И мојот лани летоска пред да забременам искочи вака, никаков симптом, нити пак некогаш сум имала херпес. Јас се сомневам во точноста на резултатот на клиника го правев … не испитав одново потоа останав бремена си износев здраво право дете
Знам има и авицена останува да повторам да сум сигурна... Сакав да видам дали некој повторил и дали често им се лажно позитивни ама нема изгледа
Дали испитуваше преку крв? Оф, актуелна ми е темава последниве две недели, заради истиот резултат во бременост 8ма недела, elisa herpes 1+2 позитивни и Igg и Igm, сега сум 10та Матичната ми рече да направам авидитет на вирусот, тоа значело да се види колку антитела има. Ако има повеќе тоа значи дека е од пред бременост, ако е помалку дека е од бременост. Тоа и всушност ја загрижуваше и сметаше дека е важно, дали е во бременост стекнат или пред. Во ниедна лабораторија не испитуваат авидитет, барем јас не најдов. Да напоменам дека со вируси немам проблеми па можеби никогаш, а сега скоро сигурно не. Во систина кога прашував, бидејќи лаборантите не знаеа за што ги прашувам, ми дадоа докторка микробиолог телефонски и кога и раскажав за случајов, ми рече авидитет не се ни прави на херпес. Но, сметаше дека е важно д анаправам дали е 1 или 2, бидејќи 1 е "поблаг" вирус, а 2 е оној што секако избива со херпес. И тоа ми рече прво бајди кај го прават дали е 1 или 2, а потоа на тој што го имаш Igg и Igm. Јас колку што прашував, во авицена само прават дали е 1 или 2, а па во биотек го прават Igg1 и Igg2, а Igm заедничко. Лутајќи вака, стигнав и до една докторка микробиолог на клиника која ми кажа дека според неа, тоа нема посчедици за плодот и дека треба да бидам мирна, но единствено што може да ми напрви испитување е да направи пср тест од вагинални брисеви, за што матичната сметаше дека нема потреба, нема да и значи ништо ако е вагинално вирусот. И еве сега уште чекам да реши матичната што да направам бидејќи во мојата глава е хаос и паника. Ај баш сподели што ќе добиеш од твојот натичен
Правев пак во авицена негативни се резултатите. Значи овој во клиника е веројатно лажно позитивен Преку крв да.
До колку часот земаат крв за Торч? И до кога примаат брисеви на микробиологија? Матичната ми закажа преглед после 14h, па после тоа да одам да ги однесам и завршам работа таму, ама да не ми биде џабе патот? Не сум носела на државно до сега, па ако некоја била набрзо да ми каже како функционираат.
Здраво дечки, денеска ми стигнаа резултати за torch, ама матичната денес е прва смена а понеделник тек втора смена, а ме копкаат резултатите дали се ок Ви благодарам однапред