Девојки кај мене за 1 месец масирање со антицелулитен гел и со релакс & тон (со топчињата) имаше одлични резултати....
Јас го имам Орбитрекот ( црниот ) и сум задоволна, сама го монтирав, на почетокот малку крцкаше ама требало силно да се стегнат штрафовите, сега е супер. Го купив и стегачот за рака, и од него сум задоволна, баш таков ми требаше да ми го држи зглобот на место. На поклон го добив тоа јајцето од Дормео, освен што го користам како освежувач на дневната некој ефект нема. Ми пречи што се слуша додека работи, не е целосно бесшумно. Во глобала сум задоволна од тоа што го имам до сега купено, имаат многу глупости, ама имаат и добри работи, а колку вредат за парите ... сами проценете.
Орбитрекот и јас го имам, повеќето време служи како закачалка во ходникот А за убава машина - е! Исто космодиск (ако го сметаме во оваа категорија), мама го има купено од пред 10 години сигурно и презадоволна е! И јас сум осетила тоа, кога ме боли грбот или половината кога имам добиено.
^ Другарка ми го има, не е како што го опишуваат(без топлина). Ама добро е. Инаку имаме купено космодиск, некоја тава, правосмукалче, ракавица за депилирање и уште 300 работи. Правосмукалчето цркна неколку дена по истекување на гаранцијата.Ракавицата не депилира. Тавата изгоре. Космодискот никој не го носи, за другите работи исто.. Се на се, поприлично попусто фрлени пари.
од топ шоп имав четка на ротирање со која ја исправував косата и тоа од првите, бев задоволна од неа убаво се исправуваше косата но по 2 години користење ми се расипа, мислам толку и имаше гаранција. и ормани слим, тие ми се најдоа за кондури но само салонки ми собра а чизмите не, но среќа што ги немам многу на број па застанаа во еден, инаку за тие што имаат многу чевли не се некое изводливо решение, евентуално ако земат повеќе ормани. а Дормео душеци, перници дали некој е задоволен?
Топ шоп - Top Shop Дали некој има искуство сo саунабел? Дали сте користеле и какви ефекти има,колку сте задоволни?
Јац си го купив H2O mop X5 и ич не сум задоволна тоа дека чисти теписи е само реклама и ништо повеќе,тоа а за под не е така лошо само што треба да си имате усте дополнителни 4-5 додатоци(од тие микрофибер навлаките) за да ви се исчисти како што треба, а за прозорци најмалку по еден додаток за секој прозор,а еден комплет од додатоците чини околу 700 денари така да ништо од тоа.Повторно џабе пари!
Поради проблемите со тежната, што тргнувајки од самата себе ме иритираше решивме да го земеме првин масажерот Relax & tone, во почетокот ми беше интересно често се масирав.. и како да чувствував некои резултати.. но тој не работи сам, веке пола година и пвоеке ми стои во фиока никако не го вадам. Ајде до толку загреаност го зедовме и ORbitrekot навистина имаше ефекти доколку везбав првата недела.. а сега само ми служи како сакачалка воопшто не се качувам на него. Зал ми е за парите шо ми стојат така во ќош но што е тука, е од утре ќе вежбам редовно
Јас имам орбитрек, кој си е ок, а тоа што јас не го користам е мој проблем Имам и соковник, и многу сум задоволна од него, макар што после чистењето ми е смрт, ама тоа пак е мој проблем Децата имаат Дормео душеци и перници, и ок се и тиа. Не можам многу да кажам на нив зошто не сум спиела на нив, само сум лежела, а децата се деца, не се бунат освен ако има драматични проблеми. На почеток им беше малку да се навикнат на перниците, ама се навикнаа, и сега спијат на нив. Не знам тоа бјорнер рендето дали е од топшоп, ама добро е тоа, ептен брка работа.
Сакав да го купам депилаторот од топ шоп ама веке не сакам да го купам затоа што прочитав дека се е лага.
Дома неам ништо од топ шоп, али на работа ги имаат блендерот и соковникот power juser, една другарка го има масажерот relax and tone, задоволни се, колку што имав приликиа да правам сок и да блендирам јас, мислам дека се ок
Од топ шоп имам мнооогу работи! Пауер џусерот е ТОП, е сеа за миење е малце проблем, али среќа имаме машина за садови, Космодискот им помогна на мајка ми и баба ми многу, од Орбитрекот има резилтати, само што мене си ми стои за украс пошто сум мрза, па од тие причини земавме Рилекс енд тон, што е добар, али и тој си сака редовно користење, а не како јас што очекувам резултати преку ноќ, едно за ќелавост земаа моите, али не се нешто задоволни, го земавме и сауна белтот (или како и да се викаше) со две перничиња што дрмаат, беше ок, али почна да забушава едното од нив.
Ние дома го имаме Космодискот (јас не го носам, ама татко ми до негдека беше задоволен од него) исто така го имаме и Дормео и јас лично сум пре пре пре презадоволна од него. Преубаво се спие на него. Како на облак да си. (не се зезам)
http://www.topshop.com.mk/index.asp?tn= ... int=NA_osm Женски има ли некој искуство со машинава, јас сакам да си ја земам ама...
Машинава за шиење е скапа играчка. Баш е како играчка, може да користи само за ситни поправки. Ја има една комшивка, баш бев да ја видам машината и не вреди за парите. За тие пари на старо ќе купиш многу поквалитетна машина. Иако оваа машина привлекува со тоа што е мала и подвижна.
Топ шоп производите се жива превара и прескапи се. Имам орбитрек (едвај го склопивме), ме нервира бучавата што ја ствара при вежбање. Ако вежбам дома како фабричка машина да работи. На времето имавме аб троник појас што вибрира, толку непријатен не беше, а толку скап...па и дополнително требаше да се става ултразвук гел (тоа на рекламата не го кажуваат) за да се користи, па додека се исчисти после...церемонии и секако ефект никаков. Дормео перница користам и таа е ок, ама зависи и која..ми се жалеа од едни дормео перници дека брзо се сплескале. Го избегавам топшоп максимално, а ако ми дадат идеја за купување на некој производ прво барам искуства по странски форуми (најчесто се негативни) и секако се спасувам од купување или наоѓам подобра и поквалитетна варијанта на производ или купувам 10 пати поефтини копии кои не се ништо полоши. Пример релакс енд тоун top shop цена 3000 ден, на друго место 350 денари (за тие пари презадоволна сум)
Од соколникот, од тоа булент експрес, душеците,перниците дормео и правосмукалка моп сме презадоволни....