Јас сум презадоволна, веќе некое време го користам. Особено за компири, нејќам да пржам затоа што попримаат многу масло. Вака со air fryer ми се крцкави, лесно се прават не мирисам на масло, исто стек, риба, јајца...ем брзо, ем лесно.
Како ги правиш компирите? Јас успевам само со купечки, оние на парчиња што се, ако јас лупам и ставам, ми излегуваат живи. Инаку супер е, јас го користам за месо повеќе и лиснато во него правам. И како ги правиш јајцата? Има само една маана, малку собира, а како што ми треба на мене за 5 души, по 2-3 пати правам од некое јадење.
Компирите ги лупам, ги сечам на правоаголници, малку масло им ставам така гледав на youtubeи ставам зачини, 20 минути на 180 повремено и ги мешам. Јајце варено 20 минути на 120, тоа е тешко да се погоди али со проба, на ова температура и за ова време е таман испробано, можи и на повисока температура за пократко али треба да се проба, за јајце е тешко мора да го скршиш, исто ја имам решетката и тавчето, над решетката го ставам тавчето кршам 2,3 јајца и ставам сирење на 200 степени и повремено отварам да ги видам до каде се. Е сега јас го имам помалиот и ми е таман, а поголемиот собира повеќе. Ако ја имаш решетката и тавчето многу побрзо се печат лиснатите за 10 минути на 180 дека е горе греачот
Фала ти многу за деталното објаснување, баш ќе пробам и јас решетката ја немам, се ќе ја купувам, ама никако да стигнам до неа
На страната има многу ситни производи како мешалки, црпалки, ножиња, итн, што никаде ги нема по продавнициве. Треба да докупам уште 9 производи за да можам да ги користам поените, па сакам да купам поефтини работи. Дали ако купам онлајн од страната ќе се важи?
Се што на страната пишува дека нема на залиха не може да се најде никаде. Продолжи си ја картичката и поените ќе ти се префрлат за идната година, зошто сега да купуваш нешто што не ти треба само за да искористиш.
Не, не што нема залиха. Пример, црпалка за супа има залиха на страната, ама ја нема никаде по продавнициве во живо. Ај пак ќе се распрашам, ама како да ги разбрав дека ако помине година, пропаѓаат поените. Гледам од 7ми до 12ти месецов има попусти, ме привлекуваат shark-от и air fry-от.
Ако ја продолжиш картичката не пропаѓаат. Инаку можеш да направиш нарачка на сајтот, па ќе ти се јават дали има или нема се на залиха.
Шаркот е мераци, јас сум многу задоволна. И најситна прашинка собира, ќе се изначудиш. За поените, мислам дека додека беа поени се бришеа, сега се 10 производи и ти важат со продолжување на членството, на 11тиот производ по редовна цена добиваш попуст во висина од 10% од вкупната сума на 10те производи. Туку јас сакав да прашам, дали има некоја со ексклузивно членство на две години? Само еднаш праќаат подарок за роденден или два пати?
Готово, средив работа, им ја купив пола продавница поради поените. Одма кога дојдовме дома го пробаме шаркот од нетрпение, се запрепастивме со мм, толку добро чисти, килимите не само што ги исчисти, туку и ги "поткрена", им даде волумен, делуваат поново. Сериозно предобра правосмукалка, ги собра од прва и влакната од мачето!
Еве јас да се приклучам на странава, шаркот го имам повеќе од 5 години, исто работи како и првиот ден, од кола до тераси се имам чистено до неа и душеци и се (да знае да збори ќе ме тужи) ја имам и малата сторм вак ја користам за тедни места како оставата оти ми е тесната просторијата и оваа е помала и ми ја собира секаде, а исто ја купив за скалите за таван (на отварање се) па можам полесно да ги средам, добра е е сега малку филтерот за чистење ме нервира ама вадам лутина на него, го имам и Ер Враерот, пали вози е, од како го купив не е исклучен од копани до компири се ставам (ги немам додатните елементи) ама за лиснати знам да ставам и хартија за пелење и таманка се, ја имам и пеглата и ножеви и тави пола топ шоп го имам ...
Zdravo na site. Dali nekoj ima iskustvo so ovoj aparat protiv komarci, dali raboti i dali vredi da se kupi? https://www.topshop.com.mk/rovus-2in1-mosquito-killer
zdravo dali ima nekoj do sega probelm so sharkot bidejki jas go imam i ne vlece sto moze da e problemot?
Девојки, се мислам со што да си олеснам правење ручек откако (после породилно) ќе тргнам на работа. Дали вредат тие делимано мултикукерите? Инаку нема шанси да го оставам во струја додека не сум дома така да би го вклучувала ноќе Поарно тоа или експрес лонец?
Јас имам и задовпна сум, зависи кои ти се очекувањата. Океј и за манџи, за тестенини, за пржење, динстање, рижото… Мене ми заменува шпорет и еден куп тенџериња за миење. Инаку, само без надзор не сум го оставила, ниту денски, ниту ноќе. Може да испари водата пред да се искклучи тајмерот и да изгори сѐ ако не си тука.
Јас имам мултикукер про под притисок е,како експрес лонец, тој вреди за секој денар, све правам во него, сум го оставала и кога не сме дома нема шанси да изгори или да испари вода, имаат заштитни механизми и вредат за секој денар. И аир фраерот плус за деца посебно погоден. Тие мултикукери под протисок мислам дека ги нема сега во делимано ама го има на тефал во сите салони на бела техника кој е исто одличен ама поскап околу 7000-8000.