Дали го има ова некој пробано. Delimano Air Fryer Апарат за готвење со топол воздух Ми изгледа добро за месо.
Леле овие секој трети ден веќе цел месец ме замараат за производи и да продолжам членство. Дали имаат некои чувства спрема мене што толку многу ме замараат или не знам што е работата.
Е нападни се малку. Сржи им! Јас еднаш баш ги отерав у неповрат. Пола година ме замараа. Па и во сабота ѕрнкаат
Како сте задоволни од цедалката, дали е практична, дали лесно се мие? Имам една на Бош ама голема ми е и непрактична за користење, па се мислев за оваа
@Anon јас го имам, ок е за месо, компири, зеленчук, тесто. Вкусот е повеќе како печено. Не збира храна за 4ца, едвај за 2ца и тоа зависи кплку јадат. Мене ми е супер зашто не јадам мрсно и не сакам додавање масло во храната.
Види, немаш многу можности за рецепти, ова ти е за да испечеш парче месо или компири, стек, колбаси и сл. Месото оприлика 20 мин, компири 25, имаш проспект и него пишува што за колку време се готви. За чистење е мн лесно, класично ги миеш со сјај и вода ко и секое тенџере.
Да прашам само дали е погодна за тепих, имам јас со кратко влакно, ама таму кажаа дека е препорачлива за рамни површини. Ја видов добро вшмукува, ама ова предомислува, не знам дали доба ќе е и за тепих
Не знам дали постои начин да се откачат, од 10 различни брови ѕвонат не можеш да ги доблокираш па и на вибер. Се каам што што сум купувала од таму само ради тоа што се напорни. Безобразлук.
јас имам премногу производи од топ шоп и задоволна сум Но може преку 10 пати се имам отерано ептен со нив на тел.Значи премногу ме замараа,и викенди и баш со мало бебе баш кога бев,цело време им викав да не ме замараат ќе појдам ќе видам ако нешто ми треба или ќе отворам на нивната страна но цело време од ралични броеви дрнкаа ептен се напнав и отидов до една нивна продавница да се пожалам,го отерав сирот тој продавачот ни крив ни должен,рече ќе ти помогнам,зема отвори во тоа системот и ми ги смени последните две бројки од бројот за да не ми вртат се спасив колку можев а во секој случај од сите производи сум сварно мнг задоволна,еве последно го купив тој фенот Air Pro и топ е
Која цедалка? Онаа за рачно цедење сок? Ако мислиш на таа, предобра е. Цеди се до последна капка. Најдобро нешто што сум купила од ТопШоп. И мене ме замараат многу. Почнаа да ѕвонат и во 8 сабајле, не знам со кој памет. Им неам кренато со месеци, и не знам како ама телефонов почна сам да им ги одбива повиците Ѕвонат од 20 различни, ама сите баш сите им ги одбива. Раат сум
Може некој да ми каже гледам цената се намали и сакам да го купам и дали имам потреба преку картичка, еден другар е зачленен у топ шоп и ми вика преку него картичка, а зошто? (цената се намали и немам потреба на картичка од него мислам)
A за кој производ збориш уствари?! Сака да купиш преку него затоа што ќе добие ваучер ако има 11 нарачки а мислам таа тогаш ми кажуваше дека има од секој производ некаков процент во тие ваучери ама како идеше не знам ,,, Клуб 5 членовите користат попуст на нивниот купен 11-ти производ. Попустот кој се користи на 11-тиот производ, се пресметува врз основа на вкупната вредност на купените предходни 10 производи, односно 10% од вредноста на купените 10 производи се користи на 11-тиот производ. Попустот се пресметува или на редовната цена на производот, или на клуб цената на производот доколку производот има клуб 5 цена. Периодот на купување на овие 10 производи врз кои се пресметува попуст на 11-тиот, трае 1 година, или 2 години во зависност од видот на членството, додека се членови на КЛУБ5*. Во пресметката на 10-те производи, нема да влегуваат подароци.
За него да му направиш услуга. Зошто да не ти ништо не губиш, а он кога ќе собере/купи 10 производи на 11тиот ќе добие попуст.