Да не знаете дали минатата година имаше попуст во Timberlend? И како беа цените и дали и оваа година би имало?
Имаше попуст околу почетокот на ноември, славеа роденден, мислам дека 20% беше. После имаше и за black friday, исто 20% мислам дека беше. По тоа од прилика види за цените бидејќи нели различни модели имаат различни цени.
Кога станува збор за Тимберленд, нека не ве лаже паметот да порачувате онлајн преку нивниот сајт. Ќе порачате, ќе ви речат дека ќе стигнат во Македонија и после ќе останете и без пари и без патики/чизми.
Шо е со цениве на Тимберленд годинава, зошто сите чизми им се по 12-13 илјади? Нели беа по 6-7 илјади, од каде новиве цени сега?
А не биле 6-7.. Машките се над 10-11, зависи кој модел, а женските оние стандард моделот јас ги имам од пред 2 години, 8 илјади, најевтини беа од сите.. Попусти имаат чат пат, така да фатиш.
Моделите за возрасни секогаш беа толку, ако добро се сеќавам. Детските модели што им одат до 39 број (или до 40, не сум сигурна) беа 6-7 илјади.
Се мислам да ги фарбам со акрилна боја ама ми е страв малу, дали некој пробал? Гледав видеа на ут убаво испаѓа. не се исти тие од 7 и 12