што помина и како и по обично од таа пуста мода па вакви чизми па онакви чизми и латти си доаѓаше дома со мокри нозе и по иницијатива на мајка ми ме напна за вакви чизми и реков дека нема шанса да носам нешто такво но жената ми рече јас ти купувам да знам дека имаш асални чизми и да ти држат топло а ти ако сакаш носи ги ако не немораш ме најде зор од што ми беше многу ладно па душата им ја извадив ни с елизгаат ни вода пуштаат топло држат абе мераци,здравје да е оваа зима што иде ќе ја напнам па јас да ми купи уште едни имам тегет со бело сега сакам жолти со кремасто
Не се мој стил и не би ги носела.А што се удобни и што не пропуштаат не можа да кажа.Сепак кому си му одговараат на стилот нека си ги носи.
лани мм ме премолуваше да си купам јас несакав ми беа скапи ама ова година ќе купам со сигурност се спремам...убави се многуу и удобни и прекрасни за долгата и студена зима имаше лани и убави чизми повисоки ...
Видов дека низ градот веќе почнале да носат.. Рано е уште или? Бидејќи и јас ги имам и незнам дали да ги носам..
^Таман е, не е рано Јас колку имам мерак за timberland чизми, ама не ми е толку длабок џебот за жал.. не можам да си дозволам. И овие високиве ама се цакани, ми течат лигички.
Имам и ги обожавам лани земав едни, сега планирам уште едни да земам просто ги обожавам, поудобно и поубаво нешто што ми прилега на нога немам пробано
Лани си ветив на самата себе дека Зимо 2012 ќе ги имам. А кога ќе си дадам ветување никогаш не го прекршувам. Ги зедов пред две недели Women’s Timberland Authentics Teddy Fleece Fold Down Boot Ама се подвиткуаваат па изгледаат вака Единствено нешто што ми го матеше паметот беа флеките од дожд/снег, па морав да се консултирам и на крај купив и гумена четка за чистење. Сега и јас сум фраерка.
Познаничка моја купуваше од интернет и најде "финта" за поефтино да помине. Си купи детски број, а детски броеви има до 40ка ако не се лажам. Детските се доста поефтини од возрасните тимберленд, така да имате заштеда. Мене ми се бендисаа оние високите од погоре сликата, баш се топ
До 37-38 одат детските, па ако носите помало бројче може. Патем, ја отворив сезоната од вчера Уште гледам девојчиња со балетанчиња, ама ладно ми беше бе! Една од причините што толку ја сакам есента ми се чизмичкиве, обожавам да ги носам
Имаат 3 категории на детски бројчиња. Toddler (1-5 yrs) - Youth (5-9 yrs) - Junior (9-13 yrs) Јуниор имаат до 6,5, што е наше 39.5