Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Top Shop производи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од nate-natali, 19 јуни 2011.

  1. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да спијам на помека перница, имав од Дормео не ни памтам која беше класична перница со мемори пена, толку ми беше никаква тврда и ја дадов на мајка ми, на неа па многу и одговара.

    Пред два дена си нарачав Алое Вера класична перница, чекам да ми стигне.
    Дечко ми ја користи таа, воздушеста е мека и преубава, на сите ви ја препорачувам што сакате да спиете на помеки перници без мемори пена.
     
  2. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Изненадувачки добар.Инаку го добив како подарок од Top shop и на почетокот бев скептик.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marty 0102

    marty 0102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2018
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ti stigna li zadovolna li si i jas ja naracav ama na slepo pa neznam dali zgresiv
     
  4. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Ми стигна, добра е перницата, пријатна за спиење и немам болки во вратот. Мене лично висината многу ми се погоди.
     
    На marty 0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас користи или користела наддушек? Ме интересира дали се добри или џабе фрлени пари?
     
  6. Vanja84M

    Vanja84M Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Какво искуство имате со Делимано тавите. ?Дали навистина се не лепат.
     
  7. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
  8. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ги користи мојата мајка и не е многу задоволна од нивниот квалитет.
    Вие сами одлучете дали ќе ги купите.
     
  9. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Искуства со Делимано кујнскиот робот?
    Screenshot_20200714-133358.png
     
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ја има некој пеглава на пареа? Дали е добра сакам да го земам и да дезинфекција.
     
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Јас не сум задоволна. Капи дури пушта пареа, врели капки вода кои на нежни материјали оставаат флеки. Јас ја добив као гратис со клуб картичката, но не сум задоволна. Ја пуштив на сервис, ја вратија исправна била. А неколку пати ме имаат изгорено тие капки на рака. Подобро инвестирај во добра пегла на пареа.
     
    На Alisa22 и VDT2906 им се допаѓа ова.
  12. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Нее, никаква е! И јас ја добив гратис, исто како што кажа @СуперДевојка, капе, гори. Нема никава јачина да испегла нешто, не е практична. У остава ми стои, и дадов неколлу шанси, ама...
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас сум задоволна од се. Освен од Шарк правосмукалката. Тоа е жива катастрофа..
    Имам навлажнувач на воздух и мислам дека е супер. Имаме нутри булет ама не го користам и не знам. Душекот дормео алое вера е супер. Наддушек имам за во дневна и од тоа сум презадоволна. Ја имам и малата рачна правосмукалка сторм вак и океј е. Имам една тава од делимано и многу е голема разликата од неа до другите тави. Лесно се мие и не е леплива, но ја имам само 3 месеци, ќе видиме колку ќе биде издржлива. Перници од дормео имам многу. Тешко си погодив една што ми одговара .. морав да купам повеќе за да видам.. Го имам и апаратот за варење јајца на делимано и не сум го употребила ниту еднаш. Сега сакам да го купам нано чистачот на пареа, ама некако скап ми е.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Од топ шоп имам купено две перници, душек, чешмата делимано и една тава. Биравме душек месец дена, избор еден тон. На крај се одлучивме за Алоето, на почетокот многу тешко беше за спиење, додека стекнеме навика, но сега ми е супер. Нема изгубено на форма, ни на тврдост веќе година дена. Инаку кога го купувавме душекот, прашував и за перници, бидејќи сум како принцезата на зрно грашок, ми требаше перница која ќе биде замена за 4 перници, така спијам:). Ми даваше една, друга, трета, не и не. И конечно ми ја даде последната 3000 ден. Лелел кога ставив глава, тоа беше неописливо чувство. Викам пакувај две.
    Чешмата Делимано исто една година ја користам и супер е, освен што не е како обичните и прска на сите страни, без разлика дали е чистена или не.
    И исто порано имав тава од Делимано со сино дно, катастрофа, после еден месец, почна да лепи и останаа флеки на многу места. А другата што ја земав, црвена со црно дно, не дава ништо да се загори и плус со само едно поминување од меката страна на сунѓерот се се чисти.
     
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Правосмукалата на Ровус е нешто најдобро што сум имала од ТопШоп.
    Исто и Нутрибулетот,5 години користење мака нема.
    Перниците ми се допаѓаат, 2 год не сум ги сменила ама време им е.
    Ќе ги сменам од антомски за класични, Сиена класичната ми беше преудобна.
    Имам едно големо тенџере на Делимано, не знам од која линија беше, ептен се погоди.
    Исто е ко и првиот ден кога го купив а веќе 2 год го користам.
    Имав цел сет тави мали и големи, за мафини плус .. цели р’ѓосаа, смрдеше храната на железо и ги фрлив сите, а околу 4000 ги платив.
    Bake and share мислам беа.
    Само сукалото остана читаво.
    Имам мала пегла за патување,пегла за вертикално пеглање, и ми се онака “мех”, ништо посебно.
    Имаат добри работи ама имаат и глупости кои не вредат за парите.

    Ама многу се досадни бре :D
    Никако не им кревам на телефон, дури не ме убедат не спуштаат :D
    100 пати сум им рекла, ако ми треба нешто јас ќе ги барам..
    Офтика.
     
    Последна измена: 18 јули 2020
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.533
    Пол:
    Женски
    Од шарк најзадоволна сум. Тоа што вади од теписите е чудно дури.

    Исто и од нутрибулет, го користиме веќе 5 години не се расипал.

    Наддушеци ништо посебно не се.
    Сецкото џабе фрлени пари.
    Мултикукерот ми е само за готвење на пареа за бебе за друго не го бива баш.
    Орбитрек е закачалка само арен е ама некој треба да го вежба :)
     
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Откако си земав Дормео перница не можам да спијам на друга ,прво ми беше тешко неколку дена додека се навикнам затоа што спиев на премека перница или некогаш без перница и оваа ми беше малце како височка и тврда ама за неколку дена се навикнав и откако се навикнав нема шанси на друга перница да спијам .
     
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Од Шаркот сум ептен задоволна имам и парочистач на ровус за подови исто задоволна од нутрито задоволна, исто и џогерот на распрснување го имам задоволна. Е сега од проточниот болјер и она за инсекти катастрофа, тоа болјерот не ја загреваше водата ептен млака, тоа за инсекти безе нема.
    @Fallen.Angel Зошто не си задоволна од Шаркот искрено прв пат гледам некој да не е задоволен од неа. Подобра правосмукалка до сега нема користено.
     
    Последна измена: 18 јули 2020
    На DoubleK и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    upload_2020-7-18_18-18-25.jpeg
    Сакам ова да го земам за готвење на пареа за кашички на бебе. Вреди ли го има некој користено?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Го имам. Не сум го пробала. Стрина ми вели дека е ок само за варени јајца, другите додатоци не ги ни употребила, омлет баш и не се правело како на рекламата.

    Праша и за Шарк навигатор. Не сум задоволна. Рачката ми е скршена, ја лепиме со трака. Ама не е тоа проблемот. Тежок е за влечење низ дома и не успевам секаде да поминам со него и морам да чистам и со рачната правосмукалка. Исто така и многу му е намалена усисната моќ, не е ист како првите месеци кога го купивме.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.