Здраво, дали може да продискутираме околу ова испитување. До која недела најдоцна се прави, дали е задолжително? Сега со коронава некако не ми се оди по болници, дали може искуства? Поздрав (ако е дупла тема преместете ја)
Јас го правев после спонтан абортус во 5 недела , да видам дали некоја инфекција била причинител на спонтаниот. Добри ми беа резултатите , после еден месец останав бремена. Еве сега сум 8 ми месец , не го имам правено испитувањето во бременоста , не ми спомнала матичната , сигурно нема потреба повторно.
Мене ми рекоа до 12та недела да се направи. Ама читам тука има и многу што не го прават, или го прават и покасно. Јас ќе го правам, и мене не ми се оди по болници, ама веќе кога ми рече докторот, ќе одам.