1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Top Shop производи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од nate-natali, 19 јуни 2011.

  1. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Ја отворив темава за сите кои што имаат купено некој топ шоп призвод или имаат намера да купат, да кажат колку се/не се задоволни ;) или да ни го препорачаат. :$ :devil: Јас имам неколку и нај задоволна сум од соковникот додека тоа peint zооm от е утка не видена денес го пробав и како се изнервирав :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Пред неколку години купивме Power Juicer и задоволни сме.
    Мајка ми исто така ги користи оние...незнам како се викаат, да и го затегнат стомакот и задникот и задоволна е.
    Друго нешто немаме користено
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имаме дома Орбитрек, веќе неколку години и на почетокот вежбав повеќе, изгледа интересно ми беше :lol:, сега поретко. Мајка ми сеуште го користи и е презадоволна.
    Го имаме и соковникот Power Juicer, ок е но не е ништо посебно, искрено незнам дали вреди за парите.
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ахх топ шоп.
    Уште пред 10 години мајка ми го зема орбитрекот. Вујко ми идеше еднаш месечно најмалку да го поправи или затегне или било што оти крцкаше како луд. После тоа функцијата на орбитрекот стана многу скапа закачалка.
    После ова излезе оној Аква Ровус, демек одлична правосмукална на вода. Е сега јас алергично и болежливо дете, ајде да ја земе да не кива кутрото. Јас сум убедена дека повеќе валкаше него што чистеше. Плус ја фалеа многу е едноставна само полниш со вода и чистиш. Ахам да и плус едно 15000 процеруди за еден филтер, друг филтер, трет филтер. едниот требало вака да се чисти другиот онака, на две недели на секое чистење дрндр днрнд Моментално е во подрум мислам каде сум убедена и дека ќе остане.
    Овие ни се јавува и по дома за некои промоции и чуда ама на мајка ми и пукна филмот па така фино буквално ги опцу по телефон еве ги се немаат јавено со години.
    А баш вчера се умрев од смеење. Влегуваме во топ шоп на Иво Лола Рибар, за да види мајка ми некои панталони што затегаат. И продавачката фино ни објаснува еве овие се тие (мислам дека беа 2 и пол илјади). Мајка ми прашува каков им е составот а продавачката вика а па 100% еластин. Во тој момент јас читам етикета на самите панталони 77% синтетика и 23% еластин. |(

    Заклучок:никогаш, никогаш повеќе нешто од топ шоп да не се купи.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Поседуваме два производа, и се уште размислуваме за трет: вакуум пумпата.

    Орбитрек
    Не можам да коментирам дали сум задоволна од тоа како зацврстува, иако по сестра ми гледам дека не толку многу се гледа разлика. Разбрав требало да поминат 6 месеци за да се примети некаква разлика.
    Како и да е, феноменална закачалка е. :D

    И другиот производ е пеглата за коса. May she rest in peace.
    Керамички плочки, не и ја оштети косата на сестра ми ни малку, но не успеа ни да испегла влакно од мојата коса. :D Ја бутнав од машината за перење несакајќи, односно ја ставив врз кимоно и дека тоа свила, се лизна па двете на плочки паднаа. Не се скрши, се уште работеше но послабо бидејќи керамичките плочки паднаа од ударот.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Хммм дома памтам земавме едно средство за чистење флеки. Луѓе вие не сте помирисале таков отров. Ќе се онесвестеше мајка ми. Беше запакувано како паста, кога го отвори дома лувтиравме 3 дена мислам дека. Одма го фрливме. Отров жив!
    Со него купи и друго средство за чистење теписони, кое се покажа речиси како нефункцонирално, ниедна флека не исчисти.
    А и мајка ми се тапира и на времето купи и едни за тапирање чешли. Се скршија одма :lol:

    Воедно сум многу среќна што намалија со топ шоп реклами. Нема подосадно од тоа. Еден период бевме бомбардирани од топ шоп реклами |( :tmi:
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јас дома немам ни еден производ користено од Топ Шоп. Не за друго туку зошто скоро ништо не е функционално и никој не е задоволен. Еве на пример една другарка купи тоа за коса демек и пегла и преса и не знам што уште што не ја горело косата па девојчево косата ке си ја запалеше. :?:
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Јас го купив она Сауна Белт и луѓе ЖИВА КАТАСТРОФА :devil: :@ Трчи лажи работава... Исто и оние кесите за облека ги имам купено, и тие демек стојат вакумирани тикви зелени стојат :@ Цццц .. И да и баба ми си купи КОСМОДИСК ама слабо и влијае ( сеа не знам може е до човекот затоа што на дедо ми, на баба ми брат, па него му е подобро од него ) Ол тингс консидрд не би купила веќе ништо од ТОП ШОП така наречен Фејк Шоп |(
     
  9. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Мајка ми е опседната со топ шоп, штом види нешто мора да го има. Ама после 50 за*бувања татко ми и забрани да купува работи од нив...Едни од најдебилните работи што сме ги купиле :

    True cover пудрата од топ шоп не само што не е водоотпорна и не покрива тетоважи, саат време откако ќе ставам ми ја снемува....

