И јас треба да правам наредна недела имам упат за Клиничка биохемија,ќе бидам во 8ма гестациска недела
Важно е да не е igm позитив, што би означувало моментална инфекција. Ова граничен веровстно се однесува на количина на антитела во организмот … што ич не е битно освен ско не си била во некој контакт со болен последниве 20тина дена
Здраво дали некој може да ми каже дали се во ред резултатите? Посебно ме буни под реден бр.3 Рубела игм
Рубела е ретка со специфични симптоми на осип и сигурно не си ја имала а и сите имаме примено вакцина и сме имунизирани. Најверојатно е лажно покачена вредност можеби заради некој друг вирус што си го имала во скоро време. Кажи ни те молам што ќе каже докторот и дали ќе те насочи да повториш.
Здраво, ми рекоа да се повтори тестот, овојпат на Микробиологија во Државна Болница. Ве молам ако некој знае од колку до колку часот земаат крв на Микробиологија, бидејќи не сум од Скопје. Ви благодарам многу
Здраво женски,се надевам сте добро Многу сум загрижена бидејќи сум бремена 7ма недела а правев torch испитувања и испадна дека сум прележала цитомегало вирус и херпес симплекс а не сум знаела Би сакала мислење од вас дали би му наштетило ова на плодот,дали е лошо Утре секако ќе посетам гинеколог но сакам барем малку да се смирам до утре
Па резултатите не ги видов лично јас,ми кажа само сестрата кај гинекологот преку телефон дека имам преболено цитомегало вирус и херпес симплекс затоа и вака сум вознемирена бидејќи не ми објасни ништо поконкретно од то а за подетално ми рече ќе се консултирате со докторор па затоа утре дирек таму
Ако имаш прележано имаш антитела на вирусот и не е страшно. Детектира само дека во минатотот си го имала тој вирус. Не е убаво ако игм се позитивни, односно тоа значи дека во моментов си носител на вирусот. Не се плаши, опушти се. Стресот знае лошо да се одрази.
Бев денес igm се ми е негативно а igg само toxo е негативно другото сум го имала прележано,докторот ми понуди пренетален тест во Генеа за 3-4 недели да го направам па ќе видиме,се надевам дека се ќе е во најдобар ред