мислам дека топшоп производите се преценети и претежно со слаб квалитет. само се реклама во медиумите што ги наведува луѓето да земаат бидејќи не виделе друго. да не испадни туку така критикувам, моето искуство е со зујала против инсекти кои се вклучуваат во струја, т.н. pest repeller. зујат ли зујат ама не ги бркаат мравките и пајаците.
Здраво на сите, извинете ако се повторувам, не ми е читана темата, а ми треба побрз одговор. Има некој што го користел Pest repeller https://www.topshop.com.mk/pest-repeller-aparat-protiv-insekti/? Искуства? На интернет гледам поделени мислења, па да прашам ако има некој од прва рака.
Три мои другарки го имаа и ниедна од нив не беше задоволна, едната ги имаше и во кафич ставено повеќе и ништо не и помогнале.
Ако ти е за муви и комарци најубаво стави си на прозорите комарници. Јас живеам на село таму има повеќе бубачки од кога ставивме по раат е.
Ни се појави по некоја бубашбава по двор, уствари превртени ги најдовме, засега дома немаме, па затоа се мислев дали има смисла да купиме вакви да не ни се размножат Испрскавме на праговите неопитроид, се надевам нема да се рашири Фала ти многу на одговорот. А комарници, да спас се за летечкиве
Здраво сакам да прашам дали некој ги користи овие перници на дормео и колку е задоволен? https://www.dormeo.com.mk/dormeo-siena-set-klasicni-pernici-mf
Јас ги имам овие, од март се земени. Цената е прикладна бидејќи се супер. До сега нема пропаднато. Дечкото малце извади од полнетото внатре бидејќи му беше висока. Мене ми е таман и одлично се спие, не ме болел врат до сега од спиење. Има и подобри перници не велам не, ама за цената се супер.
Тетка ми го има, она е задоволна, чисти и плочки и теписи и ламинат со него. Има често попуст на ровус, ако не ти се брза почекај, ќе си го земеш на попуст.
Јас можам да ти ги препорачам овие https://www.dormeo.com.mk/dormeo-true-evolution-pernica , подобро нешто нема. Веќе година дена ги користам, како нови се. А глава кога ќе ставиш на нив, тоа е неописливо чувство. Уште во салон кога бев, ги пробував сите, не ме интересираше цена, туку само да биде според мои критериуми. Само ја ставив главата и знаев дека е тоа тоа. Викам пакувај две. Имаат мемори пена и се доста полни, кога ќе ја ставиш главата, делумно пропаѓа, скоро и да не, ама е меко. Јас не би ја менувала за ништо. Дури и по одмори си ја носам.
Гледам сите зборите за ровус на пареа, а од таа обичната малата што е на попуст од 5000 на 2500 како сте задоволни? Се мислам дали да ја земам