Tokyo Ghoul (2014)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ShadyLady5, 23 мај 2015.

  1. ShadyLady5

    ShadyLady5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ова јапонско аниме е многу интересно, само што малку имаше глуп крај...
    Ова е сторијата:
    Канеки Кен е момче кое е многу тивко и добро. Но, кога оди во една кафетерија, таму ја запознава убавата Ризе Камиширо. Ризе всушност е ghoul (во превод го најдов како лош дух, но повеќе би кажала човекојадец). Тие веднаш наоѓаат заедничка тема за разговор. Но, кога беше време да си одат, таа го нападна Канеки. Но, за негова среќа, но и несреќа, доживеаа несреќа кога едни железа паднаа врз нив. Во тој момент во болницата, Кен го направија операција, пресадувајќи му дел од органите на Ризе. Кога Кен се разбуди, сфати дека и тој е ghoul. Тој почнува да живее во кафетеријата Anteiku заедно со други ghouls. Најмногу му помага Тоука која е и една од неговите пријателки. Но, кога Канеки ќе биде киднапиран и измачуван од Џејсон, тој ќе ја прифати неговата ghoul страна и ќе го убие Џејсон. т.е ќе го изеде. Потоа втората сезона го следи Канеки како се придружува на друга група ghouls која се вика Aogiri. Тие ќе ја нападнат полицијата со цел да ги ослободат фатените ghouls. Смртниот непријател на Канеки е Амон, кој ќе се соочи со него. Амон умира. За Канеки не се многу знае што се случи со него.
    Некаде прочитав дека ќе има и 3 сезона пуштена летово, каде што Канеки ќе има амнезија...
    Ако не сте го гледале ова аниме, гледајте го, нема да зажалите... Можеби малку ќе ви биде крајот глуп, но во суштина е многу интересно аниме.
    [​IMG]
     
  2. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    уште од кога излезе првата епизода ми фати око серијава и од тогаш ја следев..многу добро аниме 8)(y)
     
  3. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    аааа значи нешто ново и јас да гледам :D 8)
    благодарам на информацијава, одамна немам гледано аниме,а ова мислам дека би бил добра релаксација за деновиве :party:
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    Opening песната ми е омилена. Прво кога ја слушнав ја мислев за пискава досадна песна, по неколку слушања: па и не е толку лоша, по 10 слушања: омилена јапонска песна и на крај кога Хиде, неговиот најдобар пријател умре, а во позадина рефренот на unravel (opening песната) се изнаплакав. ;( ;(;(;(;( Меѓу омилените Аниме ми е Токио Гоул. Нешто слична на Shingeki no Kiyojin е со приказната, ама Shingeki no Kiyojin не расплакува толку.
     
  5. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Долго време не знаев дали да го почнам ова аниме бидејки обично не гледам вакви. Повеќе сум за ром-комс ама денес решив да го почнам. Само што завршив со прва епизода, и сега за сега ми е океј. Ризе ми беше прејака, баш сакав да ја има и понатака во серијата. Ќе пишам пак кога ќе изгледам уште некоја епизода!