Имам 2 пара од чизмити на Walkmaxx ,и еден пар патики.Патиките веќе ги носиме.Многу се удобни,многу топлат ... вредат за секоја пара.И да си ги земеш ...
Како сте задоволни од перницава? http://www.dormeo.com.mk/%D0%BF%D0%B5%D ... D0%B5.html И од фитнес степеров? Се слабе или тешко? http://www.bidifit.com.mk/fitnes-oprema ... teper.html
Конкретно, дали на некој му се има расипано соковникот Power Juicer Express, поточно моторот? Го поправаат или даваат нов соковник?
Машината за шиење ја има моја другарка. Како играчка е, не личи на машина. За брзо и се расипа зошто не ја пазеше многу. Иначе шиеше се и сешто со неа, фармерки кратеше... Многу брзо и лесно и беше користењето... А, сега зошто е расипана (а, нема гаранција), и таа не знае каде да се обрати...
Ени наши пријатели од топ шоп ја купија онаа справата за вежбање шо е како велосипед, и замислете не ја користеа ни 3 месеци, таа се расипа и ја вратија и за нивна среќа и парите му ги вратија
Според мое искуство, нема подобар. Единствена маана му е миењето, но јас правам сок еднаш во неделата и го чувам во стаклено шише, па го мијам еднаш во 7 дена
Порано вежбав редовно на орбитрек, но не беше мој и го вратив. Сега сакам да купам и сум во дилема... која е разликата од Орбитрек Елите купен од ТопШоп од оној од БидиФит кој исто така е Орбитрек Елите? Дури и на страната на ТопШоп, орбитрекот е во подкатегорија Биди Фит. Разликата во цена не е занемарлива, па доколку е некој упатен Ве молам за одговор.
Пишав и во темата „Делимано производи“, ама ај и тука да си прашам! Во Рамстор со купони може да се земе комплет прибор за јадење и тањири од Делимано. Тањирите се на 50% попуст, а приборов е на 60% попуст (така барем пишува на флаерот). Преубаво ми изгледа комплетот: има 6 големи лажици, 6 големи вилушки, 6 големи ножеви, 6 мали лажици и 6 мали вилушки. Пишува дека редовна цена е 5.500, а на попуст (со 8 купони) е 2.200. Дали некоја од вас ги има користено и како сте задоволни?
освен дормео (кој го користам) другите производи не ме убедуваат многу дека се добри..... ги немам пробано можда затоа вака мислам
Имаме земено некои работи од топ шоп и океј биле, но не ми се ништо посебно. Мерак имам за Орбитрекот со степер да го земеме. И мене ме интересира дали има некоја разлика од тој Орбитрек и оние на него сличните од продавниците за спортска опрема што се.