Да јас ја имам и сум презадоволна. Од што влече јако дури тепихот го издига нагоре и плус не исфрла прашина
Добар е јас го имам 5години, сивиот. Немам киристено поевтини варијанти како нутри практик на пример па да ти кажам дали има разлика.
Виц која е јачината, ако не грешам доста послаби се, од нутри практика на пример, кој е 900 вати, а ако не грешам и поевтин е. Ако веќе ти се даваат толку пари за блендер, разгледај по продавниците за бела техника, мислам дека има многу појаки и подобри за тие пари.
Сега видов на Топшоп на страната, 4900 е. Ако сакаш баш тој модел, имаш во сетек ST за 3000 мислам, и појак е од 600 вати. Нутри практик ти е 800 вати и го гледав на нет 2500 баш вчера, а за 4500 имаш и на горење мислам беше во Техномаркет, 1000 вати, во Нептун имаше Фуего 1000 вати, 3 или 4000 беше, исто нутри екстрактор. Мислам дека има поевтини опции и подобри, еве за 5 минутно разгледување што можам да ти кажам
600 вати е. И мене искрено повеќе ќе ми значи искуство од некој што го има апаратот одколку да разгледувам нешто "појако", што немора да значи дека ќе биде потрајно и подобро.
Јас не сум баш задоволна, мојот моментално е на сервис. Не од јачина и од други технички карактеристики, туку имам проблем со затворањето на чашката која кога ја вртиш наопаку за да ја ставиш знае да прокапе. И тоа секогаш убаво ја затворав, клацкав, проверував, и пак понекогаш ми капеше, а последниот пат ми го поплави цел блендер. Моја препорака, блендери како бокал, да се затвораат одозгора. За да нема шанси за вакви незгоди, а и со дупче горе за да можете да блендате жешки работи (супи, сосови). За цената дефинитивно има подобри од Нутрибулет.