    Power juiser за чаша сок треба 15 работи да измијам...

    Pillow pets ( мислам така се викаше) го купивме за внука ми, исто е ко и секоја друга плишана играчка...

    Онаа топката за перење ( незнам како се вика) алиштата ко да не си ги испрал....

    Супер сецко добро беше се додека не зарѓа тоа доле што врти :)

    Правосмукалката на вода додека ја склопиш 5 пати ќе си завршел со работата со друг усисивач...

    Оние љиљаковите крпи и џогери магично што собираа флеки, не се добри ни за прашина бришење...

    Сетот ножеви што не зарѓуваат. Едниот падна и се одвои од дршката ( а на рекламата цигли сечеа)

    Едино што стварно делува е степерот, ама не е ништо посебно, степер ко степер...

    И после нема пари за нови штикли за плава, епа нема, мама ги збогатува топ шоп |(
     
    На anonymous16, interesna и roberta-rubi им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Го имам Рејнбоу Арт Сет порано ми го имаа купено, имам дормео душеци 2 поединечни и 1 дебела навлака-душек за брачен кревет, перници дормео и може имам уште нешто од порано ако ми текне ќе пишам :) А да, сетот ножеви ме потсети плава !
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Освен соковникот кој го добив на подарок др немам. Ме нервира што треба да измијам милион делови ама ми врши работа кога правам сок во големииии количини и го пастеризирам веднаш. Ме изненади кога лани правев сок од малини и капини и секое можно семче го извади.
    Задоволна сум ама не го често употребувам, а за др работи, душеци, наваки, сетови, орбитрек... не се замарам
     
  12. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Јас го имам Рилекс енд Тоун :D :D Го купив пред околу 2 -3 месеца и сум задоволна од него, навистина ми се допаѓа :)
     
  13. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    И јас го имам РЕЛАКС & ТОУН и е добар , посебно за целулит....а и кесите за вакумирање се одлични , ептен ми бркаат работа.... :)
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Го имаме тотал џимот, од пред десеттина години, моментално служи како закачалка во спалната на моите. Јас го носев пајачето кое имаше улога да ме исправува, ама ништо од тоа единствено свиреше одвратно. Единствено од кое моите се задоволни се дормео перниците.
    А колку се само досадни , тоа е чудо, на секоја нова промоција ѕвонат дома.. |( |(
     
  15. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Епа да те прашам штом го имаш, тоа со топченцата лилјаковкото за што го користиш??? :)
     
  16. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    АаааУУУуууу го заборавив Тотал џимот скрозззз....лелееее зошто сум...пред 2 години го молев дечко ми да го донесе во Скопје само за да вежбам , па и транспорт му баравме па ова па она, па натиго дајмиго дури се убедивме и конечно дојдеееее....и јас засилена почнав да вежбам...арно ама многу простор зафаќа , а ние тогас живеевме во гарсониера, па требасе секое вежбанје спушти крени и така фино лепо си го кренавме и ни стоесе како украс во станот :lol: ама и одговараше,тој црн , дневната црно зелена ... :D меракојнииии :D
     
  17. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Јас најчесто го користам тоа со топченцата за целулит...ставам гел или антицелулитно масло и се масирам на нозете, задникот, стомакот и рацете од време на време..и делува ако се користи постојано... ;)
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И јас го имам овој, за џабе се. :devil:
     
  19. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15

    А тоа што е како брановидното ?
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Тоа ти е за масни наслаги!!

    Инаку, јас од топ шоп го имам Relax&Tone, Космодиск(ако го рачунаме во топшоп производи), едни тави од навремето купени и сега го нарачав дормео! Од Ralx&Tone-от не сум задоволна, не дава никакви резулатати кај мене, од Космодискот баба ми (за неа беше) беше задоволна, од тавите...тави ко тави, да си пржиш во нив убави беа. Е сега од дормеото се надевам ќе бидам задоволна.
    А и сакам да го нарачам тој депилаторот сега што го рекламираат, за трајно отстранување на влакна со некој си гел! Да видиме и тоа што ќе каже! :)