Во август месец ги купив овие сандали Walkmaxx од Топ шоп , многу сум задоволна , нозете не болат воопшто и многу се удобни , за секодневно носење се топ. Сега ги порачав и чизмиве , чекам да ми стигнат од понеделник па здравје понатаму ќе пишам коментар , јас мислам дека ќе бидам задоволна. , Сега ќе напишам една критика за Top shop во Македонија , не знам дали така им е наредено на вработените , кога бев да ги барам горенаведените сандали , бр.36 , кога ќе влезев во било која продавница во Скопје , одговорот беше - не нема бројчиња , тешко , тој модел го нема итн.. се завртев накај кутиите и оп - ете ти го истиот модел што го барам и тој три кутии со мојот број. Ај си викав може чуваат за некој нивни близок , ама барем тргни ја кутијата на страна и кажи ми дека нема , а не вака будала во очи те прават
Нутрибилетот го имам и секојдневно го користам. Навистина сум задоволна. Што се однесува до Орбитрекот, покажува резултати доколку го користите, но многу крцка и поради тоа треба многу често да се подмачкува. Инаку кога бев во фаза на слабеење, ми помогна
Другарка го има дома.Баш се погоди да треба да соберам нешто со него лесен е за користење многу и стварно чисти ама навлаката тешко се одржава.
Јас имам како тие кремот погоре што се објавени,неколку години ги носам зима не видов во нив.Нога секогаш топла,не пропуштаат вода,е сега да кажам маана им е што малку се лизгаат,треба повеќе да се внимава.
Практичен е, меѓутоа откако го купив видов на пазар за 600 денари се продава ваков џогер, а заедно со две крпи го платив 1390 денари
Го имам купено само нутрибулетот и е супер. Дали некој го има тој затоплувачот што го рекламират (не знам како се викаше ) што троши 2 денари на час?
Дали го има некој користено Utile Slow juicer на Делимано?Јас го имсм Power juicer и многу е добар ама ми се расипа,па сакав овој да го купам.Ме интересира кој е подобар.
Јас го имам и презадоволна сум Многу поголема моќност од други миксери кои сум ги купувала од продавнициве за бела техника. Топло ти го препорачувам, верувам нема да се покаеш