Врска нема џабе фрлени пари. Го имав пред неколку години, лепенките за брзо време почнуваат да не лепат.
Дали ги има некој? Пред неколку месеци купив од пазар едни, јас вшмукувам они се кинат.. А баш ми треба кеси кои убаво ќе се вакумираат и што нема да ми зафаќаат простор. (Премногу зимска облека која нема каде да се складира..)
https://www.delimano.com.mk/delimano-air-fryer-aparat-gotvenje-topol-vozduh/ Искуство со апаратов за готвење на топол воздух?
Јас немам производи од топ шоп. Но другарка купуваше преса и фигаро за коса 2 во 1 од таму и косата си ја изгоре со тоа. Немаше ни јонизатор ниту пак копче за да се намали температурата.. Така да не би користела такви производи..
Go imam nutribulletot siva boja. Tie so go imate dali znaete dali moze da se mele keks, biskviti i slicni stvari bo nego?
Дали некоја од вас го користела овој депилатор? Премногу добро го опишуваат за да биде вистина. Било безболно отстранувањето на влакната и не се појавувале поткожни влакна. Се двоумам, сакам да го купам ама скептична сум. Помош ве молам!
Дали некоја од вас ги користи производиве што се даваат со купони во Рамстор и како сте задоволни? Посебно ме интересира апаратов за смути и рачниот блендер, дали се доволно јаки?
Незнам зошто но имам приметено дека постојат два типа на луѓе кога станува збор за топ шоп. Едните целосно навлечени на нивните производи. Имаат еден куп работи по дома, од кои пола не ги користат ама важно секогаш имаат пофални зборови. Другите, кои купиле еден до два производи, кои целосно не им се погодиле или пак сфатиле дека можат за истиот квалитет да си поминат поефтино од друго место. Целосно алергични на топ шоп продавачите и на нивните редовни конзументи. Средина нема -барем во мојата околина.
Дали некој има од оние малите машини за шиење? Не можам на сајтот да ја најдам ама знам дека порано многу ја рекламираа. На сајтот има една што изгледа како хефталка, ама оваа што ја барам буквално е како мини машина за шиење. Ако знае некој за која зборам нека пише. Исто така и искуства и дали сте задоволни, дали функционира итн.
Јас ретко купувам од Топ шоп ама до сега, што и да сум земала, сум задоволна. Особено од шарк правосмукалка. Имаме и 2 над душека и сме задоволни. Е еднаш купив едни хеланки со висок струк, е тие беа ужасни, се кинеа како хулахопки