Јас вакви не би носела.Не дека велам дека не се убави,ама не се мој стил,јас сакам нешто понежно.Ги видов пред некој ден во Office shoes и стварно скапи,ама не би ги купила. Инаку оние чизми од сликата погоре се интересни...
Стварно се прекрасни и јас ги сакам.. А да ве прашам да не знаете каде има вакви ама не оргиналот него копиите ама розеви?
Позастапени се кај машките.Тие почесто ги носат. Искрено мене не ми се нешто посебно...не се мој стил!
Девојќи, сметате ли дека има голема разлика во квалитетот на оригиналните и неоригиналните тимберланд чизми ? Јас планирам да си купам, но моментално, 12 000 ден. се оригиналот, а истражував долго време и заклучив дека овие се единствените чизми што држат топло на нозете и не пропуштаат на дожд и снег (а да, и не се лизгаат на снег) Фала однапред, поздрав
Да прашам, како да ги исчистам чизмиве? Многу ми е некако деликатен материјалот,не знам со што би можела да ги поминам,со какво крпче/четка...?
Оригинални има розеви, и има и во нашава Timberland (онаа во Рамстор), барем лани имаше. Има и бели, темно сини, виолетови, повеќе нијанси на кафена, бордо, но не знам дали некои од овие има во нашиве Timberland, од поодамна немам прошетано. 12 000? Можеби некој нов модел, или некои повисоки биле 12 000, но овие не беа повеќе од 6000, мислам дека беа 5400. Јас секојдневно ги бришам со влажно марамче. Доколку имаш некоја флека има специјална гума за бришење флеки која се продава во Timberland продавниците. Си купив и еден спреј од Пеко за вакви материјали па и со него ги освежувам еднаш неделно, по чистењето.
Па и не биди толку сигурна дека Тимберленд нема да пропуштаат, дури и оригиналот. Од Кет се далеку поквалитетни и нема да пропуштаат со сигурност, ако веќе толку бараш стоперка, ама од Кет мислам дека се и далеку посоленки за разлика од Тимберленд.
Баш пред некој ден ги видов во трговските розеви оргинал беа 6000,ама некако не ми се даваат толку.. Па сакам да најдам такви розеви ама по евтини,не мора оргинал,ама не можам нигде да најдам.. :/
Вчера ги гледав во рамстор....колку би си купила, само да не беа толку скапи. Како за ќерка ми чизмички беа 4500. соленки малце. Оваа година би се задоволила и со имитацијата. Бев долу во рамстор во тоа продавничето за чевли, ама немаше. Минатата недела имаше слични чизмички, околу 1600, ама вчера ги немаше. Може некој да ми каже каде може да најдам имитација на Тимберленд чизми и колку се?
Тетка ми си дојде од Германија и ми донесе Исти се како овие на сликата и не пропуштаат вода што е најбитно и многу топлат
Јас прашувам и барам 1 недела веќе каде да најдам имитација тимберленд розеви и никој не ми одговори.. Ама и барав не најдов нигде.. :/
јас лани овие многу ги бендисав ама гледам сега ги нема ...многу беа убави но и скапи околу 10000ден.потоа ги намалија до кај 7000ден, а оваа година ги нема....
абе каде можам да купам вакви или некој слични вакви за зимоска не мора оргинал само да се добри и да не пропуштаат до негде 1500 ден. ?
^ееееее од каде ги купи и јас да си купам па дај и некоја критика/пофалба за нив и дал се исти како оргиналот или има некоја разлика?те молам