Една другарка го има овој, а јас Крупс на Долче густо. Сѐ си има предности и маани. Со овој на топшоп ти треба мелено еспресо, да си ја погодиш дозата која ти одговара и правиш. За макијато, капучино итн. треба дополнително да топлиш млеко и да го правиш сама. Со апарат со капсули сите напитоци се во капсула и поедноставно е. Во семејства како на другарка ми кај што се пие без млеко апаратот е океј, мада за тие пари има посаглам марки на апарати за кафе од тој тип. Кај нас само јас пијам еспресо, па повеќе работа ми бркаше долче густо заради поедноставниот начин на подготовка на други кафиња, плус топло чоколадо, чај и др млечни напитоци. И за двата типа на апарати ако купиш квалитетно кафе се добри. Дополнително, кај апаратот со мелено еспресо секогаш е подобро да имаш и мелница и сам да си мелиш еспресо во зрно, по потреба. Е сега, вчерашната акција 2 апарати за 7000 беше океј. Да си поделиш со некого по 3500 еден доаѓа, секако во случај да ти одговара начинот на работа на апаратот. Јас лично од долче густо сум презадоволна и пак би купила таков тип на апарат.
да се надоврзам дека се сложувам со горенаведеното од Супер девојка. јас го имам на топшоп и како кафеџија сакам еспресо и макијато, сама купувам мелено пробувам секакви а има делче за млеко греење плус, Купен ми е за 3000 ден, незнам мајками член е нешто и мене тотално ми се исплаќа . од капсули сакам да пијам понекогаш , за секој ден не би зела ДОЛЧЕ не ми е убав вкусот на капсулите често да пијам.
Дечки да ве прашам дали доставуваат производи до врата, не до влез на зграда ? Сакам точак собен да нарачам па дали би го качиле ?
Здраво, Кои сретства ги користите за правосмукалката на Rovus Phantom wet snd dry? Видов дека треба да не се пенливи.
Се обидов да порачам нешто со онлајн плаќање, се процесира порачката и на крај ме враќа вака: Проверив преку телефон нема повлечено пари од сметка. Дали да се обидам пак, иако малку се двоумам или вториов пат да одберам опција со плаќање при прием на пратка?
Само за рамни подови и рамни теписи. Ако имаш бушави теписи нема да ги чисти. Јас ја користам секој ден, а еднаш неделно вклучувам шарк затоа што оваа не собира прашина ама трошки и ѓубренца фаќа.
Кинеска пластика, како што веќе кажаа само ако имаш акрил рамен теписон иначе вака не вреди, само да знаеш дека не е баш едноставно да ја вадиш пластиката па да ја ставаш, јас на баба ми и ја дадов, друга купив од топшоп и повеќе ми се погоди од оваа а тука некаде се со цените мислам, лично јас од оваа сум задоволна https://www.topshop.com.mk/rovus-nano-wet-dry-vac
Јас имам еден постар модел од овој што сега на акција и супер е. За да ја користиш како безжична треба да загрее со базата, па да речеме минута пегла без базата, па пак треба да загрее на база итн.
Здраво, дали некој го има овој Шиатсу масажер од Wellneo, и како сте задоволни, дали појавува дефекти ?
Јас го имам повеќе од две години и презадоволна сум. Мајка ми многу често го користи и до сега дефект не појавил.
Здраво, дали некој ја има користено Rovus Poseidon Steam&Vac Plus Циклонска правосмукалка, и дали сте задоволни?