Паркети,плочки,теписи.. друго што се чисти/дезинфицира со него? Менува џогер? Оти џабе ми стои џогеров дома, се си мислам не ми е доволно чисто само со него. Купатилото комплет или само подот? Го меркам оддамна...
@Chanell* Ламинат,плочки,теписи,лајсни,во купатило подот и од страна плочките Има две крпи една за плочки ламинат друга за теписон И стрикно да користам дестилирана вода ми рекоа ако ставам обична од бигор може да се зезне Убаво чисти јас сум секој ден со него по ламинатот (дека имам мали дечиња се влечат по ламинат и ова баш ми е топ за дезинфекција) џогер одма фрлив
Паркети и ламинат само фаќа. И теписи ама не влече убаво има како гумичка доле и не лизга баш. Мислам дека намената и е повеќе како секојневна собирање набрзина истурено нешто... Не е за темелно чистење. Јас имам шарк, а оваа ја користам секијневно за ронки, истурено нешто и за ќошиња за пајажини оти шаркот ми е тешка и комплицирана. Нешто грешма си ова е правосмукалка не е како џогер не дезинфицира.
Тука прочитав дека некои сте задоволни од правосмукалкава. Ние ја имаме дома и сме 50:50 поделени мислења. Како прво, мене нешто што најмногу ми смета е тоа што ми е претешка за држење. За 2 мин почнува да ме боли раката. За да собере нешто по два пати се навраќам, а на тепих и повеќе. Нема такво копче за регулирање и преемногу влече одвај ја движам. Рачната ја користиме за чистење во кола, ама и за таму не е нешто посебно. Искрено, јас не би ја купила. Кога треба да сметам нешто си ја вадам нормалната правосмукалка. Сепак ова е за посекојдневно чистење, на пример со мали деца па ако изрониле нешто на брзина да се зачисти и слично, за друго не, според мене. Среќа што тогаш ја земавме на попуст 2500,инаку жива ќе се изедев да лупневме 5000 денари за ова.
Премногу е добар убаво се спие ако одиш на работа и таман кога си изморен добар сон ќе имаш топло ти го препорачувам да го земеш
Предобра. Пред да ја земам ичистив со друга, не знаеш какви гадости испаднаа. После следните шмукања се помалку и помалку ама цела земја, прашина и влакна ги вади.
Дали некој има искуство со Phantom Wet&Dry? Убава ли е за длабинско перење на теписи и вреди ли за парите? https://www.rovus.com.mk/rovus-phantom-wet-dry-vacuum
Апсолутно. До денар вреди. Перам теписи и гарнитури со неа, викендов душекот од спална ми е во план да видам како ќе го испере. Гарнитура во кола, ма се. Башка за правосмукање по дома. Предобра.
Дали некој се сеќава како беше името на коцките за деца од Топ Шоп, мислам пред повеќе од десет години можеа да се купат. Мислам дека во вода ја менуваа бојата. Help