Јас го имам. Меле се. Правам шејк со смрзнато овошје и коцки мраз и ги меле до најситни парчиња. Брз за употреба, лесно се чисти. Презадоволна сум. Вреди за парите. Инаку од Топ шоп имам купено чизми волмакс и патики за трчање. Презадоволна сум, чизмите ептен ме топлат, а патиките така ми легнаа на ногата, како никои други. Орбитрекот го купив прв, не жалам за парите, се исплати. Моментално ми е закачалка, ама за тоа сме си самите криви, недостаток на мотивација. Го користев редовно 3 години, и сега планирам повторно да се вратам во форма. Power Juicer-от исто така ми се допаѓа. Цитрусните овошја не обожавам да ги мерам во Нутри Булентот па ги правам сок, малку е покомплициран за чистење, ама пак е ок. Дормео имам користено јорган, перници и кебенца, како плишани розови, постелнини. Од сите сум презадоволна со оглед на тоа дека ме топлат ептен, а памукот на постелнината ми е незаменлив. Ортопедската перница не ми се погоди т.е. неможам никако да си го погодам спиењето, ама затоа Сиена перницата не ја менувам. Космодискот го користам за долниот дел од кичмата и ми помага со болките. Треба упорност во носењето секако. Исто релакс & тоне масажерот е супер. Порано купував и од тие појасите за слабеење ама не ги користев редовно за да дадам мислење како сум задоволна. Би сакала следно да го купам миксерот и шаркот правосмукалката.
Може, да. Ако во чашката ставиш повеќе вода, ќе биде по течно. Приближно до сок. Само зависи кое овошје. Цитрусните овошја не ми препорачала да се прават во Нутри Булит, остануваат големи парчиња од тоа белото и јас така неможам да ги пијам. Поубави се цедени. За др овошја нема никаков проблем.
Го имам, од специјалната понуда со попуст зашто од порано помислив да купам блендер или соковник. Меле доста побрзо и поситно од блендер, а дали сакате погусто или потечно регулирате со тоа колку вода ќе ставите. Нешто како моќен брз блендер, а за сок повеќе вода или може и да прецадувате.Го немам многу користено, ако Ве интересира нешто поконкретно прашајте.
Јас не сум баш нова на фемина, ама баш одамна не сум пишала, Слаткарка јас ги имам купено хеланките од топ цени по интернет и заедно иде и појасот, едвај влегов во нив ама мислам дека се ок, се уште немам неке мислење за нив. Инаку јас го имам Црвениот Нутри Булет по препорака од другарка ми која работи во Топ Шоп. Според неа црвениот исто може све да смелеЧ мраз, замрзнато овошје, јаткасти плодови. Јас дури си направив смути со цитрон и цитронот супер го смели. Ако сакаш да е потечен си додаваш вода или млеко. Јас си го сакам покремасто( густо). Може да се прави каша за бебиња, буквално се. Разликата со другите е во јачинатаи според другарка ми тоа е премногу јак дури моторот замирисува.
Ги има ли некоја чизмиве? ај нека сподели искуство дали се добри сакам да си ги нарачам. Ви благодарам однапред поздрав
Јааас ги имам хеланките. Ептен сум задоволна. И коа седам потат а да не зборам за кога вежбам..ко да сум се избањала Побргу и повеќе те потат. Одлични се
Дали некој има искуство со проточниот бојлер на Делимано?, сакам да го земам ама сакам да прочитам искуства пред да се одлучам
Абе треба и да вежбаш...јас вежбам три пати неделно и пред вежбање си пијам растителен чај од Хербалајф и тој ми дава дополнително енергија и дополнително и ме поти, така да за 3 месеци од прилика...килограмите си се исти, имам 58, ама намалувам сантиметри во обем... -5cm oколу стомак.
И двата се добри, Јас црвениот го имам и сум задоволна од него, самошто е поевтин ,не доага со додатоците (мене не ми ни требаа) и мислам дека на другиот моторот за нешто е појак од црвениот.
Производи одТОП ШОП? Мижи асан да ти баам...Можда има производи што се квалитетни,ама сепак тоа ретко е.
Кој пробал, знае. Денес секаде има и "добри" и "лоши" производи. Само што ние балканците не можеме да излеземе од стереотипите и да излеземе од рамките на предрасудите за различните погледи од нашите сопствени размислувања и согледувања некогаш изградени и без темели. Ама тоа се наши мислења нели и мора да се правилни, ама...не е секогаш така.