Дали некој го има купено цревото? http://www.topshop.com.mk/dom-kujna/kategorii-za-domot/praktichni-reshenija/xhose-crevo.html
Jас кога нарачав на времето масажер, таа ми вика а дали би сакале и сет за маникир за 600 денари? Bикам не,фала и кога ми стигна пратката, ми го туриле така гратис, ај бре, само пари гледаат на ископаат. A плус тие вондербра нивни, по кинескиве онлајн продавници се по неколку долари
Некако почнав да се премислувам дали да купам правосмукалка или Шарк од топ шоп за чистење на пареа. Некако дома се паркет ,плочки ми е само два мали теписи и една стаза ,а ова прашина што се собира на паркет и на плочки викаат убаво се чистело со Шаркот ,па има некој искуство како се покажал, дали да си го купам ,а да си терам со старава правосмукалка. Значи мислам само за делот на пареа ,не таа гломазната вертикална правосмукалка.
Ние дома имеме купено:2 перници од дормео,душек,појас за колено др.левин,косподиск,соковник.. А и планираме тоа цревото,дали некој го купил?
пред 15 години кога се појави космодиск,го земавме за баба ми и навистина вреди за парите и сега е функционален,а пред околу 2 месеца мајка ми почна ги користи магнетните појаси на др.левин и катастрофа буквално за ништо не вредат а згора на се на нив пишува made in cina,па што барал др,левин од америка во кина да оди да ги произведува нели top shop производите се оргинал или пак било тоа некогаш??? само вие нарачајте производот ке биде доставен во вашите домови и веднаш ке се разочарате,друг пат кога ке има реклама веднаш ке ја промените програмата
Јас пак сакав да ги нарачам. Ме болат зглобовите многу на нозете,па мислев да ги порачам зошто не се трпи веќе болката. Ама сега се разочарав,има ли уште некој магнетни појаси? Патем,сакам да прашам дали некој го има Beach Set 3,шатор за на плажа со простирки? Ме инетересира шаторот,добар ли е,цврст,штити ли од сонце онака како што пишува?
Дали имате некое искуство со патиките и балетанките? Сакав да ги нарачам балетанките, привлечни ми се видоа вака на око
Јас дома имам Total gym 1000, можеби веке 10 години и сум задоволна многу од справава бидејки има многу вежби кои може да се прават за секој дел од телото. Плус ја имам многу време и издржлива е . Препорачувам
Јас пред некое време земав дормео рињу, со перничка оди заедно и сум како нова. Немам повеќе несоници, легнувам и се комирам. За душеците ми рекоа им мувлосувале многу, па не знам за во иднина дали пак рињу или душек, за брачен кревет зборам.
Девојки да ве прашам, сакам да си купам овие денови Walkmaxx патики такви како на сликата. Арно ама пишува дека топлат, на топ шоп страната се во категоријата зимски обувки . Е сеа резил ли е да ги носам уште од сега, а ни летово не завршило календарски?
Зошто резил? Обични патики, според мене така да ич не се секирај што се ставени во категорија зимски обувки.
Катастрофа,џабе фрлени пари, дома имаме 2 еден на спратот кај баба ми и еден кај нас(и тоа во мојата соба) и не делува пак ми се збираат муви низ соба скакулци и што уште не,незнам како се прелажавме + на секои 5 секунди титка
Дали на некој му се има расипано производ од топ шоп и дали ги поправаат производите или даваат нови? Дали некој има такво искуство?
За Дормео знам, дека ако мувлоса душекот и го рекламираш, го заменуваат со нов. Тоа едно време им беше правило, сите кои ги знаев, а имаа таков душек нарачано, мувлосуваше после некое време. Им го заменуваа со нов, наводно, таа серија не била добра. Оттогаш никој не се пожалил. За да не мувлосува, важно е да се стави на латофлекс штички, а не на шперплоча како подлога.