Ме потсети сега, како помала си се внесував многу со ваквите to-do list, но кај мене повеќе беа како wish list, пошто ништо не правев од напишаното И тоа ги пишев со стила во различни бои, ги лепев над кревет демек да не заборавам, не бе брате- само во моментот кога ги пишев се целев кон нив, и обично тоа го правев на вечер пошто нели тогаш сме најкреативни и нај open-minded (читај-досада ) и другиот ден кога ќе станев си се чудев на вчерашниот мозок и го зафрлав негде листот и тоа е тоа од моите листи Ете една пак ќе ја речам wish list за периодот: 1. Да ги откажам или евентуално да намалам со цигарите (mission impossible) 2. Да почнам со вежбање или пешачење, барем 2-3 пати неделно (невозможно бидејќи таксистите од мене земаат плата, а и си се вадам со снегот) 3. Да одам до jumbo да се изнакупам работи што ќе ја разбијат монотонијата во мојата соба, мислам на свеќи, шарени перничиња, чаши и ред други ситници. 4. Да го достигнам бројот 30 во колекцијата на книги што ги имам прочитано во рок од скоро 1 година (засега имам 22) 5. Да ја изгледам friends оти мислам дека сум единстена што ја немам гледано 6. Да одам на викенд во Маврово 7. Да намалам со алкохолот.
1 Da se otarasam od site zdrastveni problemi. 2 Da se zaljubam 3 Da si gi polozam site predmeti semestarov sto sledi i toa so visoki ocenki 4 Da pocnam da razmisluvam pozitivno